Јас обожавам црвена боја и имам црвени парчиња облека и редовно ставам црвен лак и кармин црвено џиш или бордо. <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/0NheIjnBQL0?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/0NheIjnBQL0?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>
Кај ме погодивте со бојава!!!!Ја обожавам.Порано носев повеќе бела, ама сега црвената ми е хит!!!!!!Имам секакви парчиња со црвена боја и да ви кажам ептен ми е мерак кога ги носам.Од панталони,кошули, ташна и 3 пара кондури црвени.Само треба убаво да се искомбинираат за да не бидеш како баба мразица.А пак за црвен лак и кармин да не ви кажувам колку ги сакам.
Некои ја носта, други пак не...се’ е до вкусот... Си носам црвено, имам црвен блузон, црвен шал и ракавици, имам сески црвена долна облека, црвено кушулче... Користам и црвен кармин и црвено лакче на нозете... Црвената боја за мене значи смелост и секси изглед а не нешто вулгарно! Можеби некогаш, поодамна само курвите имале храброст да се појават во црвено, но сега веќе сметам дека никој нормален не би ја поврзал црвената боја со к*рварлк! Дури и се соменавам дека некој сеуште ја смета црвената боја за к*рвинска, но...можеби не сум имала прилика да се запознаам со некој таков !
Црвена боја како боја си сакам, нели таква боја имаме и на знамето. Бојата на бојата ја носиме и во нас, ни тече во нас ете една мала реплика на тие што црвената боја им е ку*винска, јас си кажав погоре на што ме асоцира, далеку на тоа второто. Ноктите си ги лакирам во црвена боја многу ми се секси така налакирани имам 3 нијанси една многу светла црвена ,една потемна и една бордо. Имам и едно капче црвено исто е како капчето на Енрике во спотот за Хиро само моево е женско Облека во црвено немам многу иако убаво ми стои бидејќи имам темен тен. Црвените усни и те како го привлекуваат машкиот поглед . Црвената боја е магнет бе .
Кога ја видов темава помислив дека Хипи ја отворила Еве во моментов црвено лакче имам на ноктите, што значи дека не сум против црвената боја Имам и црвен кармин, марама црвена, ролка, хеланки и едни балетанки со ташничката црвена комплет. Ако се знае што и како да се комбинира без претерување секогаш е ОК . Црно-црвена комбинација ми е полн погодок
Мене многу ми се допаѓа црвената боја. Имам скоро се во црвена боја, уште штикли ми фалат (а многу сакам да си купам), инаку обожавам црвен кармин и црвени нокти (но кратки инаку ми изледаат ...)
порано носев црвена боја имам фармерки и палто ама веќе не ги облекувам имам дукс и тренерки во таа боја и толку не ми е баш омилена ама лакови имам во сите нијанси на црвено и ги користам може понекогаш и црвен кармин
Обожавам да носам црвена боја и нијанси на црвена како што се бордо и такви некои потемни. Посебно убаво изгледа кога ќе се искомбинира со нешто црно.....ааааааааааааах
Црвената боја е бојата на љубовта , страста , моќта.Од феминкиве дознав дека црвен паричник носи повеќе пари па си земав еден голем , црвената боја не ми е баш омилена но имам неколку маички и две-три марами. Инаку во зимскиов период заведував со црвен кармин .Оваа боја ми го прави телото покрупно (бидјеќи сум слаба) . (еве црвенко знакче да ми одговара со темава)
сакам на мене да носам црвено но тоа не значи да блескам цела во црвенило туку на пр. црвен капут со бело капче шалче и нараквички прекрасно стои.... цвен кармин за излегување.... може да искомбинирам и цвени штикли со некој друг мал црвен детал...... А не обожавам да носам црвени фустани,блузи,ташни...и некој такви работи не .... Спојлер
Најчесто се облеквам во црвено..и ставам црвен кармин..па никој досега ми нема никаков лош збор речено..сите велат дека убаво стои и сл..црвената боја е најуба
првпат слушам дека црвениот паричник носел повеќе пари ..но ќе пробам да не ми биде мисла црвената боја за мене претставува пред се женствцена боја , боја која мажите ја сакаат , не гледам зошто се нарекува к**винска..се разбира не ставам за секаде нешто црвено на мене ..обично кога одам на свадба ставам црвен кармин и кога одам на роденден кај некоја поблиска другарка .. имам неколку црвени блузи и 2 туники кои ги комбинирам за преку ден кога излегувам на кафе ..еве некои работи што ми се убави и ако ги видам негде на некој попуст , неверувам дека ќе пропуштам
Јас ја сакам црвената боја, не мислам дека е к**винска баш напротив црвената боја симболизира љубов, имам неколку парчиња во црвена боја но ретко ги носам, е сега моментално сакам црвено фустанче сакав и за Нова година ама никаде не најдов низ Битола, а несакав да шијам.
и ова не бев го прочитала , имав црвен паричник бидејќи не ми одговараше си купив црн, значи да го вратам повторно во употреба Имам и ваков капут поклон ми е од тетка ми, го добив за нова година но сеуште не сум го облекла
Црвена, црвена, бооооја ми е најмила! Ееее - ооо! Ајде и овде да вмешаме малку патриотизам. Се зезам! Епа црвена - не ми е омилена боја ама ја сакам! И има разлика од црвена до црвена. Најубава ми е бордо црвената боја која се приближува веќе накај кафеавата или пак онаа убава, силна, црвена нијанса која јас најмногу ја сакам на моите нокти на рацете и нозете, евентуално како кармин. Со црвената боја може многу да се направи. Ако носите црн коктел фустан, со темни црни хулахопки, и темни црни чевли, на пример - црвените детали знаат да ви ја разбијат монотонијата и да привлечат внимание. Црвен цвет во косата, црвена чанта, црвен аксесорајз. Јас освен два пара црвени обетки (и еден пар бордо обетки), прстени, салонки и чанта, немам ништо црвено. Ах да, поточно имам два црвени броша, многу си ги сакам. И двата ги добив како подарок ама сум забележала дека мамат насмевки од луѓето со кои се разминувам, поготово буба марата од филц која ја имам и обично ја носам во лето со тегет - бела комбинација. Прекрасна ми е, дури и мене ме развеселува И да, еден ден кога ќе пораснам волкава и ќе имам кредитна картичка од Бред Пит ќе си ја купам чантава, за инат на Луј Вуитон
Ја обожавам црвената боја,омилена ми е!Ме асоцира на љубов,страст,моќ,големина итн.Кога ке облечам нешто црвено се чувствувам моќно,како да можам да направам се што ке посакам.А башка многу убаво ми стои,дека сум црнкаста Имам читано дека мажите неможат да им одолеат на жените во црвено и јас го делам тоа мислење.Црвената боја прави да изгледаш многу секси,заводливо и шармантно. Минатата година кога бирав капут многу се двоумев дали да купам црн или црвен.Всушност го сакав црвениот,само незнаев какви реакции се треба да очекувам,бидејќи ете така се делам од другите.Дека обично сите носат црни или сиви капути.Кога го облеков,кога видов како ми стои,веќе не се мислев.Си го купив,супер ми е и си го носам. Инаку да,и кај нас многу луѓе црвената боја ја сметаат за курвинска.И навистина не ми е јасно од каде излезе тоа?Од кога боите се курвински,педерски итн. итн. Посебно така велат за карминот и лакот за нокти.Јас си ставам-а посебно кармин,скоро секогаш црвен имам. Црвена долна облека-многу многу многу секси.Иако црната ништо неможе да ми ја замени. за црвената боја и да додадам...мислам дека таа никогаш не излегува од мода!