Иако немам многу црвена облека, пак ми е омилена боја и верувам дека има нијанси за сечиј вкус. Дречаво црвено што е еднакво на кич не прифаќам, ама нежна црвена или бордо ми е баш по вкус. Црвена кошулка со кремасто џемперче со V израз - ја обожавам таа комбинација. Црвени кармини користам секој ден, само нијансата ја менувам во зависност од пригодата, а имам желба да си се почастам со бордо ташна, а за наредна зима со бордо капут.
Јас редовно ставам црвен кармин и црвен лак. Имам црвени панталони и црвена маичка со црни линии. Уште фустан ми фали Си ја сакам црвената боја. И косата црвена ја фарбам.
Не ја сакам црвената боја воопшто не ми ни прилига нит стои. Нијансите како значително потемно црвено ми е по лично и елегантно. Многу ми е клише кога ќе видам дека секоја втора дама а посебно девојчињата комбинираат секогаш црвен маникир, кармин, плик и штикла секое вечерно излегување неможе ова да се пропушти во нивниот оутфит, и така сите се "црвени" . Црвената боја прилега на оној тен што прилега и обожавам да гледам дами како носат долги хаљини во црвена боја, интересно и нежно. Но јас лично не би и досега не сум запреметила ништо од црвена боја во мојот плакар и општо по дома.
Ја обожавам! И облека, и лакови и кармини... од се по нешто имам во неколку нијанси. И пред да добиете впечаток дека сум Lady in red, да си кажам дека умерено ја комбинирам
Многу сакам црвена боја.Иако немам многу парчиња во таа боја,ама ќе си го зголемам тој број и многумина ми рекле дека убаво ми стои.
Црвената облека, поточно црвените фустани мислам дека се многу привлечни..Нема маж кој не би "паднал" на тоа..За црвениот кармин па да не зборуваме, ама само доколку го носи некоја што и стои убаво, а не некоја патриотка (црвен кармин и жолти заби )..
Јас сум Lady in red Многу сакам црвена боја, врв ми беа едни црвени чизми. Сега не би ги носела ама тогаш, младост-лудост