Обавезно барај брис, бидејќи со ништо не се повлекува. Од сестра ми малата и се појавуваше од бактерија што ја фатила во болница. Знам како ти е. И јас со ќерка ми се изнамачив. Имам пишувано и на темава. Ама таа барем поголема беше. Кортикото ќе го замаскира проблемот, нема да го реши. Мора да откриете што го предизвикува ова. Каков памперс користиш? Јас откако и зедов бејби лове од дм црвенилото и се повлече. Во комбинација со пенатен, судо крем. Исто и шампончето со кое ја бањаш исфрли го некое време од употреба. Бањај ја со камилица и вода само. И нормално влажни марамици никако. И креми со цинк избегнувај. Земи некоја со невен. Во дм имаш мислам на бејби лов.
Eve jas da spodelam iskustvo, imavme pelnski osip, pa 2-3 pati ja namckav so "Sudokrem" i se smiri osipot. Neznam tocno kakov e i sto e kremot,(zemav za proba od prijatelka) citav po grupive za bebinja i forumite deka dosta go falat i go preporacuvat, pa i kaj nas se pokaza dosta efikasen.
Обиди се со промена на пелени, некористење на влажни а при одмивањето барем еднаш на ден полиј ја со раствор од хипермамган.( овој и за вруќници кај малите бебиња го препорачуваат педијатрите, така да не е опасен). Од креми нас најмногу ни помага Канестен (или Антифунгал) измешано со Белоген па намачкано на спареното, вцрвенетото.Две до три пати на ден, максимум два дена. КАј моите се покажало ефективно. Само се двоумам пошто прилично е збувнат осипот ...дури како вули, плускавчиња ми се видеа, дали е паметно сево ова.А од друга страна пак прочитав дека дерматолози ти препорачале едниот белоген а друг Канестен. Можеби навистина треба некој брис да се земе.Јас немам такво искуство и не знам да кажам каков би бил тој брис...Побрзо да помине.
Бевме вчера на дерматолог зема брис ништо немаше. Пак ни даде терапија со герамицин и афлодерм. На контрола во понеделник. Скептик сум веќе еднаш пробавме немаше фајде али еве уште една шанса.
За резултати од брис се чека најмалку 48 часа и се прави антибиограм. Сепак ви дале антибиотик, белки гарамицинот ќе помогне. Афлодермот е само да ја смири реакцијата на кожата, да не е толку изразена.
Мајки ве молам за помош. Вчера синко доби страшно црвенило на пеленска регија, претпоставувам реакција од шо јадев портокал. Излегоа дури и меури. Денес е подобро ама црвенило има уште и кожата кај црвенилото му е премногу сува и груба, како изгорена. Шо можам да мачкам? Пудра, крема со цинк, павловичева? Ве молам за совет не можам да го гледам кај шо се мачи. Вчера беше страшно со саати плачеше не можеше да се смири
Земи павловичева со перу балзам, мала бела кутиичка со црвена лепенка е, не друга (ова ти го кажувам зошто има на повеќе фирми ама не делуваат) ем е евтина ем навистина помага.
Земи Пенатен или Судокрем. Не мачкај често туку додека се потсмири. Исфрли влажни марамици од употреба и само со вода или чај од камилица пребришувај.
Мајки, имате ли искуство со јако црвенило на газето (реакција од сируп за железо-Ферумлек)? Престанав од петокот да му давам сируп, ама премногу го боли. Исфрлив влажни марамици, докорката му даде Афлодерм (не помага), ми рече крема со цинк, и таа не помага.Сега последно сама земав павловичева на фитофарм со перубалзам, смири малку болка и црвенило ама премногу споро иде. Се измачи дете, се утепа од плачење, до помодрување од болки стигна. Денес ми рече сируп за Алергија да почнам да му давам и дур не се опорави никако сируп (а хемоглобинот му е низок). Ќе си пукнам, кажувајте нешто ефикасно ако знаете за ваков случај.
Џинџира спреј, прилично ефикасен во вакви ситуации. Големиот ги вадеше сите заби со пролив, газето му беше лом. Само џинџирата олесни ептен. И смени го препаратот за железо, ако имаш кој, нека ти донесат малтофер капки од Бугарија.
Џинџирата многу го пече а нема ефект. А дефинитивно не му одговара Ферумлекот, претходно го пиеше Легоферот, не му направи ваква беља ама не му подобри крвна слика ич. Тешко дека ќе можам д анајдам некој да ми донесе капки од Бугарија. Чекам да се среди ова па да видам дали тука кај нас постои нешто поефикасно за зголемување на Хемоглобин, со месеци се мачиме да го регулираме, ама не успеваме никако.
Герамицин со канестен сабајле и вечер, намачкај па врз него крема со цинк, било каква сите се исти. Одмивај сабајле и навечер и после секое какање и биди упорна не поминува брзо
Крема здраве Бугарска ваљда е. Ја зедов случајно за синчето и од еден ден мачкање му помина. А претходно мачкав со канестен и декотал и не помина. 72 денари е ја зедов во веро.
@eli.karameli @НаталиЛили фала ви мајки за советите. Кај нас сепак помогна Павловичевата со перу балзам.Вчера беше подобро, ама утрово кога го пресоблекував имаше само благо црвенило а никаква болка на пресоблакање. Не верував дека толку брзо ќе помогне и дека така ќе делува
@ivi1987 ако сакаш сликај ми ја павловичевата, да знам која е. Јас имам едно прашање. Конзумирам лимон, портокал, мандарина од како е роден син ми и немало никаква реакција кај него. Деновиве прв пат јадев цитрони. Тој на газето има црвенило како ситни точки црвени, не се рељефни. Можно ли да е конкретно од цитронот или причината во друго да ја барам.
Можно е, обично кај доенчиња се јавува реакција од цитрусни овошја. Пробај не јади неколку дена и ќе видиш промена. Доколку немаш сменето пелени од тоа е сигурно. А кремата да ја сликнам и ќе ти ја пуштам , не сум дома во моментов. @irena.1 во еурофарм ја има секогаш, во зегин не, на фитофарм е(павловичева со перубалзам) бела мала кутиичка со црвена лепенка, околу 75 денари е.