1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цитати од Библијата

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 26 јануари 2011.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    Светиот апостол Павле до Коринтјаните (2) 6; 1-18

    1. Бидејќи сме соработници Христови, ние ве молиме, да не ја примате напразно благодатта Божја.
    2. Зашто е речено: „Во благопријатно време те чув и во денот на спасението ти помогнав”. Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението!
    3. Никому никаков повод не даваме, за да не се напаѓа нашата служба,
    4. туку во сè се препорачуваме за служители Божји, со големо трпение, во неволи, во нужди, во тескоби,
    5. при рани, во темници, во скитања, во напори, во бденија, во пости,
    6. со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети, со нелицемерна љубов,
    7. со проповед на вистината, со сила Божја, со оружјето на правдата во десна и во лева рака,
    8. при чесност и бесчесност, при укори и пофалби; нè сметаат за измамници, а ние сме вистинити;
    9. за непознати, а добро сме познати; нè држат како да сме на умирање, а еве – живи сме; нè казнуваат, но не можат да нè умртват;
    10. нè нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нè сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сè имаме.
    11. Устата наша е отворена за вас, Коринтјани, и срцето наше се раширува.
    12. Вам не ви е тесно со нас, но тесно ви е во срцата ваши.
    13. За еднаква отплата ви зборувам како на чеда: бидете и вие широки.
    14. Не впрегнувајте се заедно со неверниците; зашто, какво општување постои меѓу правдата и беззаконието? Што воопшто има меѓу светлината и темнината?
    15. Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар? Или, што општо има меѓу верник и неверник?
    16. Каква сличност има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ”.
    17. Затоа излезете од нивната средина и одделете се! Вели Господ, и Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам!
    18. И јас ќе ви бидам Отец, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки”, вели Господ Седржителот.
     
    На Rama, Таа Сум и EvAngelos им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    ЗА БЕЗУМНИТЕ, ЗА МРЗЛИВИТЕ И ДРУГИ ИЗРЕКИ ИЗреки 26

    1Како снег лете или дожд во жетва, така не му прилега честа на безумниот.
    2Како врапчето кога ќе избега и ластовичката кога ќе одлета, така и проклетството, без причина, не се исполнува.
    3Камшик за коњот, узда за ослето, а прачка за плеќите на безумникот.
    4Не одговорувај му на безумниот, според неговата глупост, за да не станеш и самиот еднаков со него;
    5одговори му на безумниот според неговата глупост, за да не се направи сам себеси мудар.
    6Си ги пресечува нозете и пие горчило, кој испраќа порака по безумен.
    7Како што се трепетливите нозе на хромиот, таква е мудрата изрека во устата на безумниот.
    8Како оној што врзува скапоцен камен за прачка, таков е оној кој му искажува чест на безумникот.
    9Како што е трнливата гранка во рацете на пијаницата, таква е мудрата поука во устата на безумниот.
    10Стрелец кој ги ранува сите минувачи: таков е оној кој го главува безумниот.
    11Безумникот се враќа на својата глупост, како што кучето се враќа на својата блувотина.
    12Виде ли човек кој сам себе се прави мудар, знај, и од безумниот има повеќе надеж, отколку од него!
    13Ленивиот вели: „Ѕвер има на патот и лав има по улиците”.
    14Како што вратата се врти на своите стожери, така и мрзливиот на својата постела.
    15Мрзливиот ја натопува раката во чинијата, ама не може да ја принесе до устата.
    16Мрзливиот самиот се прави помудар од седуммина, кои одговараат умно.
    17Пес фаќа за уши кој при поминувањето, се замешува во препирка, што не го засега него.
    18Како безумниот кој фрла гламни, стрели и сее смрт,
    19таков е човекот кој го измамува својот ближен и вели: „Само се шегував”.
    20Кога ќе ги снема дрвата, огнот гасне, и каде веќе нема клеветник, препирките стивнуваат.
    21Јагленот е за жар и дрвата за оган, а препирачот, за да распалува препирка.
    22Клеветниковите зборови се како слатки залаци, се спуштаат до дното на утробата.
    23Ласкави усни со нечесно срце, се како сребрена глеѓ на глинен сад.
    24Мразачот дволичи со своите усни, а во себе носи измама;
    25не му верувај кога зборува со љубезен глас, зашто има седум мерзости во срцето;
    26иако со дволичност ја прикрива омразата, неговата нечесност ќе биде откриена на собранието.
    27Кој копа јама, сам паѓа во неа, и кој тркала камен, врз него ќе се навали.
    28Лажливиот јазик ги мрази своите жртви, ласкавата уста приготвува пропаст.
     
