Ја сакам црвената боја во комбинација со црно. Аууфф едноставно полудувам Но да не преовладува црвената, бидејќи многу нападно ми доаѓа така
Ја сакам црвената боја кога е искомбинирана добро, имам неколку парчиња на црвена облека и многу си ги сакам
Јас сум обожавател на оваа боја ама никогаш не се китам од глава до пети во црвено .обожавам црвен кармин,црвен лак-секојдевно носам,имам црвени марами,црвено пролетно мантилче и црвена ташничка.блузи во црвена боја немам,само некои летни,ама ги комбинирам со црвено детаљче.имам и црвен нaкит по нешто. голема желба -која се надевам дека наредната зима ќе си ја остварам ми е:
ја сакам црвената боја и често си ја носам никогаш не сум ја сметала за к*рвинска боја,туку за романтична,sexy,ме асоцира и на страст и самоувереност...мислам дека црвената боја најмногу треба да знае како да се искомбинира,за да не испадне некоја пренападна комбинација или преедноставна....затоа секогаш ја комбинирам со црна или бела боја...сум носела и така и така и секогаш сум била позитивно критикувана...кога носам нешто црвено на мене се осекам посамоуверено и мислам дека сум позабележана од страна на машкиот род(во позитивна смисла секако ) а воедно си сакам да си користам црвен кармин и црвено лакче....се на се ,ја обожавам црвената боја
ја сакам премногу црвената боја, имам речиси се во црвена боја, чизмички, сандали, балетанки, блузи.... ама секогаш ја комбинирам со бела или црна боја, никогаш се црвено, многу ми е нападно така дури и дома сега реновирав и пак се мие црвено -кремаво
Црвената ич не ја сакам и нема некоја посебна причина. и не би облекла нешто црвено на себе, можеби освен црвен лак на нокти да ставам.
Ми се допаѓа црвената боја и се додека е во мера, е ок. Имам и црвени маички, црвени фармерки (панталони). Ми се допаѓа и црвениот кармин, но ретко, скоро никогаш не ставам таков. Како и да е, не изгледа к**винско се додека е со вкус.
За црвената боја можам да кажам дека ми е омилена. Често ја носам и во неа се чувствувам секси и женствено. Мислам дека ми стои поубаво од било која друга боја, и кога носам нешто црвено сум посамоуверена. Црвен кармин исто така обожавам, а ноктите најчесто ми се лакирани со црвен лак.