1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црвенило на газето и пеленски осип

Дискусија во 'Бебе' започната од andrejce, 30 јули 2010.

  1. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Јас на почеток не го закопчував убаво и горе оставав од материјалот, не го покривав изгледа скроз со горниот материјал и ми пропушташе, но со нивна помош и видеата на сајтот научив и си го фатив редот. Потоа, после шест месеци на бебчо почнаа да му пропуштаат на саат и пол, но јас само еден апсорбирач сум користела и тоа од микрофибер, да знаеш дека од бамбус инсертите се нешто најдобро за упивање, микрофиберот ич не ги сакам веќе не ги користам, само од бамбус и тоа ставам во џебот по два и четири пет саати преку ден раат сум. Навечер не ми протекла а бебчо многу мочка и пие течности
     
  2. simonagj

    simonagj Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2019
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Имам и јас неколку од бамбус, ги ставам навечер претежно. Ќе купам повеќе за понатака.
    Инаку, повеќето од пелените ми се подарок. И онака најблиските прашуваат што да ви купат. Ако се одлучите за пелени, ама ви е голема инвестиција, може така да ја намалите сумата
     
  3. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Паметно, најискористен подарок ќе биде сигурно :) Ама и на почеток јас дадов 200€ за големиот пакет еве и плус докупував бамбус апсорбирачи значи за цела година сум потрошила 230€ за пелени, да користев обични ќе потрошев преку 1000 € и плус не користам влажни си ги користам фланел марамиците значи премногу ми заштедија пари
     
  4. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    3 години има ама уште носиме пелени преку вечер за спиење :D
    Тие се гаќички за одвикнување,нам уште ни требаат пелени.
     
  5. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Ах душичка, па прашај ги не знам дали има сигурно има некоја опција што ќе ви одговара
     
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.681
    Допаѓања:
    174.615
    Пол:
    Женски
    Мамасита, кај нас ги има во една димензија која може да се подесува со нитни за големината да одговара, а на интернет можеш да најдеш 3 различни големини, исто со нитни за подесување големина. Па може ќе ти се најде инфово. :)
     
  7. malifesent

    malifesent Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2015
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    146
    Kolku vkupno peleni se dovolni za koristenje cisto informativno
     
  8. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Oд 10 до 12.
     
  9. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Па на интернет на мк страната гледав,немаше големини само таа една е,со нитни ама макс до 15 кг.
    Каде на интернет да најдам освен на екопелени.мк ?
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.681
    Допаѓања:
    174.615
    Пол:
    Женски
    @MamacitaBuena
    Мислев на ибеј/амазон -cloth diapers. И мк страната од ибеј ги зема најверојатно оти таму се истите, плус поефтини. На ибеј имаш пеленки до 20 кг. Тие, со 2 апсорбирачи од бамбус можеш да ги користиш ноќе. Братучетка за малото така користеше и после 3тата година, до скоро 4, не и пропуштаа. Можеш да пробаш со една-две да видиш дали ќе ви одговара.
    Иначе гакичките се исто добра опција. Функцијата им е како пелена и посебно се добри за ноќе.
     
  11. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Јас порачав од ибеј купив чисто еден пар за да направам споредба, ама искрено делуваа исти како овие што ги користам, но материјалот внатрешен е скроз различен, скоро да ми се распадна материјалот од перење, тутки ми се направи, затоа не ми беше безбедно од страна да нарачувам. Тука пелените се со сертификат и знам точно што користам за синко. А инаку јас имам 23/24 пелени ама перам на 3/4 дена
     
    На malifesent му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.681
    Допаѓања:
    174.615
    Пол:
    Женски
    Јас баш деновиве разгледував да нарачам. Не ми требаат, ама сакам некој нов дезен што на мк страната ги нема. Не знам од кај си нарачала ти, може изворот не бил доверлив, братучетка ми и за второто дете ги планира истите, ептен и се погодија.
    Мене од мк сајтот никаков сертификат не ми дале.
     
  13. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Кои пелени ги користи братучетка ти? Од каде ги зима? Јас инаку им бев таму и видов а и не можеш така како фирма да ги имаш ако не поминат санитарна и министерство за здравство така да барем сум сигурна дека е квалитет:)
     
  14. фина96

    фина96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Здраво мамичи, еве веќе два дена бебчето мое има црвен осип на газето и на едната страна на препоните, ама не е како брунчуња, буквало цело газе му е црвено и вака на допир ми заличува на лиши. Еден месец сме и бев прекинала да ја користам влажни марамици, ја бфишев со газичка и млака вода, пред една недела пак почнав да користам марамици. Дали може да е од нив? Ве молам за совет. И дали да и ставам павловичева, да не се иритира дополнително од неа?
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.203
    Допаѓања:
    111.856
    Пол:
    Женски
    Да, можно е да е од марамиците. Побарај тото памучни крпчиња во аптека и натопи ги со вода и бриши со нив. Павловичева може (и треба) да ставаш.
     
    На фина96 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. simonagj

    simonagj Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2019
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Јас на моето обавезно го мијам газето два пати на ден и секој пат кога ќе се искажа, единствено ако не сум дома, користам влажни марамици. Крема обавезно и немате гајле.
     
    На фина96 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Мајка и ние бевме слични, веќе не.
    Влажни марамчиња никако, и виолета 99% вода користевме и пак се иритираше.
    Користам памук го натопувам со вода и така бришам, неколку 3 4 мали парчиња на памук, големи на тупфер. И потоа со памучни парчиња од некој чаршав стар да си исечиш или слично нешто. Ќе бришиш скроз да е суво, посебно на препони ич да нема влага. И мачкај со веледа за пеленска регија што е. Малку е поскап околу 400 и нешто денари ама вреди. Црвенило одма ќе исчезне. Барем едно пакување користи, доволно ќе е, па продолжи си со павловичева.
    Од искуство мила кажвам.
     
    На фина96 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.604
    Пол:
    Женски
    Избегнувајте марамици. Ретко кое бебе добро реагира на нив. Миење особено после какање. И мачкање со крема со цинк оксид. Јас ја користев на веледа кремата за пеленска регија.
     
    На eli.karameli и simonagj им се допаѓа ова.
  19. фина96

    фина96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Фала мамички. Нема подобрување сеуште. Ќе пробам со веледа да ја мачкам. Се надевам ќе помине
     
  20. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    561
    Мамички, имаме проблем со осип, ама се јавува на вагиналните усни. 2 пати повторена терапија со Афлодерм и Ројазол, се чисти од нив. После прекинувањето пак почнува да се нафрлува брунчиња. Дерматолог ми кажа на брунчињата Еозин да мачкам за да ги исуши и да го дезинфицира всушност местото. Ја мијам на секое менење пелена, тапкање убаво после со сува крпа, ставам сега Судокрем, претходно бевме со Павловичева оригинал, па Веледа, немаше ефект од ништо. Дерматологот вели бела е, осетлива е многу и дека со исфрлање на памперсите ќе се смири ова, да ја учам веќе на нокширче. Ќе правам уринокултура сега. Некој со слично искуство? :(