Мене баш ми се допаѓа црвената боја бидејки мислам дека е сексибилна и многу атрактивна Имам лакови во црвена боја,облека нешто,накит... Јас искрено сакам да бидам впечатлива Сакав да прашам со што ја комбинирате црвената боја за да не биде толку драчлива? Со која боја?
^^ Со неутрални бои, сива,црна, беж, бела. Со зелена и жолта некако не ми оди,но за било која боја многу е битна и нијансата. Дреч црвена боја преферирам ноќе, бидејќи преку ден просто зрачи, дава различен ефект на дневна и на ноќна светлина.
И мене баш ми се допаѓа, а највише ми се допаѓа црвен лак на ноктите иначе за облека обично ја комбинирам со сива и бела и ретко црна
Црвената боја ја мразев! Едноставно не можев да ја поднесам, носев само сини нијанси, зелена, бела, црна океј ми беше, ама црвената... И баш денес се шетав и видов некои парчиња облека во црвена боја (комбинирана со бела), и веќе си смислив комбинација во главата . И да, сега да, ми се допаѓа. Порано не дека ми делувало к*рвински, но едноставно не беше убава за моите очи, а сега ми се допаѓа како боја, и не се мислам-абе ќе ме викаат к*рва.. Не, воопшто не ме интересира што мислат другите, носам што сакам и крај. Во зима неколку пати ставав црвен кармин, и ми се допаѓа многу, ме гледаа луѓето, но уатевер, глава надоле и си го продолжував патот, не ни ги гледам поинаку девојките кои носат црвено, немаат врска боите, дури се сложувам со ова
ok si e crvenata boja ubava si e ama crven karmin ne bi stavila posto nekako e mnogu jaka bojata ama vo kombinacija na crna e super i ubavo stoi sto misliste vie
се согласувам за карминот и мене не ми стои, а што си имам бендисано една црвена блуза по долги ракави на еден излог ама никако плата да ми пуштат да си ја купам
Искрено црвената боја не ја сакам многу. Во плакар имам 3/4 парчина облека што ги носам многу ретко, не сум по црвеното искрено. Единствено што сакам е црвен кармин, убаво ми стои и баш е женствено...
Не ја сакам црвената боја, но исто така не мислам дека е курвинска боја...имам по некое црвено парче, но ретко, мнооогу ретко ги носам....единствено што обожавам е црвен лак и речиси секогаш се лакирам со црвен лак, а исто така сакам и црвен кармин.
црвен кармин, црвен лак, црвени штикли, ланчиња и обетки - owned. црвената боја дава одредена доза на сексипил, но секако треба да знаеш и да ја носиш.
Ја обожавам црвената боја..носам често но ја комбинирам..ретко кога сум целата во црвено некако пренападно ми е..исто така ми се допаѓа црвен лак на ноктите и најчесто сум налакрана така..црвен кармин ставам често за вечерни излегувања затоа што мислам дека ми стои и убаво ми изгледа. Инаку и моите најомилени штикли се црвени.
Многу сакам алишта со црвена или бордо боја...планирам да си сошијам фустанче во црвена боја некое скроз обично бидејќи доста е и црвената боја
Човек што смета дека црвената боја е ку*винска, дефинитивно таквите луѓе имаат расипана фантазија, па дај сеа се фатија за бојата. Од боја што асоцира на љубов, романтичност, заводливот, свеченеост....ја направија неморална, перверзна боја. Глупости! Носете си црвено кога ви се носи и ич не се замарајте со погледите и коментарите од околината.
Не сум некој ептен изразит обожавател на бојава, ама сметам дека не секој може да ја носи, т.е најчесто нијансата е скроз утната. Обожавам да гледам девојки кои успешно ја вметнале некаде во комбинацијата, ама само да гледам на други, а на мене поретко го практикувам носењето на црвено нешто (освен црвен лак, многу ретко кармин) и немам поим, најверојатно затоа што сеуште ја немам пронајдено вистинската црвена нијанса која ќе ми одговара. Не сум толку храбра за црвено фустанче, иако признавам дека ептен ми е ќефски кога гледам убави комбинации со нив - конкретно, би ја издвоила онаа од насловната на Авон за месец септември - значи девојката имаше оу-ем-џи ред комбинејшн и дефинитивно би сакала, ама немам муда за ваква. Инаку, обожавам мали деталчиња како капче,ракавици, шалче/марама, впечатливи обетки, додатоци во коса, каиши во дотичнава боја, ептен ги развеселуваат комбинациите.
Ма роѓена сум за оваа боја, секое второ парче во орманот ми е во црвена боја, а многу ја обожавам во комбинација со црна боја, бела, сива и тексас, фетиш ми е и секогаш мора да ја имам на себе без разлика како сум облечена, макар еден детаљ ама нека е црвен. од сите овие првата незнам која е ама преубаво е облечена, црвен фустан со црн додаток и чевли црно црвени, ма комбинација снова. ахххх убавини
Си ја сакам! Имам доста црвени работи од страна на гардероба ,ми фалат уште едни црвени чевлички и да бидам најхепи на светот Имам две црвени вентијаги кои не ги соблекувам зимно време ,најтопли ми се и најсекси ,воедно ;потоа кошулка карирана црвено со кремово ,многу е слатка ;фармерки ,неколку блузички и две сукни. Ах да ,беретката ќе ја заборавев ,од АРМ ми е ориџинале Планирам за зимава еден црвен фустан со долги ракави ,ама тоа подоцна. Обожавам црвен кармин и често го користам штом заесени па се до касна пролет ,како што ми избледува тенот во тој период изгледа доста загадочно ,по малку вамп. Најсекси комбинација ми е црн фустан ,прецизно дефинирано око со црн туш ,црвен кармин ,лак и црвени чевли. Ако сум женско ,ми станува Спојлер Што се однесува до проститутките , употребувале кармин во оваа боја затоа што сметале дека така устата им наликувала на огромна вулва.
Не поседувам алишта во црвена боја, а не ни планирам да поседувам. На други кога го гледам ми е убаво, но јас во црвено фустанче - ноу. Ми се допаѓаат и дефинитивно би носела додатоци во црвена боја - шал, капче, ракавици, каиш, обетки, алки, прстенче.
Боја која никогаш нема да ја засакам во целост. Имам неколку црвени работи. Пар чевли, фустанче и очила за сонце. Паметам, кога беа кошаркарските натпревари немав што да облечам затоа што бојата едноставно не ја можам. За разлика од јака црвена, многу сакам бордо. Иако и од оваа нијанса не поседувам многу работи.
Ја обожавам !! Во собата имам неколку мали елементи во црвена боја кои и даваат живост на целата соба . Сега ме фатил некој мерак да си купам црвен фустан за нова година. А немам инаку ништо на црвено во гардероберот , за жал.