газето ни е вело вакво како на сликата, мачкав оригинал павловичева не поминува, сега ставав два дена пудра бекутан исто не поминува...совет што да мачкаме
Како и Емка што ти пиша одма на педијатар. За ова совет од форум не се бара (не ме сфаќај погрешно ). Нешто си јадела и се одразило на бебе. На мочкање и на какање ги пече и боли кога имаат ваков вид на осип/црвенило. Педијатар ќе ти даде соодветни инструкции и ќе внимаваш што јадеш доколку доиш. Во спротивно доколку не сте на доење, може да е реакција од пелена, крема или незнам што. Крема со цинк користат при црвенило, но сепак без консултација од педијатар неможеш ништо да мачкаш на своја рака. Не си требала да чекаш неколку дена.
Ова не е осип мајка, ова е хроничен осип. Мораш одма да одиш. За ова треба маст, не пудра бекутан. Пиши што си сторила.
мислев дека сеуште се чисти затоа досега не бев, дека ке се исчисти само од себе, но секако ке ве послушам ке се консултирам со педијатар
ни препишаа канестен.. пишува 2 на ден да се мачка.. а во мегувреме кога мениме пелени што да мачкаме...кој користел канестен совет..
Ќе се советуваш со стручно лице како да постапиш, според изгледот на сликата ( што ја постираше ) само стручно лице ќе те сиветува непосредно со канестенот што да користиш и дали да користиш. Оф топик : Да не и е на беба паднат имунитетот? Зашто сега те читнав во темата за напреднување во килажа на бебиња, дека твоја беба сега на 1мес има качено само 220гр од тежината со која ве испуштиле, а минус 30г е од родилната тежина. Тоа е навистина премалку за толку мало бебе, советувајсе за да даваш АД не форсирај доење кога гледаш дека беба не качува на килажа. Напрајте крвна слика , ЦРП проверите.
Мајче ние бевме малку помалку од ова и ни дадоа Афлодерм (крема со кортико), два пати да мачкам и канестен.. за два дена се опорави газето... Канестен нема да ви помогне само, зашо и јас мачкав прво канестен и ништо, бетер и бетер стана. Мора и некоја крема како афлодермот за да санира ранички... канестенот нема да помогне за тоа... И никако влажни, обавезно само миење на газето.. јас дури еден ден не ставав памперс, туку обични тетра пелени... и смени пелени. Еве ке ти препорачам Бејбилов од Дм, тенки се и повеќе диши газе, немаат гелови во нив, белички се внатре... јас и тие почнав да ги користам тогаш и се опорави.
Мајка само со канестен нема да помине. Ако е како на сликава осипот моја препорака ти е 2x на ден канестен со герамицин и 1 афлодерм. Во меѓувреме крема со бариера менувај пелена на 2 часа и повеќе луфтирање.
Синчето на моја другарка го имаше овој проблем. Тогаш беше бебе. Го однесе на кожен лекар и и дадоа маст. Не ми текнува која. Докторката и рекла со маста да го мачка две недели и додека ја користи да не му става пелена, за да може кожата да дише. Само тетра пелена. Кај него осипот беше од пелените.
Девојки на Неда и се појавија црвени брунки на пеленската регија. Околу брунките кожичката и се лупи. Што да мачкам, до сега пробав Павловичева и на Веледа кремата со невен ама не помага. Да не ја носам на лекар за ова има ли друго чаре ? Редовно ја менуваме пелената и не бришам со влажни туку со памук натопен во вода. Користиме baby love пелени
@EuHenIa убаво ти вика @Annath најдобро е лекар да го види газето и да ти даде соодветно што да мачкаш. Не ме сфаќајте погрешно, ама има различен осип од различна причина произлезено и треба различно да се третира. Кај мене двајцата не трпеа бебешка пудра, рани им се правеше газот. Кај малиот од Ферумлек, сируп за железо му се направија рани на газето, мораше да се третира со кортико маст препишан од докторката. А, ако не се третира соодветно, може поголема беља да се направи. И, колку повеќе се чека, толку повеќе се шири осипот.
Фала девојки обавезно ќе ја носам на лекар, ми е жал душа мајкина, сигурно ја пече. А и многу често кака, на секоја пелена има и мочки и каки, може и од тоа да е. Секако од вчера земавме Памперс пелени и ќе ја носиме на доктор.
Na nekoj od pampers premium care da mu se vospali bebeto celo? So prvoto nemav problem i seuste e na pampers obicnite. Malata e zar crvena segde kaj sto ja dopira pelenata