Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црвенило на газето и пеленски осип

Дискусија во 'Бебе' започната од andrejce, 30 јули 2010.

  1. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Јас со години го користам за мене, бубулица, ураснато влакно, комарец, кутикули на нокти, рапаво, црвено, егзем зимно време итн..онака нон стоп ми се мота низ дома предобра маст е
     
    На Sexybaby86, CurlyBlossomGirl и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    @kukla21 @wings sega vidov na linkot od kukla, super sostav ima, ke ja zemam i jas. (y)
     
  3. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    извинете што ви се мешам, ама сигурно има некоја причина зошто е маста во ветеринарна а не обична аптека? тоа што ја смирува кожата не значи автоматски дека не прави некоја друга (можеби долгорочна) штета. За маслата мислам е ок, за лавандата не сум сигурна, ама борната киселина? знам кај нас се користи како антисептик ама колку што најдов може да биде многу штетна.
    еве од википедија
    "Boric acid solutions used as an eye wash or on abraded skin are known to be toxic, particularly to infants, especially after repeated use; this is because of its slow elimination rate.[31]"
    https://en.m.wikipedia.org/wiki/Boric_acid

    Screenshot_20180720-065528.png
    не се разбирам ич искрено ама само да ви дадам друго мислење и повод секој уште еднаш да си размисли/провери
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Во аптека ја има.
     
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Која цена е? Ви помогна ли за црвенилото.
    И малово мое е исфрлено мегу ноџињата и горе каде што се лепи пелената, претпоставувам од топло, па да ја пробам.
     
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Мислам 250 денари ја зедов. Вчера намачкав тенок слој и малку се намали интензитетот на бојата (црвенилото). Ќе видам и сабајлево како ќе е. Бебе уште спие.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @irena.1 скоро да нема црвенило каде имаше.
     
    На Sexybaby86 и irena.1 им се допаѓа ова.
  8. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интересира како изгледа пеленски осип, не можам да најдам?
    Користам Памперс, бебето ми е една недела и во делот кај препоните му излегоа бубулички кои нс почеток беа многу ситни сега се малце поголемки. Дали е тоа пеленски осип или е нешто друго, можеби од топлото?
     
  9. kikica14

    kikica14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е осип, напиши на гоогле diaper rash ќе ти излезат слики од пеленски осип ќе видиш како изгледа. И кај син ми така прво беа мали бубулички, после тоа станаа ранички.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Мајки повеќе од една недела малата има црвенило и прво како бубулици, а сега како ранички на газето. Првиот пат се појави пред една недела и беа баш бубулици со жолт врв за после некој ден да се спојат и како да беа ранички бели, а регијата околу нив црвена. Ден претходно и дадов на малата за прв пат спанаќ и тоа замрзнат. И деновите за прв пат јадеше свежи домашни модри сливи и оние помалите црвено-жолти (Сливи претходно јадеше само од кашичка и суви обарени)
    После неколку дена мачкање со Корине де фарм како да и помина скоро целосно. Па дадов и цвекло за прв пат неколку дена по ред, пак сливи и по малку сокче од сливи домашно(со малку шеќер) за покиснување на овесни снегулки. И не приметив кога детево пак се вцрви и се повторија тие ранички. Мачкав два дена со судокрем, како полошо да е, па вчера и денес пантексол. Сабајле како да беше подобро, но сега се искака и моменталната состојба е ваква
    IMG_20180816_201843.jpg IMG_20180816_202038.jpg
    Мака ми е што ја гледам вака :( Од што е ова? Што е? Алергија, осип? Имала ли некоја слично искуство, што да мачкам?
    Фала
    Едит: Извинете за сликите, не би ставала никогаш, ама се плашам, не поминува, да не се прошири... и можеби некој имал сличен проблем па ќе ми помогне. Колку и да објаснувам, една слика илјада зборови.
     
    Последна измена: 16 август 2018
  11. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.149
    Пол:
    Женски
    @kukla21 што кремче ставаше на Дунде??

    Ич немам искуство со осипи, црвенила, но може да е алергија од некоја храна, ете не давај од сливите, спанаќот, цвеклото, не воведувај ништо некој ден и следи. Одмивај газе на секое мењање пеленка и нека седи малку голичка, убаво да се исуши кожата. Ќе мине :)

    @Вереничка врати се страна назад.
    Флогоцид/Флогомаст да пробаш..
     
