Pampers од МК не користете. Од искуство Ви кажувам. За да нема црвенило уште од раѓање користете оригинална павловичева од див бадем, ја има во Еурофарм, 250 ден мислам е, раат ќе бидете и вие и бебушот, а се користи околу 1 месец.
Таа оригиналната, кај нас воопшто не помогна, дури уште повеќе и се вцрвуваше. Јас земав од пп од маста за потпарено и нивната павлиќева. Од маста одма и помина, сега само од нивната павлиќева користам и и е конечно бело газето чисто. Памперс користам од старт, од премиумот сум задоволна.
. Јас да ви кажам дека на секое бебе различна крема му одговара. Различно му реагира кожата. Вака како шо ве читам, а и пријателки што имам прашано различни креми ми препорачаа како многу добри дека одма им поминувало. Така да пробајте и најдете на вашето бебе што му одговара и користете го тоа. Поззз
Адвантан мачкав 2 пати во ден Антифунгал 3 пати во ден Виледа може колку сакаш Овие 3 масти ги користев и и помина..
Еве и јас да споделам, ние со газето мака мачевме, уште што не пробав и ништо не и помагаше 2 недели и беше црвено и на крај ни помогна само миење на секое менување пелена и оставање така да се луфтира кожата 5 мин барем, во водата за миење ставав хиперманган барем еднаш во денот и судокрем мачкав. За два дена помина и веќе не се повтори. А навиката за миење газе ни остана и тоа ни е најубавата рутина, бебе обожава да топи газ
So sto go mackate gazeto na vasite bebinja posle izleceno crvenilo i osip ? Dali sudo kremata moze da se upotrebuva za sekojdnevna zastita od osip i crvenilo ili samo ako ima crveno gaze? Poveke pati ni se zacrvuva gazeto veke od strav neznam sto da stavam pa me interesiraata vaai iskustva.
Јас за осип ја земав таа од прилеп од аптекатс и одма и помина. Од тогаш ја мачкам до нивна павлиќева. 100 ден е кутиче. А 200 е таа за потпарено. Не знам што состав се, ама од кога ги користам немаме проблем
И јас ја препорачувам кремата од Веледа, ја добив како тестер и незнам која и е цената во аптека, но навистина ни заврши работа за многу кратко време.
И нас само веледа календула (невен) нѐ спаси. Мислам беше околу 300 и нешто денари. Нека ме поправи некој ако се смениле работите.
и @Sofi.ja Јас од раѓање таа му ја ставам, одлична е! Сега е околу 420 денари ми се чини. До сите мајки, ќе ви кажам мое искуство со црвенило. Искрено не знам дали од Бекутан пелени еднаш што купив или од исхрана, ама му се направи страшно црвенило на детето, не помагаше тука Веледата, единствено помогнаа Афлодерм и Канестен измешани, за два дена исчезна црвенолото. А и втор пат едни од Лидл евтини што земав, никакви Лупилу или како и да се викаа, пошто ми фалеа малку на одмор, а дали само 10тина искористив, истото црвенило му се појави, и со овие две креми одма го снема. Сега само Бејбилав пелени користам, по мое подобри нема, а задоволна бев горе-доле и од Памперс, греота е да се пожалам. Пелени не менувајте кога ќе ви се погодат и квалитетен крем ставајте редовно, тоа е мој совет.
Јас користам еко пелени за малечката, ама на грбчето од ластикот и се вцрвенува и и се познаваат траги. Дали и на Вашето бебе се јавува? Не ја боли, не и е незгодно, ама мене ме нервира. Бебушка има 6 недели
Моето синче е многу бело и осетливо, се прават траги од ластик, посебно ако е премногу стегнато, но ако се изгубат трагите за 5 мин тоа не е ништо страшно, исто како нас што ни се прават траги од ластиците на чорапите. Гледај да не го стегнуваш многу, сега на почеток е мнооогу осетлива кожата, мачкај го на местото со кокосово не е ништо страшно. На почеток користев првиот месец пластични пелени памперс и исто му се познаваше црвени линии кај бутчињата и грбчето... не се секирај ништо страшно. Како си задоволна? Јас ги користам повеќе од 10 месеци и можам да ти кажам дека пелените се како нови. Најдобра инвестиција што сум ја направила дефинитивно!
Уште се уходувам, ама у суштина сум задоволна. Знае некогаш да ми протече, ама тоа дека не сум сменила на време. Малечката е 4,6кг, ако не ги закопчам на најстегнато, пропушта. Ќе се уходам наскоро, се надевам и нема да има проблем