Најубаво на женското тело стои црвената боја. Неверувам да има некој да облече црвено а да не е убав! Црвените фустаги ги обожавам,немам многу такви ама си имам еден кој го носам често. Ем свечено можеш да носиш ем и за диско итн. Со се се совпаѓа а и едни црни штикли мх мх
Не ја носам многу црвената боја жими едно црвено сако и една ташна што имам ништо друго. Во план ми е да земам едни паналони црвени го видов ептем беа убави
Секогаш си се лакирам со црвен лак. Ретко ставам црвен кармин , и си носам црвена облека, црвени блузи и фустани. Ич не ми е гајле кој како мислел. И мене понекогаш вака ме гледаат :geek: ама...што да се прави.
ја обожавам црвенат боја но понекогаш луѓето чудно ме гледата најчесто кога имам ставено црвен кармин
Според мене црвената боја не стои подеднакво убаво на секоја девојка или жена, поубаво ми е кога ќе видам некоја со кафеава коса да носи црвено, отколку со плава, некако ми е премногу, но сепак тоа е личен избор! Истото важи и за црвен кармин, ама пред се тие девојки што го практикуваат треба прво да знаат како правилно да го аплицираат и секако да го носат со стил, а не како мало девојче што се поиграло со карминот на мајка си! Ретко носам црвено, имам само две блузички во таа боја, но сакам кога ќе видам некоја девојка на која прекрасно и прилега црвеното и си го носи гордо! За домот не ја сакам црвената, ме замара...
ја сакам црвената боја...иако немам многу парчиња облека ...тие што ги имам ги обожавам Најмногу црвените штикли уфф љубов на прв поглед имам црвено фустанче,накит,коланчиња и сл
Понекогаш ме асоцира на музика, на играње, на нешто позитивно. =) Убава боја... Штета што немам многу црвени алишта.
Лелеее ич не ја сакам бојава,ниту пак ја носам Имам 1-2 блузички можеби и едно палтенце ама не памтам од кога ги немам облечено.И долен веш(иако црвениот отсликува сексипил,страст,романтика)избегнувам секогаш
Ја сакам црвената боја и многу убаво стои,а и мене лично ми стои ,но штета имам мноооогу малку црвена облека.Обично никогаш не можам да најдам нешто стварно добро,црвено ...
Јас не сум огнен знак но ја обожавам таа боја. Се што купувам скоро мора да е црвено. И убаво ми сто имам светла кожа и црна коса
Ме асоцира на моќност, обожавам да носам црвено и стварно се осеќам добро ве неа.. Ме разведрува и расположува.
Ја сакам црвената боја. Ретко носам црвено но имам неколку парчиња облека во црвена боја. На мене сакам едно парче црвено а останатото да е во др боја, не ми се допаѓа да сум целата во црвено
исто ретко носам црвена боја, ме потсетува на нешто неубаво и кичесто незнам зошто посебно онаа дреч црвена