И ќерка ми го имаше истиот проблем, уште од раѓање ја користам na Freezyderm кремата со пантенол и цинк што е ..а еднаш кога ми се всцрвене жар ми помогна само миење со млака вода,никако влажни и маст за потпарено на Remedi Care.
Мајки, совет ако сте имале пеленски осип, прво беа брунчиња црвени сега се вака, извинете не знам даставам спојлер, како да се обновува кожичка таму или е ова нешто сериозно па да се обратам пак кај педијатар, препони мачкано со веледа
Majki sto da stavame za crveni bruncinja na dunde? Pedijatarot ni kaza afloder,kanesten i mirobakt ama koga ke se povlece pak se pojavuva. Smenivme peleni dzabe. Od kremi se probav: sudokrem, mustela 123, mast za potpareno, bekutan sos..
Значи без влажни марамици. Само миење со вода некој период и мачкај со канестен. Малава моја само така ја средив, истиот проблем го имав
2,3 дена само туфери навлажнувам и ја бришам ама како да се прошири...се мислам да не е дека стои во една пелена преку ноќ и дека е мокра ама ако и сменам се буди и неможам да ја презаспијам после еден саат. Канестен не е за габична инфекција?
И ние сето ова го пробавме и без резултат. Два месеци во агонија со пеленската регија. Спасот го најдов во оваа крема која се прави по нарачка од Аптека Марија Гален на Партизанска а препорачана од Докторка во Систина. И бришење само со тупфери, без влажни марамчиња.
Мојава цел месец имаше. Ева ја има сега малце. Навечер не ја соблакам од тоа шо се расонува, ептен сеа ако е какана ја соблакам. Ама не користам влажни воопшто, среќа па канестенот помогна и уште и ставам додека да се исчисти
Од 1ви ноември, малку по малку се ширеше, мислев потпарена е. Судокрем, веледа, маст за потпарено, мустела, Бекутан... Педијатар двапати кортико ни даде, среќа отидов на кожно. Докторката кажа дека е габично начело кандида... Не правевме испитување но ни даде кортико канестен комбо да мачкам една недела. Се повлече фала богу. Во меѓувреме, НИКАКО цинк. Насабајле навечер канестен а преку ден убав слој оригинал Павловичева за да правела бариера меѓу урината и кожичката. (Во составот на Павловичева пишува дека има антисептичко дејство). Баш денес ќе одам да ја ѕирнат на кожно. Не се шири, но како модро да и е. Влажни никако, иако оние на хипп ги користев од време на време... Без парфем, со 99% вода, ноуп. Само одмивање...
Мамички, дали некоја се соочила со вакво нешто? Пробано е со кремата на фризидерм, судокрем.. Не помагаат.
Консултирај се со педијатар, кај нас исто беше ни препиша канестен и белодерм и се смири за некој ден. И некое време не користевме влажни марамици, само го миевме газето и убаво да се исуши пред да се стави пелена.
Консултирај се со педијатар или кожен доктор. Можеби ќе треба и кортико малку... А пробај и со Крема за потпарено (има во аптеки). Мене бебе ми се направи малку и со таа одма спречив...
Оди на педијатар да ти препише крема. На другарка моја детето имаше ваков проблем. Освен мачкање со кремата (не ми текнува која беше), задолжително миење на газето пред менување на пелена. И никако употреба на влажни марамици. Кај детето проблем беа пелените. Само од тие доби иритација.
Ова е веќе за кортико. На син ми само белодерм му помагаше. И тоа едно-две мачкања средуваа се, па се враќав на Веледа. Гледав што помалку кортико да користам освен ако е ептен неопходно.
Јас за ќеркичката спасот го најдов во миење со хиперманган(виолетови кристали кои се раствараат во вода). Сите можни комбинации на креми и секогаш било за кратко. Многу осетлива кожа додека носеше пелени. Воопшто не употребував марамици(не смеев да помислам) и ако почнеше да се појавува црвенило веднаш ја плакнев само со вода во која ставав хиперманган. Се става многу малку колку да добие розевкаста боја водата. Останувам на истово мислење. Хиперманганот ни беше најдобра опција и со третото дете. А тој имаше најдолг стаж во пелени (5години).
Оваа класичната на Веледа е за мали секојдневни иритации и црвенила. Син ми има често, таква му е кожата специфична, за помали иритации е сосем ок ја одржува некое време во нормала. Ова кај бебето е веќе за појака крема. Кај син ми кога вака се инфицира многу, белодерм се покажало најефикасно, се друго што сум пробала имало само моментален ефект.
Majki dajte sovet veke ne znam da stavam. Probavme so site kremi i nisto ne pomaga, crveniloto stoe mozebi 2 meseci. Za grev e ponekogas i krv i pretekuva