Црвенило на газето и пеленски осип

Дискусија во 'Бебе' започната од andrejce, 30 јули 2010.

  1. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Имам мака и ми треба совет од вас.
    Менувам памперс на 2 / 2 ипол часа, почнав со Павловичева маст кај газето и се сцрвени и кога кака ја чистам со чиста влажна тетра пелена ( не со влажни ) намачкав на два пати канестен и се смири газето .
    Почна да кака почесто, на педијатар ми дадоа примерок од валеда за пеленска регија да пробам дали ќе и одговара , супер беше до следно какање сега е ужас .
    Што да земам да мачкам , како да мачкам , колку време да мачкам ?
     
  2. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е паметно да се трие газето со влажна тетра..така е многу круто, рапаво..колку и апсорбира не знам..
    Мислам така уште повеќе се иритира и не се чисти се. Мое мислење.
    Најдобро виолета марамчињата 99% вода и често менување пелени, од маст само бекутан со портокалово капаче витаминска. Еве 16м скоро никогаш немал ни точка црвена на пеленска регија..
    А за мачкање креми како канестен и слично мораш педијатар или дерматолог да консултираш, тоа се јаки креми што не се препорачува честа употреба..
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Од ОИНТ ми рекоа препорачуваме канестен , се беше супер додека почнав со валеда и до следно какање.
    Користам бејби лов памперс и влажни.
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Не знам, дека е прематурче биди внимателна и консултирај се со нив.. инаку за пелени ги имам користено сите можни што ги има тука, се додека се менуваат редовно мислам дека не игра никаква улога која пелена е. Мене лично, влажните бејбилов 99% водами беа доста посуви и покрути од другиве.. се надевам ќе се среди.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    После какање ако имаш можност измиј газе, тоа е најдобро, а ако не е тоа опција со тупфери или суви марамчиња натопени во вода пребриши.
    Многу е битно кога ќе ставаш пелена да е регијата скроз сува. Јас не мачкам ништо при менување пелена и на скроз суво облекувам нова.
    Ептен нешто ако се вцрви мачкам на Мустела за пеленска регија 123 кремата, тука ја читав ја фалеа, ама тоа само по потреба.
     
    На bokace1 и jungle им се допаѓа ова.
  6. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.542
    Допаѓања:
    5.333
    Пол:
    Женски
    Бокаче туфери од дм со вода ги мокрам бришам. Ептен надвор со влажни. Комбинирам Веледа пеленска со Бадемовата. Мене од Оинт ми ја дадоа рани. Ставав траводерм и миробакт и канестен за после 10 дена да се обнови кожата. Ако не е жиш црвено со испукана кожа. Иди само со Бадемова и веледа комбинирај и проверувај ја ако ти кака почесто одма да ја смениш. Дури ја оставав гола на подлога не мрдаше тогаш кај ја ставиш седи и така нека се исуши убаво кожа па стави бадемова и затвори во пелена.

    https://www.annifarm.com.mk/product/бадемова-крема-100-мл/
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    532
    @bokace1 Како што кажа и членката погоре, миј газе. Не користи никакви влажни колку што можеш подолго. И ако е мочкана пак миј ја со млака вода. Влажна тетра која ич не е крута уствари кога е водена, е безброј пати подобра опција дури и од 99%вода влажно марамче.
    Ако започнеш со силни креми една па друга нема крај тој круг.
    Пробај со Биодерма гелот за атопична кожа да ја миеш долу, помага премногу при воспалена кожа. И оставај ја колку можеш неповиена потоа. Би ти рекла да не користиш повеќе ни павловичева ни бекутани, премасни се и со лош состав. Ретко ставај кога баш има потреба од кремите за пеленска регија на веледа, мустела, уриаж.
     
