1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црвена боја

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Barbie-mwa, 20 декември 2010.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Позната како боја на моќта и страста, црвената боја ги возбудува мажите, а жените што ја носат ги прави незаборавни. Новите испитувања потврдуваат дека жените што се облекуваат во црвено се најпосакувани од страна на мажите.


    Не можам да ги сватам луѓево. Налакирај се со црвен лак - к*рвински. Облечи нешто црвено - к*рвинско. Стави црвен кармин - к*рвински. Аман!!! Како тоа црвената боја да ја сметаат за к*рвинска? Кога тоа се случи? Каде го пишува тоа? А облечеш нешто црвено, добиваш некои чудни погледи од околината. Црвената боја претсатвува боја на заводливост, страст, љубов... А не на неморалност. Денес си неморална девојка ако сакаш црвено на тебе да имаш, а тоа што младиве девојки се шетаат со минич до под г'з од кој зирка тангата, деколте до папук, шминка од ПИНК телевизија, со цигарот во една, а пивото во друга рака ОК треба да биде? Од каде дојде овој глупав стереотип? Или само се работи за неиформираност?

    Јас си ја сакам црвената боја, и ми е многу мила боја, но кога ќе облечам нешто црвено сите ме гледаат вака :geek: |(

    Што мислите вие за црвената боја, дали некогаш би облекле црвено фустанче, или би ставиле црвен кармин? :)
     
    На Eli23, BlondeGirl8, Saraa и 4 други им се допаѓа ова.
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Морам да признаам немам многу црвени работи во плакарот.......една до две :) . Не се чувствувам пријатно во изразени бои, повеќе ги сакам темните и пастелните :) ....ама затоа црвено лакче и црвено карминче многу си сакам, исто и ташнички и чизми (многу сакам да си купам црвени шушкави :) )
    А ти Барби, ако ја сакаш црвената боја, слободно носи ја, сепак најубаво изгледаме во тоа што се чувствуваме најпријатно и што го носиме со мерак ;)
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Не ја сакам црвената боја, но не заради тоа што сметам дека е к*рвинска. :^)
    Далеку било, не се водам од такви идиотски стереотипи, јас повеќе преферирам црно - нели морбидно, гробарско ;)

    Ако погледнеш , зад секоја боја си има таков стереотип - за овие две веќе споменавме,
    Сваки муто - носи жуто :D
    Ако си во зелено - си ќерка на шумарот или жабокречна итн, итн.

    Глупости, тогаш ајде голи да шетаме.
    Ич да не ти е гајле што зборуваат луѓето, и онака никогаш не можеш да им угодиш.
    Ако тебе ти е удобно и сметаш дека ти стои, носи си црвено.

    Јас имам неколку комплети црвен долен веш и едно црвено мантилче, го обожувам :)
    И ноктињата скоро секогаш ми се со црвено лакче.
    Сакам и црвен кармин, како оди со убаво нанесен туш само :makeup:
    За инат :P
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.561
    Пол:
    Женски
    Црвената боја многу ја сакам. Имам и црн тен, па можам да се пофалам дека добро ми стои. Никогаш не се водам од тоа дали луѓето ќе речат нешто.
    Многу често ставам црвен лак и црвен кармин.
    Сакам и да си сошијам црвено фустанче, но уште не му дошол редот. :)
    Ако на некој му смета нека не носи, ти уживај си. ;)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Не јас сакам ич. Ку*винска ми е. :lol:
    Шала на страна, си обичам црно. Најубаво се осеќам. Си сакам темни бои.
    А ова со ку*винското ваљда пошто црвената е предизвикувачка боја, ку*вите најмногу ја носат за да привлечат муштерии и оттаму сега црвената е боја на ку*вите.
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Црвената боја не ми е омилена во градеробата. Немам апсолутно ништо црвено!
    Еве сега прв пат ќе шијам црвено фустанче за Н.Година, колку да видам како ми стои, а прашање е дали ќе го носам!

    Еве што имам јас црвено:
    црвен кармин секако, иако не го користам многу често.
    [​IMG]



    црвен лак за нокти, во повеќе нијанси на црвено:
    [​IMG]


    Пар црвени чевли:
    [​IMG]

    црвена чанта,
    за да одговара со чевлите:
    [​IMG]

    и секако нешто од црвен накит...
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]


    и последно нешто што го имам во црвена боја е беретка и шалче
    [​IMG] [​IMG]
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа црвената боја пред се зашто убаво ми стои :) Ниту јас немам многу работи во црвена боја , но имам еден џемпер и црвена блуза и кога и да ги облечам ми кажуваат другите што убаво ти седи црвената боја. Не сметам дека е ку*вински да ставиш црвен лак за нокти и црвен кармин :!:
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    незнам зоШто, но црвената боја ме потсека на крв а од тоа ми се згрозува :puke:

