Носам црвено и убаво ми стои,си ставам црвен кармин и го обожавам се на се ја сакам многу црвената боја
Eдинствено нешто шо е црвено е едно фустанче шо го носев на свадбата од сестра ми. Друго немам, некако не ми стои мене црвена блуза... Ама затоа црвен лак и црвен кармин - ДА Би сакала да си купам црвени штикли (ама потака) Некои покласични, како овие:
Не ја сакам баш црвенава боја но понекогаш сакам ноктите да ми се црвени, па дома има 2-3 лакчиња во црвени нијанси а сакам и црвен кармин убаво ми стои
Ја обожавам црвената боја.Многу ми е женствена и секси.Немам многу парчина црвени,али сигурно ке се подновам со нешто.Пример црвен долен веш,обожавам
Не сум голем обожавател на црвената боја.. многу малце парчиња облека имам со црвена боја.. многу ми е нападна..
Не ја сакам црвената боја, немам ниту едно парче облека во таа боја. Знам да ставам црвен лак понекогаш, а друго во не. Едит: Освен за полуматура пред 4год. имав бело фустанче со некој црвен детал.
Значењето на црвената боја почна многу да се злоупотребува. И јас сакам црвена боја особено црвен кармин обожавам значи. Црвен фустан немам, но имам една црвена блуза и си ја носам и задолжително со неа црвен кармин
Имам само црвен фустан. Друго ништо. Го носев на една свадба, и неколку пати на излегување. Но не ја сакам многу црвената боја
Омилена ми е многу ја сакам ова боја, иако многу малку работи имам во ова боја ама најубаво ми стои. Си имам црвено палтенце кое преубаво ми стои, често ставам црвен кармин, се лакирам со црвен лак, имам црвени обетки, црвени купачи, имам црвена коса и тоа е доказ за тоа колку многу ја сакам ова боја Одамна сакам да си купам црвено фустанче но сеуште не му дошол редот http://www.youtube.com/watch?v=Vt2YIpZWBqA
Црвената боја ми се допаѓа, но од облека не сакам да носам нешто црвено. Мнооогу ретко се случува да имам некоја црвена маичка или некој accesoris. Повеќе ми се допаѓа црвена боја за спална соба, за дневна, ходник или било каде од куќата или пак некој друг станбен или деловен објект.
пред неколку дена си купив црвен кармин-за проба и убаво ми стои, ја погодив нијансата а според Фенг Шуи црвената боја треба да ја има во домот-предмети во црвена боја(во зоната на љубовта)
И мене ми се допаѓа црвената боја и секогаш ја носам во комбинација со црно или со бело или 3 бои во едно.
Најризична боја е црвената. Многу е тенка линијата мегу сексапилната женственост и ку*винскиот простотилак . СО црвено изгледаш се само обично не...може да личиш на права ’’риба’’ и да провбоцираш како вистинска заводничка... но една мала утка во стајлингот можњ да направи да изгледаш ко физичките работнички пред МТВ . ОФФтопик...арно ме потсетивте имам една црвена кошула вечер да ја носам одамна ја неам носено
Многу зависи каква нијанса е црвената боја! Јас лично сакам онаква темна црвена што иде накај бордо дури,многу ми е моќна женствена! немам многу црвени парчиња дома само 2 летни маички и тоа во комбинација со др.боја и едни црвени чорапчиња!
Јас си ја сакам црвената боја и си ја носам без оглед кој што ќе помисли за мене... Асоцира на страст, љубов, нешто предизвикувачко а не на к*рва.. Секој со свои сваќања.. Мене ми стои убаво црвената боја и убаво ми е кога ќе видам девојки во црвено... Такви луѓе сакам бре, да се знае кој е кој.. се зезам.. РЕД РУЛС..
незнам зашто ама црвена воопшто не носам се си мислам дека не ми стои сакам по светли бои ама ќе пробам да експериментирам есенва со шалчиња и други дотатоци