    На zver4etoo, bokace1 и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  8. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Јас па на секое менување пелена ставав павловичева :whew:
     
  9. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    532
    Н и к а к о.
    Ќе треба време да помине да се регененира кожичката, колку поприродно толку подобро.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    2.862
    Пол:
    Женски
    После какање миење. 11 месеци сме, после секое какање ја мијам а некогаш кака и 3, 4 пати во денот. Павловичева искрено јас ставав многу малце и само по еднаш во денот, претежно без крема. И ден денес така терам без крема, павловичева скоро и да не користам веќе
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам :inlove:
     
    На jungle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Butterfly.girl5

    Butterfly.girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    124
    Искрено не знам што состав има, ама кај мене и кај блиски другарки, кај сестра ми, одлична се покажа флогоцид крема. Имам прашано педијатар, ми рече ако не мачкаш постојано и ти се покажала ефикасна, користи си ја.
    Мачкам ретко, само кога ќе се појави црвено и до утредента е целосно средено. Инаку секојдневно ги користам на виолета 99% вода и кога го бањам сушам убаво да не остане мокро, друго не мачкам. Претходно сум пробала со веледа и на бекутан таа со портокалово капаче, кај нас немаше ефект. Реално некогаш сакајќи да ги заштитиме од хемии, полошо правиме. Што ако е вцрвенет со недели, а јас упорно со нешто поприродно пробувам да му помогнам и нема ефект... Оваа ми е незаменлива
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    5.098
    Пол:
    Женски
    Уријаж за пеленска регија, 5ипол месеци никогаш немала црвенило. Одличен состав има и не е масна. Секако прати бебе и проверувај за какање цело време да не ти седи какана. Додека се малечки како твоето ептен се слуша кога завршуваат работа па одма менувај без да помине време ;)
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Тек денес почна да и смрди каката :rofl:
    Почнав да и мијам газе и засега не ставам ништо , се повлекува црвенилото.
    Изгледа јас претерав на секоја сменета пелена мачкав Павловичева.
    :sweat:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Ако има услови и е топло да ја држиш и без пеленка некој дел во денот, колку толку, да се исуши газето. За осип и црвенило од аптека ми ја препорачаа на Фрезидерм за пеленска регија и до ден денес ја користиме.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.315
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    Јас користам Судокрем за пеленска регија. Имав тестерче, кога и се појави црвенило забележав дека од таа крема одма и се повлекуваше, а од другите креми што ги имав се влошуваше. Земав големо пакување и само таа ја користам, мачкам после какање. Ја бришам со водени марамица виолета 99% вода и туфери од дм ги топам со вода, секоја ден ја одмивам газето.
     
  17. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    2.862
    Пол:
    Женски
    Го решивте ли проблемот? Мојава ми се вцрвени еве сега веќе трет пат, ама страшно црвенило. Едвај ја мијам плаче корне се тресе, ни вода не смее да и помине на местото. Срцево ми ср кине не знам што да и правам, мачкав судокрем, павловичева, белогент.. се повлече после една недела, еве сега пак се воспали околу газето и скоро до позади до кај грбчето. Земав и маст за потпарено сега ќе пробам со тоа. Немам дадено нова намирница, единствено што имам приметено е што многу често кака и не и е баш многу тврда столицата па и се шири сегде накај пелената. Моментално па и проливче има.. дали може да е тоа причината не знам. Влажни не користиме значи само ја мијам и тоа одма после какање.
     
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.119
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    Да.. ама само на Виолета сме. Од се друго прави одма осип. Миеме по какање, мачкам само малку павловичева. Инаку намалете на овошје и покиселка храна, повеќе на неутрално нека е еден период... Какви пелени користите?
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    2.862
    Пол:
    Женски
    Виолета веќе 3 месеци, не сме имале проблем до сега. Дури како изгорено и останува местото, како рана.. можам да замислам колку е болно. Не разбирам од што се случува буквално ништо немаме сменето
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.119
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    Од храна може да е... и менува киселоста на мокрачата, а кожата нежна ако е. Ние се изнамачивме цело лето жар, смири, жар, смири... Чим сте дојдени до рана, обавезно кај кожен закажи. Ќе видат точно што, ќе дадат креми. Кај мојава кандида беше, а таа ептен лошо шири. Дака влажна средина и покисела средина. Затоа обавезно како мочне малку, менувај пелена..
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.