    На Meckicja, Rama, Таа Сум и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    “Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела? Го посакувате тоа што го немате и ќе направите се за да го добиете. Подготвени сте дури и да убиете! Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не добивате, бидејќи не го барате од Бог. А и кога барате – не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.” (Јаков 4:1-3)
     
    На hermosa, Meckicja, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    prints.jpg

    ***
    prints - Copy.jpg
     
    На hermosa, Meckicja, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Одличен цитат. Само пази да не те дознае попот дека цитираш од протестантски изданија на Светото Писмо :)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    Фала на забелешка, нема да се повторат такви грешки. :)
     
    На LegallyBlonde13 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Е така, строго од МПЦ преведот ќе постираш пошто тој е „светиот превод“, свет бидејќи е правен од дедо Гаврил кој имал филозофски факултет (отсек германистика и славистика) без познавање на грчки, ниту хебрејски јазик :) И што е интересно, овој превод е правен скоро 30 години :) додека во другите земји обично преводот се прави максимум 1 година. Ама кога некој дебело ги плаќал за преведување, и те како ќе ја влечкаат работата 30 години :D
     
  8. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    1.464
    Пол:
    Женски
    "Само стеблото кога ќе се исече повторно се разлистува"
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Извини, но има многу стебла исечени што никогаш не разлистиле.
    Можеби јас не разбирам:?:
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Секако цитатот што ги ставил не е од Библијата. Затоа и нема референца.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    1.464
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @Chokoholic25

    "Цитатот не е од Библијата"
    - Албер Ајнштајн
     
    На +++, Lella и crimson им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јов 14:7

    За дрвото сепак има надеж, дека тоа, макар и да биде пресечено, пак ќе оживее, фиданки од него непрестајно избиваат
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    _20171227_090833.jpg
     
    На hermosa, Таа Сум и Rama им се допаѓа ова.
  15. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Го има цитатот (За дрвото сепак има надеж, дека тоа, макар и да биде пресечено, пак ќе оживее, фиданки од него непрестајно избиваат, Книга Јов, 14 : 7). Не го прикажале на приказната истиот, но ти како познавач на Библијата, како што велиш дека си, би требало да го препознаеше дека сепак го има.
     
    На Rama, Bitter-Sweet и Meckicja им се допаѓа ова.
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    „Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш.
    2. Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалеку ги разбираш мислите мои.
    3. Патеката моја и јажето мое - Ти си ги испитал; сите патишта мои си ги предвидел.
    4. Уште зборовите не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веќе ги знаеш;
    5. Се` што било и се` што ќе биде. Зошто Ти си ме создал и си ја положил раката Своја врз мене.
    14. Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се твоите дела; душата моја тоа добро го сознава.
    15. Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, што си ја создал тајно, и природата моја во длабините на земјата.“

    Псалми 138
     
    На Rama, Capricorn96 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    Псалми (1; 1-6)
    Блажен е оној човек, што не оди на светот безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на разврарници;
    па му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноќе се поучува;
    тој е како дрво посадено крај воден извор, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не вене; и во сѐ што прави, напредува.
    Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го растура ветар по земјата.
    Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците - во соборот на праведниците.
    Зашто Господ го знае патот на праведниците; патот, пак, безбожнички, води во погибел.
     
    На vanna, hermosa, Таа Сум и 5 други им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Лука 5:30-31; 15:2
    А фарисеите и нивните книжници им негодуваа на Исусовите ученици, велејќи:” Зошто јадете и пиете со цариниците и грешниците?”
    Исус одговори и им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните...
    Сите цариници и грешници се приближуваа при Него, за да Го слушаат.
    А фарисеите и книжниците пак негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.”
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    “I loved you at your darkest.”
    — Romans 5:8
     
    На hermosa и EvAngelos им се допаѓа ова.
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.