Седиме на кафе со едни другари, поминува девојка во црвено и едниот другар вика: еве ку*ва, одма се познава. Која глупост!!! А, ако е некоја облечена во розево, што уште е недораснато бебе? Јас многу ја сакам бојава, ватрена е, со посебна магија, разбива монотонија, делува храбро...
Ја сакам и носам некои парчиња во црвена боја. Имам црвени патки,блузички,црвено каишче,црвена нараквица,црвен лак,црвено шалче итн итн.. Како да не курвинска ајде бе бабини деветини Мене мн луѓе ми имаат искоментирано дека мн убаво ми стоела Ја сакам и ќе ја сакам
ЦРВЕНА боја уау! Јас ја обожавам црвената боја за мене тоа е бојата на љубовта,бојата на страста...воопшто не е к**винска како што некои ја посочуваат баш ми е заводлива и секси...обожавам црвен лак, имам црвена марама, шал, ташна, палто, нараквици, обетки, шнолки, венчиња, фустанчиња, блуски, ролки и што уште не...а понекогаш користам и црвен кармин Луѓе само напред мислам дека се е до вкусот и до стилот, ако некому не му се допаѓа нека не ја носи но нека не коментира дека тое к**винска боја...според мене тоа упатува на искомплексирани личности....
Сакам црвена боја, ама дозирано....црвен лак за нокти,црвени чевли или црвена чанта-тоа носам. Ама, не би носела црвен џемпер, или фармерки, или јакна.На друга ми се допаѓа, но на мене ми делува too much
Еве нешто за црвената боја. И сите што мислат дека е курвинска нека пукнат и нека ќутат Резултатите од истражувања направени во американското списание „Журнал оф Персоналити анд Соушал Психолоџи“ покажале дека црвената боја ги прави жените сексуално по привлечни во очите на мажите, за разлика од некои други бои со кои се губи таа привлечност. http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Razono ... sekoj-mazj
црвената боја не ми е омилената боја ,омилена боја ми е türkis но ,црвен кармин ставам , имам црн тен и ми стои им предлагам на оние што имаат жолти заби , црвениот кармин прави забите да изгледат побели барем така сум читала, и гледам во себе, немам жолти заби фала богу си ги мијам 3 пати на ден затоа што пушам цигари, но срвениот кармин прави за да ми изгледат уште побели,исто и ноктите често ги лакирам со црвена боја и ми се свигаат.
незнам зашто ама црвено носам мноогу многу ретко,и мислам дека после вакви статии на фемина како "црвената боја ги привлекува мажите","црвената боја е секси" и многу пофални зборови за црвената,ќе почнам да носам,текстов го напишав со Црвено за уште поголема инспирација за еден добар црвен шопинг
Ништо ама баш ништо немам црвено,единствено црвено што користам е црвен лак за нокти кој го обожавам Не ми изгледа ку*вински баш напротив кога ке видам некоја девојка во црвено ми делува многу елегантно и отмено....ама јас не практикувам ја носам таа боја
црвената боја дефинитивно е моја боја,не за џабе на феминава наша ми пишале дека е моја боја значи сите бои ми стојат убаво ама никоја како црвената фустанов го шијам дефинитивно се заљубив
Леле и јас многу ретко носам црвена ама во последно време ми мава некоја мисла да си купам некои црвени салонки онака високи и шик и некоја убава црвена чанта .... и сето тоа да си го искомбинирам со така нешто црно хмммм!
Ја обожавам црвената боја.Мене ми е многу сексилистичка.Ја сакам и имам повеќе парчиња облека во црвена боја,штикли,а црвен кармин исто така обожавам