Цело време користевме памперс премиум се супер никогаш сме немале осип, ги сменав со baby love после три дена катастрофа црвенло не се смирува.. Пак се врстивме на памперсот, ама осипот никако да помине.. ни судикрем ни веледа помага Некој совет?
Јас го смирив само со вода. Не мачкам ништо , не користам влажна . Кога кака ја мијам и менувам памперс , за два дена чисто газе.
Од се пробано судокрем, веледа, мустела и ред други нас ни помогна само бекутан павличева (со портокалово капаче) за 2 дена немавме ништо и се разбира миење газе
Здраво. Женско бебе старо од прилика 2недели ми се потпари кај газето. Користиме памперс премиум. Навечер ја бришам со влажни виолета 99% вода. А преку ден кога е мн какана ја мијам(претходно ја бришев само) сега ја одмивам преку ден. Ставам судокрем а навечер ставам пудра. Прееска и ставив и од онаа фејзи жолтата крема. Што да ставам што да правам? Со првото(машко) не било волку и се средувало побрзо. Читам и за таа на бекутан ја имам
Да паузираш со сите возможни тешки креми и пудри. Миј ја на секое менување пелена, не користи ни влажни. Моја препорака е кремовите за пеленска регија на веледа или уријаж ако нема подобрување.
Со ништо барем некој ден да се одмори кожата, ако нема подобрување тогаш земи нешто што е можно поприродно од кремовите за пеленска регија.
Јас кики кога ми ја дадоа од Неонатологија беше рани, црвена дури темно виолетово , се љупеше газето. Др Јадранка од Ремедика ми препиша Траводерм и миробакт, по шема и ставав 10 дена и се исчисти имаше уште малку испукано ми даде канестен рече од кандида е тоа. И стварно после тоа се среди. Од тогаш сум со Бадемова од фармамед и веледа пеленска не ни се случило да има проблем, пелени користам памперс, сум користела бејбилов од дм, слипи после преглед во ремедика и ставале, имаше сега брзо реклама за некои од Бејбилино ми дадоа како мостри да пробам.Што и да сум сменила не и направило проблем зошто секогаш ставам Бадемова на препон и газе. Мислам утре да пратиш една слика на матичен или појди да ја видат ако не се смирува може треба хемија малку ако прогресирало. Пробај ја Бадемова ефтина е а нема да згрешиш.Те молам не ставај пудра во прав.
Да сега ке ја носам баш ќе видам што ќе каже и јас ставав уште од болница бејби лов па ај памперс премиум земав ќе видам што ќе каже
Пудрата само може да влоши, немој да ја користиш. А и искрено не знам веќе некој да користи пудра, има толку добри креми со добар состав плус тенок слој се става и ќе ти траат. Моја препорака е Веледа.
+1 за веледата за пеленска регија ама не после секое менување пелена. Кај ќерка ми почна да и ја суши кожата и сега и ставам навечер пред спиење и во текот на денот по потреба ако има некое црвенило ако не воопшто без ништо тера без проблем
Женски што да земам за бебе 6 и пол месеци, кожичката помеѓу тестисите и курето е малку како одрана, тоа ли се вика потпарено? Дали бепантен да земам ќе ни помогне?
Пробај со судо крем... или подобра опција Флогоцид маст од ветеринарна аптека. Проверено и помага 100%.
Фала ти, ако ми притреба наредно ќе знам. Тогаш зедов мустела 123 и му помина за еден ден, можеби дека ептен малку беше.
За сите погоре еве веќе 7месеци користам уријаж за пеленска регија, ќе видам малце црвенко одма мачкам инза неколку часа е смирено. Прекрасна е кремата на сите ја кажувам и составот топ
Здраво Дали можеби некој имал искуство со вакво црвенило? Се појави само на едната нога кај 1год дете, не е баш во делот на пеленска регија туку долж целото ногче. Не ја чешаат, знаат да избледат малку некогаш, па пак повторно да се зацрвенат. Немам сменето ништо од козметика, прашок, исхрана…нема на ниеден друг дел од телото. Однапред Ви благодарам