Џинџира алба бебе најефикасно , по состав е цинк оксид и најдобро е што е како спрејче без да допираш премногу со прсти.
Што имате пробано до сега на ова? Маст за потпарено може да пробаш (има во аптеки) или мелем (поточно ако најдеш Београдски мелем, најубав е). Мелемот мислам на ова најмногу ќе помогне.
Терај со мрсни креми. Београдски мелем во Вивалек побарај, треба да се јавиш за да нарачаш. Нас од цинк ни се влошуваше... Стигнавме и до кожно ние. Месец дена се мачевме. Најубаво појди и ти.
Мене тие со цинк ми влошувале секогаш... оно и до кожата е, сите различна имаат. Ама чим не ти помогнало сега сврти на мрсна. Мелем или за потпарено https://www.annifarm.com.mk/product/маст-за-потпарено-90ml/
Првпат во (скоро) 4 месеци 2-3 пати спиеше по неколку сати и ете Користев влажни со 99% вода (сега престанав), павловичева за нега, најчесто после какање. Завчера и ставив судокрем, малку намали црвенилото и пак се појави. Искуства мајки? П. С. Таа и без ова ми е кемкава и плачлива поради грчевите, плус рачето нон-стоп в уста(можи забите), сѐ собрано..да не знам од шо попрво плачи
Ништо страшно не е ова, одмивај со вода после секое какање, чекај да се исуши 2, 3 минути, стави маст за потпарено.
Хелп. Бебе преку ноќ појави страшно црвенило на дунде. Само напред,на газе нема ништо. Не е како пеленски осип. И зимаа мочка пред 2 дена дали може од тука да фати некоја инфекција? Мачкам судокрем ,џабе. Што да мачкам?? Препорака?
Кај моите кога не поминува со судокрем ставам канестен во комбинација со алфодерм. Ама таа комбинација ми е од дерматолог.
Здраво, подолго време има црвенило кај газето ќерката, 6 недели е. Пробав со судокрем не помогна, па сега со павловичева таа на Галафарм и со памукчиња и вода. Ја прашав матичната преку порака и без да ја види ми кажа пантенол и таа антикорт. Ги купив ама на антикорт пишува за деца над 3 месеци, па и го кажав тоа на матичната и ми рече после канестен и адвантан. Сега нели канестен е за габични инфекции а ова адвантан го нема на гугл кога пребарувам. Не сме биле до сега кај матичната не знам дали да и верувам. Ми спомна и урина може да се испита, како се собира урина кај бебиња? Дали можеби на кожно треба да ја носам? Немам идеја и насока што да правам
Каде кај газето поточно? Ние на 3 недели имавме габична, црвени ситни точки и црвенило околу анусот што може да се прошират. Мачкав 14 дена Канестен сабајле и навечер, едвај се исчисти, на 12тиот ден мислам.
Потврдувам за ова. Истиот период околу 2-3 недела имавме осип со црвени ситни точки со бели врвчиња и по препорака на педијатар ни помогна мачкање со канестен х3 пати во денот макс 15 дена, а измеѓу мачкање со судокрем или било која друга маст на база на цинк оксид. Исто миење газе и поминување со камилица на памучен тупфер помага во процесот.
Канестен можеш. Зависи да дали има точки бели или не, можеби да има реакција од памперсот или влажните. Сменете памперс, не користи влажни само вода и убаво суши после миење.
Мајка појди на добар дерматолог нека ти каже што да ставаш многу е мало не експериментирај со секакви креми