Црвенило после депилација После депилација имам црвенило, на лицето ставам бекутан крем, а пошто не се депилирам на друго место, незнам. Можеби бебешка пудра би помогнала.
Црвенило после депилација Лосион за тело било каков ама ова за телото зборам за лицето не би ти препорачала подобро крем некаков нивеа, солеа, бекутан
Значи стварно ја пребарав категоријата и не најдов слична на она за што се однесува прашањето, па бев приморана да отворам. Ќе ве замолам да не ја бришете . Епа вака сега...Вчера за прв пат си ги издепилирав нозете до препони. И сега на нозете имам црвени точки, и не е пријатно на око. Дали и вие го имате тој проблем? Сте пробале да го решите и како? Ве молам помогнете ми.. ://
Тоа е нормално после депилација, а посебно ако се депилираш по прв пат. Јас после депилација си ставам бебешка Бекутан пудра и црвенилото постепено се губи, пошто пудрата е добра за тоа и за иритирани места. А и на козметичар кога одам на интимна депилација, ми ставаат таква пудра. Пробај...
Ништо страшно. Посебно не за прва депилација. Сензитивни се местата и кога се извлече влакното, коренот како подебел остава микроскопско дупче кое се зацрвенува. Стави му сега бебешка пудра, а после кога ке се засушат точките ставај им млеко за тело во комбинација со пудрата. Плус и кожата ке ти биде мазна џоа бебешко газенце. (Цацко акцент.)
Јас откако почнав да се депилирам, па до денес го имам овој проблем. Многу е иритирачки, особено кога треба да носам нешто кратко, а истиот ден сум се депилирала, многу грдо изгледа. Ставам бебешка пудра...некогаш помага а некогаш не. После неколку дена црвенилото го снемува во секој случај.
За да се поднамали црвенилото пред самата депилација добро е да се направи пилинг така барем мртвиот слој клетки на кожата е отстранет и не прави дополнително иритирање. Инаку некои од нас имаат посензитивна кожа и потешко се справуваат со овој јас го викам коковче ефекАт т.е. подолго трае глупавата иритација, мачкање со бебешки пудри, хидратантни креми и млека има смирувачко дејство.
Црвенило после депилација прв пат се депилирав на интима и на грб со восок, бев на козметичар. се депилирав пред 2 дена до вчера немав ништо сега на интима имам како бели точки како мозолчиња... дали е нормално и што да ставам?
Леле, ептен ја на**ав денеска со агресивното корнење на лентите. Е, сега сум баш коковче како што спомнала Теодора погоре, уште да почнам да им кокодакам на моиве дома и ќе ми нема рамен. Не се смирува за жива глава - мачкав кантарионово масло, ставав облоги од камилица - ма јок бре, брате цигане, цели нозе од колениците надоле ми се со грозни црвени тАчкици и ме болат на допир. Уф, нит сум да се депилирам дома, нит по козметички салони. Се си мислам вака ми бидна, дека последните 2-3 пати бев во тесно, па ги бричев нозете, сега пак со ленти и ме снајде ова чудо. Ако не поминат до утре, ни сукња ќе се види ни ништо, а баш планирав да си облечам една. - Малер.
нормално е и само со бебешка пудра мачкај ги ни лосион ништо оти лосионот ги потхранува и појќе се прават
Мишела, не знам дали сега ќе ти помогне, ама пробај со пудра. Јас ја користам таа на Фелче после секоја депилација (и на раце, и на нозе и на надусници) и многу ми помага. После два саати ја мијам и можам слободно да се намачкам лосион. Воопшто не ми се појавуваат црвени точки. Ти изгледа ептен силно си влечела, штом те болат на допир
^ Фала ти Каренинке, ќе ја имам пудрава на ум за следниот пат. Инаку, месец ипол се дружев со бричот, не знам со кој памет. И сега ќе си ги сносам последиците. Плус ПМС и осетлива кожа - страшна комбинација. Затоа и ме болеа нозете. Се мачкав со кантарионово масло и се смирија, иако имам уште црвени точкички, ама ќе минат, ќе купам и пудра, ќе ми се најде за следниот месец.
Мене никогаш после депилација не ми се појавиле црвени точки.Бев исплашена првиот пат да не имам ама супер испадна се...ниедна точка.
Јас досега сум била два пати на депилација ама само до колеа, нагоре не бидејќи могу се светли, мали и тенки и воопшто не се познаваат . Сакав да прашам дали првиот пат ги депилиравте цели нозе или вака ко мене ?
Ако ти се мали, светли и не ти се познаваат немаш потреба и таму да ги депилираш. Ако почнеш и таму за 2-3 депилации ќе добијат темна боја и ќе се познаваат и потоа и да сакаш и да несакаш ќе мораш да ги депилираш, а овака седи си мирна . Кога прв пат се депилирав и јас ги вадев до колена. А и ден денес ретко кога нагоре вадам затоа што се мали и светли и не се познаваат. Често козметичарките знаат да ти направат беља (да те убедат и земат повеќе пари па и утре да си имаат повеќе работа) па као демек ок е, пилинг да ти направам - не фала.
Точки при депилација Кога ќе се издепилирам со лети сама дома ми остануваат точки на нозете и не поминуваат, сега сум на свадба не се доволно долги за да ги депилирам со ленти а да ги избричам невзможно е да одам, точките ептен се познаваат, ги ма сегде кај то имало влакненце...Што д правам? Како да ги снема, лето е а јас се сварувам, од непријатност носам долги..
Точки при депилација може имаш осетлива кожа,или лошо ги тргаш лентите. пушти ги да пораснат и иди на топол восок. ако пак ти се прават пробај шекерна депилација
Секое депилирање иста приказна. Обавезно ми се појавуваат. Некои исчезнуваат за ден два. Други си стојат подолго. На рацете најизразени ми се. Им ставам бебешка пудра колку да го ублажи малку црвенилото. Затоа после депилација гледам да натемпирам да немам некои обврски и да седам дома.