Ако знае некоја решение, веднаш нека пише Горниот дел од нозете, на бутовите се правам со депилатор, ама кожата после тоа ми беше со црвени точки. Тие точки поминуваа за неколку часа, ама после тоа ми се појавија акни, и еве веќе цело лето ми стојат. Јас ставав бебешка пудра после тоа, имам пробано и без ништо да ставам ама пак ги имам. Наместо со депилатор, почнав и со брич ама истото. Истото ми се случи и со рацете и стомакот. Нив ги правам со ленти за депилација, ама сега ми останаа акните. Треба сега пак да ги правам, ама ми е страв уште повеќе да не ми излезат... Дали имала некоја ваков проблем ? Како да се ослободам, веќе цело лето се мачам со ова
Девојки дајте чаре!! Со години имам црвено модри точки на нозете да не зборам после депилација . Откако знам за себе се депилирам. Ептен лошо изгледаат и со ништо не поминуваат
Мое искуство: не се туширај веднаш после депилација, нека поминат барем 2-3 саати. Кога ќе се тушираш нека биде со поладна вода, да ги затвори порите и за крај мачкање со нешто што ја смирува кожата - маст од невен, алое вера, креми за после депилација....
И јас имам .... и ко што сфатив нема спас едноставно кожата е таква не е до влакната туку до кожата. Помага (малку) хидратација и пилинг на кожата ..ама никогаш не е целосно решен проблемот. Ако најде некој решение нека пише
Совет од жената каде одам на депилација е, дента кога се депилирам после неколку часа само да се истуширам со поладна вода, но никако со топла и гелови за туширање.
Dali na nekoja od vas vi se ima sluceno od depilacija na vegji i nadusnicida vi se odere kozata, bukvalno crvena rana da ima? Sto ste stavale vo vakov slucaj za da pomine pobrzo i da ne boli?
Мене после депилација освен црвени точки ми се појавуваат и плускавци без разлика што депилирам. Буквално кожата ми е одрана. Плускавците обично ми поминуваат после саат два, а црвените точки ми поминуваат дури утредента. Депилаторката обично после депилација ми става масло од бекутан или маст од невен зависи што има. Иначе предходно кога се депилирав единствено ми се правеа само црвени точки, а плускавциве мислам дека почнаа да ми се прават откако фатив сипаници (на 22 години) и кожата ми стана многу чувствителна. Ако има некој искуство со плускавци после депилација нека сподели.
Кликни за проширување... Gi srediv ranite za 3 dena, so bebeska krema od neven i panthenol, proderm se vika. I vosok na cuvstvitelna kozha NIKOGAS POVEKE.
Мене ми се појавија црвени точки на горниот дел од нозете после депилација со машинка и така ми останаа точките. Предходно со восок не сум имала проблем, а ова ми беше второ депилирање со машинка. Кој знае што се деси. Стојат долго можеби 2 месеци,има моменти кога се повлекуваат па повторно се појавуваат,кожата ми е рапава. Мачкам невен и такви работи ама како да помага моментално само,незнам дали би помогнало да правам редовно пилинг?
Секоја кожа е различна, но од мое искуство можам да споделам дека само редовен пилинг, хидратација и депилација со шеќер ми има помогнато. Не знам поточно што е, но комбинацијава ми помогна и за поткожни и за бубулици и за црвенило после депилација. Инаку имав голем проблем со сите овие работи.
Многу поефтина варијанта за црвенило после депилација е кантарионово масло. Јас користам вакво (линк), црвенилото ми е присутно само дента кога ја правам депилацијата. Цената не се сеќавам колку беше точно, но е околу 100-150 денари. Го има по аптеките.