Црвенило после депилација Јас сега кога бев на одмор си купив алое гел и со тоа си се мачкам и ми поминува црвенилото, инаку предходно по ден-два ми стоеше
Црвенило после депилација Никако течности кои предизвикуваат штипење. Некаде слушнав колонска вода - ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ АКО СТЕ ДЕПИЛИРАНИ! Можеби ви изгледа логично ама тоа помага кога сте удриле брич. ^ Гел од алое е одлична опција. За да го спречите црвенилото после депилација, не се изложувајте на високи температури веднаш по депилацијата, а во никој случај на сонце. Може да добиете воспаление па црвенилото ќе ви изгледа како мачкина кашлица. Веднаш откако сте се издепилирале, нанесете талк или пудра (да не дојде до недоразбирање мислам на бела пудра, онаа што се користи за бебиња). Одбегнувајте депилација пред одење на плажа, базен. Тоа може да ви направи дополнителен проблем.
После секоја депилација излегуваат такви точки а ако прв пат се сепелираш тие поголеми се јас се сепилирам со масинка и после секое депелирање такви точки ми се појавуваат не се мачкам со ништо зошто по два сати ми исчезнуваат. Еднаш имам ставено мелко за тело и побавно ми исчезнаа
Бидејќи ова е нај соодветнна тема за мојот проблем ќе прашам тука. Денес немав време да отидам во салон за депилација на веѓите, па ја замолив мајка ми да ми ги среди, ама таа некако агресивно корнеше бе луѓе, мислам очите ми ги извади... на крај неможев да издржам и се оставив така со една средена една несредена веѓа малку подоцна со мноооогу мака си ја средив другата веѓа сама. Е сеа проблемот е во тоа што веѓата кај што мајка ми депилираше црвена ми е жар, дури како излупена е си ставив бекутан масло ама ништо црвено е и ме пече, совет некој како да го отстранам црвенилово
Јас од Зегин си купив алое гел и после депилација секогаш си мачкам и ги намалува иритациите и црвенилото
Никако крем после депилација. Нанеси малку пудра но внимавај да не навлезе во окото. Ако е потребно нанеси два пати. Откако тоа ќе помине нанеси гел од алое. Овие совети ги има и погоре напишани.
После депилација немојте да користите никакви масла или кремови.Најдобро е да ставате пудра (препорачливо е оваа детската од Бекутан).Мене за 3...4 часа ми го снемва целото црвенило.
Јас се депилирам со машинка и единствено нешто што ми помогна против црвените точки е маслото на бекутан,веднаш се мачкам после депилирање.
Во врска со црвенилото после депилација и црвените точки се имам консултирано со дерматолог и ми рече после депилација да не се користи никаква козметика(креми,лосиони или пудри),исто така и да не се тушираш,оти топлата вода и гелот за туширане уште повеќе ја иритира кожата и црвенилото станува уште посилно.Најдобро било да се остави кожата да одмори тој ден после депилација.....и навистина се уверив во ова,откако почнав да го практикувам
Јас мислам дека бебешката пудра највеќе помага против црвенилото. Јас секогаш после депилација на нозе или каде и да е, ставам бебешка пудра и ми помага.
Издепилирав надусници со лента вит ама пошо неможев да одам у друга соба да земам помада што ми го намалува црвенилото дека бев цела таква црвена не се намачкав туку си седев ама не поминуваше па земав една мајца и вода на неа стаив и така малку си се држев и после успеав да се намачкам со крема ама сеа морав да испаѓам на сонце а викаат на сонце не требало али морав и морам сега.. што да правам? ПС. како уште поеќе да го намалам црвенилото?
Како одлично решение за овие црвени точки се покажа ставањето на НИШТО. Оставете ја кожата да дише. Самите ќе исчезнат.
^Дореми имам пробано така да ја оставам кожата и немаше подобрување.Ми кажаа на форумов бебешка пудра и козметичарката тоа ми го кажа.И по 2-3 нанесување ми исчезна црвенилото. Значи БЕБЕШКА ПУДРА му е мајката
Zdravo devojki, imam problem ve molam za sovet, bef na brazilska depilacija ja smenif kozmeticarkata, i sega posle depilacijata mi se pojavi crvenilo, otok i bolka, a sledniot den, otokot pomina no crveniloto e seushte tuka i plus se pojavija golem broj na mali beli tochki bubuljici nz kako da gi narecham, zagrizena sum da ne mi e prenesena nekoja infekcija.. shto da pravam so shto da se namachkam probaf so kantarionovo maslo no nema efekt.. :/
Posle depilacija imam crveni tocki posebno na nozete i ne mi pominuvaat 2/3 dena sram mi e koga ke me prasaat so ti se vakvi nozete da ne mozi covek kusi pantaloni da oblece -.-