    имам неколку парталциња црвени, ама ретко ги носам :lol:

    а понекогаШ ме прифакаат бубацките за црвен кармин, ама неееее.... некако ми е срам , оти секогаШ секаде ме гледаат :geek: па уШте црвен кармин или неШто црвено ми фали :lol:

    а неШто Што поцето го носам е капутцето ама е со црвено и црно-комбинација, и повеке сакам црно, и повеке носам црно особено за навецер, а носам највеке и светли бои, а сината и зелената ми се омилени :rofl:
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не ја врзувам со нешто вулгарно,ниту ја мразам,но не ја носам.Имам само едно црвено,кашмир џемперче што си го носам со посебно задоволство,а и ноктите на нозете често ми се црвени,на рацете поретко.
    Црвен кармин никогаш не сум носела,а убаво ми стои црвен,згасит и сметам дека на некои личности колку сака нека е погодена нијасната на тенот,не им стои и точка.Особено на издолжени,покоњасти фаци.Имам видено повеќе девојки така и ... бљак.Привлекува внимание и не ја потенцира само устата,туку воошто цел долен дел од лицето,така да...
    Убава ми е за празнична атмосфера!До душа убава си е бојата и онака,ама си го немаме многу-многу.
     
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Немам ништо против црвената боја, ама кога ја носат други.

    Немам ништо црвено во мојот плакар, единствено некогаш се лакирам со црвен лак и ставам црвен кармин.


    А чудно ми е што луѓето ги асоцира на курвинско и црвената боја и тигрестите дезени- мене, не!
     
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    мразам црвена боја, ниту сум носела ниту ке носам... инаку ми изгледа ок, ако некој друг носи, но на себе не можам да ја замислам..
    и не ми изгледа к*урвинска воопшто..
     
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    И мене исто, воошто не ми се вулгарни баш напротив..ако знаеш како да ги носиш знаат доста секси да бидат :) Само да се се премине границата меѓу секси и вулгарно..

    Па да, ја носам црвената боја.Имам црвени парчиња во гардероберот, не претерано ама ја носам :) И ноктите често ги лакирам црвено, а исто и црвен кармин знам да ставам :) А преубаво стои црвен крмин и црн туш како што претходно спомнавте.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Напротив од тоа дека е курвинска боја и сл.
    Црвената боја е сензуална, огнена и не може секој да ја носи.
    За да бидеш облечен во црвено и да блескаш треба да имаш шарм, да знаеш како да ја носиш таа боја.
    Отсекогаш кога ќе видам нешто црвено ми асоцира на флерт :^)
    Јас лично сакам црвена боја и ми стои на тенот. Имам црвени штикли кои со заводолство ги носам, црвено палто во кое секогаш се одвојувам од другите, 2 црвени фустанчиња, а за накит да не зборам.
    Долната облека исто
    Многу ми е женствено кога ќе видам црвен лак на нокти,тоа е најубавата боја за маникир
    Единствено што не сакам е црвен кармин (неможам да објаснам зашто)
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ja сакам црвената боја. Немам којзнае колку парчња облека црвени, ама тие што се со задоволство ги носам :) Сакам црвен кармин, ноктите цела зима ми се во некоја црвена нијанса, сакам да ја гледам црвената боја. Дека не стои на секој, точно, ама мене во никој случај не ми текнало дека е оваа носи црвено, ап к*рва е. Нема врска. аkо ми стои, ми стои, и плус секако не може да имаш црвен кармин на огромни шлапатки усни и тренерка. Тоа е друго. Црвено си е црвено. И да бе, порано кога ставале само црвило на уста, сите биле к***и, баба ми ми кажува на средсело момите кога ќе излагале, за Велигден и селската слава, штеделе за да си купат црвило, ако не се мачеле со домашни производи :lol: . Црвената боја отсекогаш значела страст и љубов :P :)
     
  15. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    И моето мислење е дека црвената е прекрасна боја.Женствена пред се. :!: А навистина ме нервираат девојките кои што велат дека црвената боја е к**винска. |( Ве молам не значи дека ако девојката носи црвено е к**ва.Ццц и тоа само од љубомора и завист.
    Обожавам црвен лак и црвен кармин(обично го носам на излегување).
    Денеска носев црвена блуза на училиште со црвен шал и капа и црвен лак. :wasntme:
     
