Убав е и стариот завет(Особено Псалмите, Изреките итн) тој го навестува доагањето на Горспод Исус Христос, додека Новиот завет е неговото живеење на земјата страданијата и воскресението, како и делата на апостолите и нивните посланија. не е за отфрлање бидејки еден со друг се надополнуваат.
Не ги заборавај Крстоносните Војни како дел од поновата историја.... Водени во име на христијанството.... Иако ниедна религија не повикува на зло, сепак се прави....
Сите тие војни на некој начин имаат многу подлабоко значење ... борба меѓу Бог и сатаната. Ако се задлабочиш ќе видиш на колку места Божјиот народ бил секогаш победник кога извршувал тоа што Бог директно им го кажувал на водачите на Божјиот народ во тоа време. Постојат чуда кои само Бог можел да ги направи. Подоцна во Новиот Завет со самото воскресение на Христос , сатаната е потполно поразен. Се што ние денес треба да направиме е да го прифатиме Христа и да веруваме во него. Да го земеме примерот на неговиот живот и колку стои до нас да живееме како што живеел тој т.е да се однесуваме така.
@DAngel Поправи ме ако грешам, ама не е во ред да дојдеш во тема која што е отворена за верници и да се потсмеваш на истите. Разбирам јас дека не си верник и дека Библијата е глупост за тебе и полна со небулози ама сепак, diversity е тоа кон кое се стремиме во 21ви век. Си има теми чија што намена е вашето секојдневно препукување околу тоа дали верниците се будали (да, баш тоа пробувате да го докажете) ама оваа тема оставете ја на тие што веруваат, без разлика како тоа ти изгледа на тебе.
Сум верник. Никогаш не сум негирала дека сум. Зошто претпоставуваш дека не сум? Ставив цитати, не се потсмевав никому. Темата и е за цитати. Не ги извадив од ракав, не ги измислив. Твоето мислење е единствено тука кое е офтопик и кое навредува некого. Баш фино дискутиравме. Очигледно барав одговори за работи кои баш убаво ги добив. Ни една страна не ја навреди другата.
1.Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустината за да биде искушуван од ѓаволот. 2. И како постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне. 3. А кога се приближи до Него, искушувачот Му рече: „Ако си Син Божји, кажи овие камења да станат лебови.” 4. А Он му одговори и рече: „Напишано е – »Не само од леб ќе живее човекот, а од секој збор што излегува од устата на Бога.«“ (Матеј; 4; 1-4) Цитат кој ни кажува нешто за постот, само ако го сфатиме.
2. По ова познавајте Го Божјиот Дух, и духот на лагата: секој дух, што признава дека Исус Христос дошол во плот, од Бога е. 3. А секој дух, што не признава дека во плот дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте слушале дека иде, па и сега е веќе во светот. 4. Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот. 5. Тие се од светот, затоа и по светски зборуваат, а светот ги слуша. (Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов, 4/2-5)
Лука 15 1 Сите цариници и грешници се приближуваа при Него, за да Го слушаат. 2 А фарисеите и книжниците пак негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.” 3 Тогаш им ја кажа оваа парабола: 4 ”Кој од вас, ако има сто овци, и загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе отиде по загубената, додека не ја најде. 5 А кога ќе ја најде, ќе ја крене, радувајќи се, на своите рамена 6 и кога ќе дојде дома ќе ги повика пријателите и соседите и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов својата изгубена овца!’ 7 Ви велам: така ќе биде на небото, поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, кои немаат потреба од каење.”
Mislam spored SKRIENATA ISTORIJA na EVOLUCIJATA:Mozebi imeto ONOJ(sto go spomnuva Isus)bil:GOSPOD ,sto (bile VOZEMJANITE OD MARS ,sto gi stvorilE: ZENATA majmun i MAZOT majmun),samo za da se razmnozuvaa covekot ODPOSLE..Mozebi Isus im go rekol toa na fariseite KAKO STO GO KAZUVAM I JAS toa,no u biblikava taa ISTORISKA INFORMACIJA e pola kazana pola NE E...jas znam deka vo biblikava ima POLA ISKAZANI VISTINI a pola skrieni vistini ZA NASATA COVECKA EVOLUCIJA
Матеј 24 3 Кога седеше пак на Маслиновата Гора, Неговите ученици дојдоа при Него насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?” 4 Исус одговори и им рече: „Гледајте да не ве заблуди некој; 5 зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „Јас Сум Христос,” и ќе заблудат мнозина. 6 А ќе чуете за војни и гласови за војни. Пазете да не се уплашите; зашто тоа треба да се случи, но уште не е крај. 7 Зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство; и ќе има глад, и помор, и земјотреси на разни места. 8 Но сè тоа е само почеток на страдањата.
Двата цитати ги спојуваш во погрешно разбирање. Првиот е од стариот завет и се однесува за почеток на здобивање мудрост (што значи дека немаат дух), додека вториот од новиот завет за веќе добиен дух и каков е тој. Залудно е да постираш цитати за да оцрниш, кога истите не ги разбираш
Дали христијанството е учење кое има скриени пораки што не се за сите? Дали само одредени христијани ги разбираат новиот и стариот завет? Дали обичниот верник е неук во врска со нив и мора да прифаќа објаснувања од луѓе како тебе?
Првите две прашања да. Третото не, треба да почне со првиот цитат и молитви. Сигурно си го пропуштил цитатот кога Исус вика дека на едни им се зборува во параболи, а на други отворено. Дали во вашата религија имаат исто третирање не иницирани и иницирани?
Ако одговорот на првите два е да, тогаш на третото не може да биде не, тоа е апсурд. Ако тврдиш дека одговорот на првите две е да, тогаш тврдиш дека христијанството е окултна религија. Зборот окултно потекнува од латинскиот збор occultus што значи скриено. Доколку тоа е случај, како што е кај нас, тогаш е потребна иницијација - вовед во тајните што се скриени, ,,клуч" со кој се открива значењето на параболите и алегориите. Без тој клуч, без иницијација, секој ќе ги толкува тие симболики како ќе стигне, а тоа неминовно води кон хаос, делби, недоразбирања и создавање секти.
Марко 4 Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на оние, надворешните, сè ќе им се кажува во параболи, Да,бидејќи одговорот веќе го имаш во првото прашање. Не, бидејќи прашањето е директно .Не, не мора да прифаќа објаснувања од мене.Кажав , доволно е да почне со првиот цитат ...стравот од Господа е почеток на мудроста ,јас додадов и молитви. Што е тука апсурдно? Твојот обид да ја преставиш Библијата како контрадикторна, не ти успеа. Немој да толкуваш , влегуваш во хаос.Подобро помоли му се на Синот Божји, Тој ќе ти ги одговори.