    Последна измена од модератор: 16 август 2018
    На tambelina и Вереничка им се допаѓа ова.
  12. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    И јас немам искуство затоа се нервирам и криво ми е што ѝ е вака :| Еднаш била црвена од лимон, еднаш од пиперка и уште еднаш не знам од што и толку. Сѐ тоа правам. Ја мијам сабајле- вечер, после секое какање, ако се испоти.. редовно пелена и менувам, ја оставам да се исуши не ја бришам.. Овие денови не сум дала ништо, ама до кога, едно исто проверено јаде, не можам ништо да и дадам ново. Ама голема работа туку само да помине.
    Едит: за сликите повеќе ми беше некој ќе види, па ако имале слична мака да ми каже од што е, и кој е лекот
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Нас креми многу не ни помагаа, кога како , а многу често имавме црвено газе . Сменив и пелени ама пак се појавуваше црвенилото често.
    Причина не откривме од што , но хиперманган растварав во легенче со млака вода и ја ставав да си поседи малку , така бевме до кај 2годинки . Марамици никако не смеам одма реагира лошо, и за бањање ништо во коритце , само на глава шампонче од Корин де фарм одма плавам и толку.
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Кај мое дунде не беше газето црвено, ама помогна (по мое) најмногу мустела за пеленска регија и седење гола (буквално). Што подлоги се потрошија тогаш. Ставив чат-пат и флогомаст, ама она си го чепка дундето и не ставав редовно од страв. Кога ќе ставев имаше подобрување.
    И 100% преминав на пуфис пелени. Ми се случи да се повлече скроз, ставив памперс и пак буфна.
     
    На Вереничка и tambelina им се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    На бебо мој пред една недела му се појавија неколку ситни брунчиња на препонот. Се погоди баш тогаш да го носам на редовна контрола, ама педијатарот не рече ништо посебно.

    Но еве по една недела, не само што не се повлекоа, туку зацрвене и местото околу. Мала површина е, само на едното препонче, личи како црвено од триење, малку како испакнато е, рапавко. Цело време го мачкам со павловичева оригинална и мустела за пеленска регија. Бришев со влажни Памперс Сензитив, ама еве неделва ги баталив. Одмивам газе на секое пресоблекување и не гледам подобрување. Вака не дава знаци дека го боли, ниту се чеша, ама ја неможам да го гледам и ми е страв да не се прошири, зашто дупето другото препонче све му е чисто. Читав низ темава препорачувате некој креми, па сакав да прашам која може да се земе на своја рака? И дали би би било подобро да земам некоја крема или да го однесам пак на педијатар? Инаку не сме менувале пелени, прашок, омекнувач, ништо. Ниту пак сме вовеле нешто ново од храна. Вади заби и почесто кака, ама не се случило да седи покакан, зашто го приметувам кога кака.
     
  16. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    25.340
    Пол:
    Женски
    На бебе во фамилија му помогна од ова спрејче. Но него претпоставуваме дека му беше од промена на влажни марамици.
    20181011_154650.jpg
    А исто вади и неколку заби наеднаш, па може и тоа да е.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Купи си Веледа за пеленска регија,гарант ќе му помине.Од невен е кремот и не ти треба рецепт.425 денари е во Зегин

    И ич да не се плашиш,ние сме стигнале до ранички со крв и гној па поминаа.
    Ништо не е страшно вашето :)
     
    Последна измена: 11 октомври 2018
    На gjoker4e и BoaVista им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Кај дунде мое вака се направи летото. Се исто користев, пелени, влажни. Пробав со сите можни креми со цинк оксид, ама ништо не помогна. Мустелата малку ќе ја смиреше иритацијата, ама не се губеше целосно.
    На крај ги сменив пелебите. П.премиум користев од раѓање. Се повлече за 2 дена. Од тогаш страв ми е да и ставам од нив, а имам 1.5 пакет :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Јас Премиумот ги сменив зошто почнаа да му протекуваат навечер, се будеше утоп мокар, онака немаше проблем. Тоа уште пред 3-4 месеци. Од тогаш сме на Пафис, не му пропуштаат, не му направија проблем на кожата, ова сега прв пат ни е. И сега не сум паметна кои пелени да ги земам. Дали да се вратам пак на Памперс или да пробам некои други. Сега па со ова и страв ми е да експериментирам со други.
     
    На snegce и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Мене докторката ми кажа може и да се случи баш со одредено пакување на истите пелени.
     
    На LadyC и BoaVista им се допаѓа ова.