Мајки незнам дали прашањето ми е за тука..ако не е извинете и преместете го во соодветна тема. Синко има 14 дена и од вчера му изглегоа ситни брунчиња по цело лице, незнам дали е тоа нормално и што треба да превземам? Му го исчистив неколку пати со камилица но еве денес има и нови
Исто и моето бебе на повеќе пати му се појавуваа па губеа. Секогаш беше различна причина. Можеби се чисти кожата, можно е да е реакција на млекото, можно да е од чаршави облека прашокот за перење. Доктор да ја види регијата најдобро ќе ти каже од што се и со што да мачкаш.
@Annath Фала ти за одговорот, ме смири малку. Помислив да не е некоја алергија или слично. Не му ставам посебни креми освен на мустела тоа хидратантното од сам почеток. Еве слика да видите како изгледаат ..
@Seduction мојот бебуш имаше исти вакви на лицето само помалку, нас педијатарот ни рече ако сакаме да мачкаме еозин течност или сами ќе се изгубеле не биле ништо страшно...јас мачкав и поминуваа...мојот и по телото имаше на некои места..сега е месец и има уште по некоја ама ок е.
Па се повлекуваат брзо ама кај нас пак се појавуваа ... ќе потрајат некое време ама ќе се исчистат не се грижи... нас не нервира дека ги гледаме, за бебето не се опасни
И моето бебе има на челото и неколку по обравчињата. На 20 от ден му се појавија. Види смени Прашак можеби е до тоа. Имаат преосетлива кожа. Јас мислам дека на моево му се направија од мм од брадата кога го бакнува или го доближи до него, сега се бричи секој ден. Исто имам читано дека се правеле ако испоти бебето и е повеќе облечено бидејќи уште немаат терморегулација. Јас не мачкам ништо. А денес бевме на контрола и прашав рекоја не треба ништо да се мачка.
Не верувам да е од жешко баш тие 2 дена беше по кратки ракави. А за прашок помислив и јас, ама па да беше од него ќе требаше да има по цело тело Утре планирам да го носам на педијатар па ќе видиме што ќе кажат.
И на синко му се појавија. Читав дека тие често се појавуваат и заради хормоните на мајката и мајчиното млеко и дека не треба дс се третираат ќе се исчистат сами. Утре сме на контрола баш ќе прашам што ќе каже и педијатарот.
Имаше и второво синче.. Милии се викаат, да од хормоните на мајката што се лачат преку лојните жлезди кај бебушот. Поминуваат сами од себе и не треба дс се третираат со ништо.. Ни мачкање а помалку допирање да не пукнат...
@Seduction прашав за осипот и го погледна педијатарот и рече ништо страшно, не треба посебен третман ќе се исчисти само. Кај нас веќе на едната страна се повлече, само на десното обравче има иако може повторно да се појавуваат. Помалку допирање и ќе се среди.
Мајки малата е исфрлена во долниот дел на лицето на брадата и под брадата од страните претпоставувам дека е од храната баш тука допира лигавчето кога јаде иако ја чистам темелно по секое јадење ама додека јаде се прави лом. Сега незнам со што смеам да а мачкам ставав малку од бекутан што е детската ама нема некој ефект незнам дали смеам да пробам со хидроген 3% дека сепак е лице тоа и мала е 9+ ако не е за тука мисдлењето прем,естете немам време да читам низ нет па затоа прашувам тука може некоја имала слично искуство
Незнам од каде инфо дека се става 3% хидроген на бебешко лице. Јас нај најискрено никогаш ама никогаш не би ни помислила да ставам, а не да ставам. Нормално е да се има како брумчиња и од лигавење и од јадење. Со тек на време ќе се повлечат. Јас си го мачкам со органско нерафинирано кокосово. Доколку си пак на мисла сепак посоветувајсе со стручно лице од таа област - дерматолог.
Ако имаш цителиум за папочето што користеше на почеток можеш со тоа да мачкаш. Или некоја крема со цинк во тенок слој. Бебигал има една крема како крем-пудра. Хидроген на рана се става, ако крвари.
Pobaraj ja ovaa krema vo apteka, zastitna krema e I pomaga pri ovoj tip na dermatozi. Nemoj da koristis kremi so cink tie samo ke ja presusat kozata.
Благодарам на сите на одговорите да споделам дека помогна едноставно одмивање само со вода не со влажни марамици по јадење изгледа од влажните се иритирала кожата.