имам многу големи усни и коа ќе ставам црвен кармин ич не замислувајте како изгледам затоа ептен мразам црвен кармин, ама на тие шо им стои им пружам рака.. имам црвен капут, маички и едни пантоли... една ташна пликце... се се само кармин не
Црвената како БОЈА не ми е најомилена ама за облека многу ја сакам ! И доста често носам парчиња во оваа боја.Дали црвен кармин,дали нокти,дали штикли панталони блуза ташна што и да е.А за тоа луѓето што мислат и што викаат дека е к**винска боја ич не се замарам.ГЛупости.Па и за инат ќе носам црвено.Цц.Тие што сакаат нема викаат јас црвено ќе носам.Никој не ми пререкол.Што сакаме ние тоа ќе си носиме !!!
ефтино и мизерно? па купи ти блуза златна ако не е убав материјалот пак ќе изгледа ефтино и мизерно јас иако не носам црвена боја ми се допаѓа кога ќе видам некој со црвено мантилче или црвени штикли и марама ама под услов да не е цела облечена во црвено па да биде ко грешен ѓавол. и нокти црвени се разбира
мене ми е омилена боја, половина плакар ми е наполнет со црвени парчиња. единствено не сакам да сум цела во црвено, како црвено јајце за велигден секогаш ја комбинирам со други бои
Тоа да ја засакам црвената боја ми го наметнамајка ми. Од мала ми комбинирала алишта со црвена боја и некоја друга. Сега една четвртина од алиштата ми се црвени, обожавам црвен лак.
порано не ја сакав многу, лани така деталите/накитот со морнарскиот стил ми беше во црвено, но гледам дека летово ќе се носи, така да можно е да внесам некое црвено парче во мојот плакар
Секогаш сум ја сакала и никогаш нема да да излезе од мода. Особено мал детаљ како црвен кармин може да направи огромна разлика особено ако правилно се инкорпорира во избраната комбинација.
Немам многу парчиња во црвена боја , имам 1 црвено фустанче , црвен капут , накит , и црвена ташна црвен кармин не е мој стил , додека црвен лак често ставам , и се чувствувам убаво кога носам црвено , онака женствено
Не дека ми преовладува плакарот само со црвена боја, но омилена боја ми е. Косата ми е црвена, имам неколку црвени парчиња облека, не сум смела да ставам црвен кармин, но немам проблем со лакот знам да изненадам
Кога помислувам на Жена...Веднаш во главата ми се креира слика на самоуверена,прекрасна дама во црвен тесен фустан,дискретно но сепак богато деколте,црвени усни,беличок тен...Мерак за сечии очи. Мора,задолжителна е црвената боја...Во секој аспект (шминка,чевли,гардероба,аксесоари...)
многу ја сакам црвената боја,но баш и не ми стои таква облека (мислам дека подобро им стои на црнокоси девојки) а јас имам темноруса/светлокафена коса затоа имам многу накит,многу штикли во црвена боја
немам толку многу црвенки работи во плакарот ама па многу си ја сакам секако имам карминче и многу ми се свиѓа а иначе многу сакам такви аксесорис со црвена боја
Си ја сакам црвенава боја и имам парчиња од гардаробата во оваа боја.Баш убаво прилега и мислам дека секогаш бојава ќе остане тренд