Благодарам на поздрават, многу ми значи Двапати го прочитав цитатот, многу убаво е напишано. Др. Мирољуб Петрович, има предавање за Библијата и Православието, јас редовно го гледам. Тој учел хебрејски јазик за да ја прочита Библијата. Еве една негова емисија при посета на Израел. Во емисијата цитира цитати од Библијата и покажува каде се наоѓа пештерата на Давид во кој живеел откога се криел од Саул, Мртвото Море во чија близина се наоѓале 5 градови кои Господ уништил вклучувајќи ја и Содома И Гомора, ја покажува реката Јордан, Давидов град и сл. Емисијата е релативно подолга, ама вреди да се погледне. Мислам дека ќе ти се допадне.
Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; Свето Евангелие според Матеј 11, 28.
Ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото вечно. 2 Коринт.4;18
Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот,” вели Господ Кој ти се смилува. (Исаија 54, 10.)
Штo oкo не виде, увo не чу, ниту нa чoвекa нa ум не му пaднa, тoa Бoг гo пригoтвил зa oние штo гo сaкaaт. Исaијa 64.4
Овој стих се наоѓа во 1.Послание до Коринтјаните глава 2. 9стих. Во Исаија е малце поразлично напишан. Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе. ( Исаија 49, 15) И така, внимавајте грижливо како живеете! Не како немудри, туку како мудри; искупувајте го времето, зашто дните се зли! Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја! И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот! Зборувајте си еден на другиот со псалми, и химни, и со духовни песни! Пејте му на Господа и воспевајте Го во вашите срца! (Послание до Ефесјаните 5. 15-19) А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта. - Послание до Галатјаните 5. 22,23 А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња, зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани,жестоки, непријатели на доброто, предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се, и од нив! - 2.Тимотеј 3: 1-5 Има злато и многу скапоцени камења, но разумната уста е поскапоцена од се'. - Книга Соломонови Изреки 20: 15. Не брзај со јазикот свој, и срцето твое да не брза да изговара зборови пред Господа; зашто Бог е на небото, а ти на земјата; затоа зборовите твои да не бидат многу. - Книга Проповедник 5: 1 Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта. ( Книга Соломонови Изреки 14: 12) „Неможното за луѓето е можно за Бога.” - (Евангелие според апостол Лука 18: 27.) „Не грижете се секој само за себе, туку и за другите! Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос, Кој, иако беше во Божји лик, не сметаше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек; Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст. Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име, та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно, и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Отецот.“ Послание до Филипјаните 2: 4-11
А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот испитува сe, па дури и длабините Божји. Бидејќи, кој човек знае, што има во човекот, освен човечкиот дух, кој живее во него? Па така, и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух. 1.Коринтјаните 2: 10,11
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да поместувам -ако љубов немам, ништо не сум. Aпостол Павле до Коринтјаните
А сега идам при Тебе, и ова му го кажувам на светот, за да ја имаат во себе Мојата радост полна. Јас им го предадов Твоето слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. Тие не се во светот, како и Јас што не сум од него. Освети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина. Евангелие според апостол Јован: 17: 13 - 17 (дел од Исусовата молитва)
Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе, која не' воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век, очекувајќи ја блажената надеж и славното јавување на нашиот Семоќен Бог и Спасител. Послание до Тит 2: 11-13
6. И Јуда го ожени првородениот син свој Ир со девојката по име Тамара. 7. Но Ир, првенецот Јудин, беше лош пред Господа, и Бог го погуби. 8. Тогаш Јуда му рече на Онана: „Влези при вдовицата од братот твој, и ожени се со неа, за да го запазиш потомството на братот твој.” 9. А Онан, знаејќи дека породот нема да биде негов, кога влегуваше при жената на братот свој, го истураше семето наземи, за да не му даде потомство на братот свој. 10. Но тоа што го правеше, беше зло пред очите на Бога, па затоа и него го погуби. Битие: 38
„Зашто Божјиот гнев се открива од небото на секоја безбожност и неправда на луѓето, кои со неправдата ја задржуваат вистината; зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа. Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. Па така немаат изговор. Зашто, иако Го познаа Бога, не Го прославија како Бог, ниту покажаа благодарност; туку станаа суетни во своите мисли и нивното неразумно срце се помрачи. Зборувајќи дека се мудри, станаа безумни“ (Римјаните 1:18-22, Библијата)