    На rak4estip му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Ах ме погоди со бојава, обожавам црвено! Кога велгувам во продвница прво се фаќам за црвени парчиња гардероба и си викам сама на себе прибери се не ти треба уште една црвена маичка, ташна, чевли итн итн.Ми се чини дека и маж ми го ќарив на едни црвени чизми :lol: за нив сама си признавам и девојките од Пигал можеа да ми подзавидат! Шала на страна бојава е провокативна но и женствена и убава и јас со задоволство ја носам, па дури и во последниве 15 години сум црвена во косата. Што се однесува на кармини и лакови не сум толку смела кармин ретко користам а лак на нокти најблиску до црвена ми е бордо што сум нанела на нокти.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Оооооо за создавачот на темата :clap:
    Црвена е бојата во која најмногу се пронаоѓам, дури и фонтот со кој пишувам на мсн ми е во црвена боја :D
    Црвена за мене не е само боја, тоа е стил.
    Обожавам се‘ што е црвено и кога треба да избирам нешто, секогаш го одбирам она што е црвено.
    Имам многу црвени парчиња облека, каиши, накит, шалчиња, имам црвени чизмички, сандали и чанта соодветна на нив, црвени старки...
    [​IMG]
    ...и уживам да ги носам. Кога сум во црвено се осеќам како дома и тогаш сум најсигурна во себе.
    Многу често ноктите ми се црвени (особено во последно време, ако не се црвени тогаш се црни, трето нема), а си знам некогаш и црвено карминче :makeup: да ставам.
    Црвената ми е заштитен знак и кога подобро ќе размислам, секогаш кога правам нешто што е од големо значење во мојот живот, носам нешто црвено (полуматурата,уписот во средно, матурата, дури и полагањата матура, уписот на факултет...).
    Црвената е боја на страста :* , на флертот :wasntme: , на храброста :muscle: ... но и боја на топлината :l: и љубовта :inlove: (не за џабе во сите романтични исклиширани приказни се вклучени црвено вино, црвени рози и Чери бонбони [​IMG]).
    А кој ја смета за ку*винска - да даде Господ таква етикета да носи ]:) :D
     
    На faye, crazylady, Isidora-Veles и 4 други им се допаѓа ова.
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Црвената боја е дречлива, впечатлива, воочлива боја, веднаш ја приметуваш.
    Кај мажи е педерска, кај жени е курвинска :rofl:

    Не може да не забележиш девојка цела во црвено облечена, одма ти го привлекува вниманието.
    Црвената е боја е секси боја.
    Најсекси е црвена долна облека.
    Најсекси е црвен лак.
    Најсекси е црвен кармин.
    Ама ако се искомбинира се заедно од многу секси работи доаѓа еден заклучок ... курвински изглед.
    Иако на луѓето по облеката не треба да им се лепат етикети, ама надворешниот изглед е оној што прво го гледаш и по кој донесуваш прво мислење за личноста.
    Нормално ако ми искочи цура со црвен кармин, црвени нокти, црн минич, црвена деколтирана блуза, црвени чевли ќе речам добро оваа пред МТВ нели треба да е? :lol:

    Ама многу сакам црвени додатоци, цела девојка облечена во црно само црвен акцесорис.

    Јас малку црвени работи џемпери, летни блузи, црвен лак некад носам, црвен кармин не ставам ама сакам, али не се чуствувам убаво некако кога ставив еднаш го избришав :lol:

    Многу е битно како ја носиш и како ја комбинираш црвената боја.
    Може да изгледа привлечно, а може и вулгарно. Мала е границата.

    П.С. Дедо Мраз е педер, Баба Мразица е курва! :rofl:
     
    На feminium и FBI им се допаѓа ова.
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не ми е нешто особено омилена, но имам едни преубави штикли и ми се многу удобни, ги носам само во комбаниција со црвена ташна и црни панталони или фустан. Сум носела и црвен кармин и убаво ми стои. Значи, немам ништо против, ама црвен фустан, црвени чизми или па во претерао црвено ни на сон не би се облекла.
     

    Прикачени фајлови:

    • 47043.jpg
      47043.jpg
      Големина на фајлот:
      12,1 KB
      Прегледи:
      439
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Ја сакам црвената боја за кармин, за освежување на ентериер, за некој моден детаљ. Парче гардероба... чекај да размислам... :shake: немам изгледа. Но немам ништо против добар црвен фустан, само доколку е правилно избран. Тенка е границата меѓу елегантно класа црвено и она другото што предизвикува :). Многу лошо ми изгледаат црвени фустани кои вриштат на евтино.
    Пример за човек што знае да носи црвено и навистина прекрасно и прилега:
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    А искрено, не би имала ништо против еден Валентино црвен фустан (во некој друг живот можеби). Црвената секогаш ме асоцира на креациите на маестрото :)
    [​IMG] [​IMG]
     
    На crazylady, Hipica и rossonerka им се допаѓа ова.