Kaj nas samo antibiotici pomognaa I sega sme veke 20 meseci I nemame nikakva maka ni so grlo ni so nos
Ја има ли некаде по аптекиве да се купи или само онлајн од кај нив да се нарача? постар е постов али дека од тука имав зачувано скриншот и викам да пршам па и некој друг ако знае нека пише
Дома за внука ми користиме само Судокрем, мислам снаа ми пробуваше и некои други креми но само оваа и помогна за иритации и црвенила во тој предел.
Сега зема мажот ми Судокрем од Зегин, и прашал и за другава ама немало. Ќе пробам со Судокрем сега, али сакав и оваа маста да ја имам доколку притреба на форумов ја читав дека ја фалеа доста.
@nadenadia И јас ја имам користено Судокрем за иритации и ранички едни што ептен ме болеа и пецкаа и до утредента ништо не ми беше. Е сега, јас не сум бебе ама еве на малата супер и е Судокрем од бебе па до сега. Другава крема не ја знам која е.
Ќе си пробувате повеќе креми.На големиот му помагаше најевтината на здраве,малиот само фризидерм.Секое дете различно реагира.
На блиски бебиња судокрем им помогна, нас не, оваа за потпарено супер се покажа. Ја земав од еурофарм.
Фризидерм користевме обично за навечер мал слој. Али сега се имала малку искакнато течно и не сме ја приметиле одма и и се направи доста црвенко, и како за беља после уште два пати се покака такс и плачеше дури Сега вечерва и ставив судокрем, сабајле ќе видам дали ќе е подобро ако не ќе ставам од маста. Ако не бива и тоа и спрејот ќе го пробаме. @babyboy1 каде го има спрејот? И тој да го земеме. Откога ќе помине црвенилово што крема да ставам преку ден да не дозволам пак до ова да дојде? Некоја помрсна ли, каква користите вие..
Така е ја пробав 4 или 5 разни креми од веледа мустела едни амерички што ги нема овде за црвенило и некои тестери..бекутан и на крај најозогласената павловичева за 24ч го среди газето баш на форум ми кажа една мајка да мачкам
Би тррбало во зегин или еурофарм да го има јас од локална аптека го зедов.. Јас пред осипот не мачкав ништо само, а сега мачкам или павловичева или од галафарм витаминска крема.. Спојлер: Крем
Ја има скоро во сите аптеки. Јас во еурофарм ја земам. Има и во локални помали аптеки. За зегин искрено не знам не сум прашала. Ама навистина е ефикасна. Барем за нас.
Пред некој ден газето му се направи лом. Не знам од што. Мислам дека е од цитруси што ги напнав деновите претходно... Гревче. Вриштеше од болка само со вода кога ќе го допревме. После 2-3 дена интензивно мачкање со Мултилинд му се среди скоро комплетно. Кој е во Германија, да си знае дека кремава е одлична за оваа намена.
За црвенило само Флого крема од Зегин... Постојано бевме со црвено газе флогоцидот го среди со 3 мачкања... Кремата е со првична ветеринарна употреба но се користи и кај луѓе и бебиња... И воопшто не е скапа 250 ден а р страшно ефикасна.
Ни се појави црвенило, а набргу потоа и една раничка. Дење се случува и на секој пола час да менам пелени. Пробав павловичева на Бекутан и една српска, Судокрем, Панетен, Фрејзидерм, мачкав и со Канестен, ставаф пудра, кантерион, сменив пелени и повторно истото.