Исфрли марамици, одмивај газе со вода или со крпа/тетра/суво марамче натопено со вода бриши. Можеш да ставиш маст за потпарено, пудра не. Може да е и од цитрусите што си ги пиела.
Мене најмногу ми помогна flogo mast убав дебел слој намачкано за едно мачкање беше 90% подобро,мојот беше накај 10 месеци кога го мачкав не знам колкаво е твоето провери со педијатар или во аптека дали е соодветно за возраста, а дека помага многу помага.
Мое искуство да ти споделам. Ќерка ми се сцрвени во газето. Од многу често какање најверојатно како ти што викаш само како да прднала толку количински ама многу често. Виолета 99% користев и јас мислам и тие ја влошуваат состојбата. Во тој момент користев и памперс актив и него го сменив. Судо крем мислам уште повеќе ја влоши состојбата. Кај мене добитна комбинација беше памперс бејбилав, од оние крпчиња тото што се мократ со вода наместо влажни марамици, и витаминска маст на бекутан.
Марамиците под итно исфрли ги, на воспалено место страшно многу печат, каква 99% вода, јас за нос земав една ќе умрев од болка, веројатно тие не даваат да се смири местото. Пудрата исто иритира, некоја смирувачка крема земи. Јас на Веледа хидратантната ја ставам, и таа смирува многу ама тоа откако нема да има крв веќе. И без пелена оставај го по малку.
Миј го со вода , суши го и ставај му од ова маст, нас за два дена ни помина, многу е добра, во аптеките ја има
Веледа за пеленска регија за секој дневна употреба, кога има црвенило само вода, наместо марамчиња туферчиња со вода и миење. Користија Веледа кремата и верувај нема мака да има.
Здраво мајки, користам витсминска на мустела од раѓање, немам сменето, газето е постојано црвено и рапаво… користам и влсжни на бекутан и памперс. Од што може да е осипот? Газето го миеме еднаш/ два пати дневно после какање а секојс вечер зе бањаме.
Може и од влажните марамици, кај нас конкретно бекутанот направија проблем бидејќи самата марамица е мн мокра и при самото бришење газето не се досушуваше и се нарфлаше.
Бекутан обично прават црценило и не и одговарале на мојава,немој некое време да користиш влажни додека се смири газето, после смени ги со виолета, пробај дали ќе му зе прави црвено.
И јас мислам од влажните дека е, за бекутан е познато дека прават алергиски реакции, јас само виолета користев. Флогоцид маст исто помагаше и после маст за потпарено користев и таа супер се покажа.
Прво ставав витаминска крема од мустела, па сега ставам Заштитен водоотпорен крем за иритирана кожа од Frezyderm
Кај синчето се појавија слични пликови од павловичева. Еден период престанав да го бришам со влажни марамици мокрев тупферчиња и бришев, а мачкав невенов помаз од др. Таиз.
Земете од аптека Маст за потпарено, одма ќе му помине, во меѓувреме бришење со вода и туфери, јас пресеков една тетра пелена на мали парчиња и ја топев во топла вода и така го бришев кога беше вака слично, купка/сапун не користете когс е вака, одмивање само со вода.
Таа за потпарено ја имаат сменето. После една година од последно кога сме ја користеле, ја земав и сосема е различна по густина и сл. И дејството и е намалено. Да не кажам не делува.. Можеби е индивидуално но секако е сменета.
Majki mi treba sovet, kerka mi ima 13 meseci I I se pojavi crvenilo na gazeto i na intimata,ne ja cesa nitu ja boli, ama veke nekolku dena ja ima. Kakva krema koristite? Sto da ja namackam? Sekako ke pojdeme na pedijatar, no bi sakala da cujam vase iskustvo.