Сигурна си дека е од памперсот?? Менувај ако да, во Систина Бекутан користат па чим претходно не се исфрлила купи такви, па колку и да се крути битно да не и е ништо.. Душичка
Moja pretpostavka poso bukvalno segde kaj so ja dopiraat, duri i na nodzinjata gore. Ne gi sakam ic bekutan ne cinat, ama pa crvenilovo ne i e od start..
И јас ич не ги сакам крш се, крути, шкорави, ама чим не и е од старт, од нив не и е ништо, па да не ризикуваш и експериментираш засега ставај Бекутан
На мојава и беше страшно црвен од Премиум, дури како пликови секаде кај што и допираа, и жежеше газето.. и морав да прејдам на други, земав Бејбилов дека нема гелови чуда, но прошуштаа.. па обичните Памперс пропуштаа.. и сега задоволна сум од Пуфис..
Кај моево девојче до сега не направиле реакција. Сега прв пат и стави? Да не си јала нешто што ја изиритирало.
Од кога сме дојдени од болница е со нив, и она беше доста црвена ми беше чудно ама дека цело кожиче така и не обрнав внимание. Овие два дена ептен. Вчера и ставив од обичните и посмирено е
Мојот така реагираше на обичните памперс. На почетоко не ми беше јасно дека е од пелена. Сменив милион креми за газе додека случајно не му ставив Бекутан пелена што ми ја дадоа во Ремедика како промоција. Одма се потсмири. Му ставав неколку дена Бекутан па пак се вратив на Памперс за проба и пак истата реакција. Пробај така. Штом ќе се потсмири врати и еднаш Премиум. Ако пак се јави реакција од пелената е дефинитивно. На мојот дури ни влажните марамици од Памперс не му одговараа. Премиумот му одговараше и пелените и марамиците. Откако ги сменија обичните Памперс сега и со нив немаме проблем.
Има Памперс влажни марамици за бришење. Исто како и сите други брендови што си имаат свои. Има обични зелени и Премиум бели со златно пакување. На овие мислев: Има и премиум марамици ама не можам баш да најдам слика.
мн се добри марамиците , за секојдневна употреба без пр , од старт ги користеме до пред месец случајно земав памперс сензитив е тие ми се врв .. коа сме кај премиум пелените ич не сум задоволна првото бројче го имав - ужас после преминаме на Aктив драј супер ми беа сеа сеа на Сезитив сме ми ги донесоа од герм има голема разлика се надевам ќе најдам такви тука да продолжам со нив ..
Мајки ве молам и јас за еден совет. Ни се појави црвенило само околу анусот. Дома имам веледа за пеленска регија и бекутан со цинк оксид, но досега не сум ги користела, мачкавме само со павловичева оригинал. Дали сега треба со некоја од тие да мачкам таму, бидејќи незнам што точно е пеленски осип, прв пат ни се јавува проблем.
Ни се појави осип на ципа и на "маденцето"...пробав бекутан сосо цинк па београдски мелем, не помогна. А не се чеша не го боли..чаре?
Следи дали ќе се шири. Ме чуди Бекутанот што не помогнал, кај моиве одма се чистеше, од едно мачкање. Нешто на база на невен или кантарион да ставиш...
Тоа ми е последна опција - невенот....Денес ќе пробам. Се мислам зошто не помогна београдскиот мелем. И да, се шири, не по многу, ама се шири и едино на едната страна само.
Можеш да пробаш и со веледа кремата за пеленска регија. Ние само тоа користиме и до сега немаме проблем