девојки што мислите за црвеното месо,здраво е или не?на некои работи читам дека е здраво,на некои не.еве пример:бевме во кола,слушаме радио,и некоја жена кажуваше дека во нејзиниор дом здраво се хранат,дека не чуваат сол,и бегаат подалеку од црвеното месо,повеке јадат пилешко на скара мене ми падна чудно,па читам на нет некаде пишуваше дека е здраво,а некаде не.па како и што гледам и на сите холувудски звезди не им е дозволено да јадат црвено месо,само пилешко вие што велите?
Па мислам дека црвеното месо е поштетно од белото во секој случај...Колку што сум информирана црвеното месо го зголемува ризикот за појава на рак или пак срцев удар..Во текот на негово приготвување се создаваат дополнителни штетни супстанции кои во комбинација со големата масност на месото се доста лоши и за срцето и крвните садови.. Повеќе консумирам бело месо затоа што ми е повкусно,а јадењето на црвено месо го сведувам на минимум.
Па ако гледаме од тој аспект, и белото месо не е здраво да го јадеш во неограничени количини. Белото месо не е баш погодно за одржување на килажа. Точно дека внесувањето големо количество црвено месо и преработки од него може двојно да го зголеми ризикот од рак на белите дробови кај жените. Но, еве на пример телешкото црвено месо содржи железо и е добро за јадење. Значи, важна е количината што ја внесуваме. Сигурно нема ништо да се слуши ако еднаш до трипати месечно јадете црвено месо. Се што е умерено е добро. Јас сум месојадач, не изразен, ама сакам месо. И секогаш различно јадам. Ако се концентрирам само на белото, кокошките ќе отидат во дефицит!
Црвеното месо е штетно и побрзо човекот може да доживее срцево удар, а и штетен е адреналениот што го лачат жлездите на животните, кога се пред колење, тие го излачуваат хормонот од страв и стануваат агресивни, потоа ние го внесуваме тоа месо каде се излачиле хормоните и тоа е една причина заради која луѓето стануваат агресивни. Но тоа беше темната страна на црвеното месо. Црвеното месо се препорачува затоа што тоа е единствен природен извор на витаминот Б12 кој е најпотребен кај децата, но и кај возрасните. Е сега не знам точно заради која причина. Еве за кај мене да кажам дека два пати во седмицата мајка ми готви црвено месо, може е штетно ама бре вкусно е.
Да како што кажа и старфиш,се е добро во ограничени количини.И црвеното месо има лоши и добри страни и белото исто така.Мене белото месо ми е повкусно а и полесно за јадејне ,но и црвеното не е лошо на вкус.Сега секако ако 2-3 пати месечно па и 4 јадеш црвено месо не е толку штетно,но ако претераш и белото ќе биде штетно.Тоа што пишува дека некаде е штетно,некаде здраво црвеното месо е затоа што се има две страни-една добра и една лоша,така и црвеното месо,ако имаш граница не е страшно.....
можеби ке забегам од темава (нека ми го избришат коментаров) ама би сакала да прашам??????-- каде во Скопје да најдам асална месара каде ке знам дека месото е свежо и чисто?????
Па зависи какво месо и зависи која си,ако имаш пријател секаде ќе најдеш ако не таму каде што е секогаш свежо ќе е поскапо...
Па поштетно е од белото но не прикинувајте да го јадете зошто мајка ми беше прекинала некој периот па крвта и ослабнала(нешто и било ниско или високо) па и кажаа да јаде колку што може црвено месо....
Ех,се што е претерно не чини,било воопшто да не се јаде било само тоа да се јаде,крајност никогаш не се препорачува..
Месото е многу далеку од здраво, скоро и да нема ништо што е здраво во него, еднаш читав од еден американски доктор дека месото исто делувало во организмот како ѓубре да си јадел/а пробувам да избегнувам месо колку што е можно повеќе
Јас сум љубител на секое месо . Но гледам да не претерувам . Бидејќи од скоро почнав да готвам , сега за сега правам само неколку рецепти со месо , па неизбежно е да користам само месо од овој тип . Подготвувам 1 или 2 пати неделно , зависи како ми се обврските по дома .
Скоро секој ден консумирам црвено месо. Богато е со хранливи состојки и е здраво, ако е зготвено на правилен начин. За разлика од белото месо е и многу повкусно.