Оваа на нас ни помогна,после раѓање му се јави на детето осип,оти не внимавав на храната.Додека откријам од што е многу мака видов.Ама оваа стварно помага -цинк оксид и со витамини е внатре.
Ја имам и оваа крема,сега со неа мачкам Сменивме преку 8 креми и никако да го снема црвенилото Ни правеа и во аптека крема ни таа не ни помогна Во ред е дури не го ставиме памперсот,реакцијата се јавува по неколку минути Да пробам како што рече бебуле,под памперс гаќички можеби ке помогне @Bebulleee незнам дали ја има овде таа крема???
Сега ја побарав и јас овде Београдски мелем,никаде ја нема.Синко е катастрофа,ранички, црвенило, мааалку крварење ама не се жали многу. Го мијам под чешма и го оставам на воздух ништо не мачкам до утре кога ќе одиме на дерматолог. Не ми стои за дома седење работава.
Крем со цинк, јекодерм, бањање со хиперманган и дефинитивно нистатин/гарамицин ќе ви препишат. Оставај го со памучни гаќички. Ќе помине за два дена
Јас сум презадоволна од оваа крема која ми ја препорача една аптекарка за црвено газе, на природна база е и може коол ку пати сакате да ставате, верувајте за 24 часа ќе исчезне скроз црвенилото. Кај мене и кај двете деца се покажа многу делотворна, сега и на принцот мој кога му се вцрви газето еднаш ќе го намачкам и толку, исчезнува црвенилото. Вчера баш кога бевме излезени се сретнав со пријателка која ми се жалеше дека нејзиното 10 месечно бебуле баш се поцрвило и беше многу тажна. Среќа ја носев во ташна кремата и и ја дадов да ја мачка и денес ми се јавува ми вика, значи навистина кремата е феноменална. Синоќа ја избањав вика малата и ја намачкав убаво со кремата, заспа. Сабајле беше мноогу подобро, тоа жар црвено го немаше веќе и имаше уште скроз малку од страните. И викам мачкај и денес цел ден и утре кукурек, ништо нема да има. Ептен задоволна и она ете уште еден пример дека многу е добра и што е нај битно е на природна база има камилица, нема ништо што би штетело за детската бејби кожа. Еве ја кремата ја има во Грција
Јас ја зедов оваа исто така Грчка била ама ништо.Не сме ние за камилици и природно веќе,ми се чини некој лек ќе дадат.
Оваа искрено врска нема. Не е на природна база дефинитивно. ИМА и други состојки што не се за деца. Имам тестери од истата и колку пати имав ставано абе може и повеќе се вцрвуваше отколку да мине црвенилото. Само името и е големо и цени до небо на Фрејзи Дерм. Не препорачувам.
Јас кога е малку нафрлана ја мачкам со бекутан цинк. Еднаш мн се нафрли и ништо не ми помогна освен канестен. И јас се разбудив од земјотресот децава спиеја мм не се разбуди ми требаше едно пола саат да се презаспијам. Само да не продолжи како лани
@MamacitaBuena исто бевме и ние дри рани имаше не носевме пампрес туку пелени околку 10тина дена..Сега незнам колкаво ти е детето дали носи сеуште пампрес..Знам мачкав борогал и плус уште една маст од невен мислам бологна така некако пишуваше на неа..Не сум дома после можам да ти ја сликам ако сакаш
Ја користев и уште ја користам кремата на Јекодерм, кога има цревенило го мачкам малото и по неколку пати се повлекува. По препорака од педијатар почнав да ја користам, ја има на слободно во аптеките околу 100-110 денари беше.
Да, да слободно мачкај го, на моите и помага и те како. Сега зависи кај кој како на моите деца и помага и на двете.
Препорачајте ми добра крема за пеленска регија, многу е вцрвен кај препоните дури и како лишаи му е направено, никогаш вака не било.