Дами како се справувате со досадниве црвчиња во паркетот? На 5-6 даскички лом ми ги направија. Како да престанат да се шират дајте некој отров кажете што да им правам. Паркетов ни е нов лакиран пред 1 година ќе пукнам од мака што пари исфрливме за него и за лакирање
Темава не е активна,ама се надевам некој ќе прочита. Ве молам ако знаете некој спас од црвчиња во паркет,се појавија на спратот кај брат ми и снаа ми,а се им е ново и паркет и мебел бидејќи нема половина година како си живеат таму,а досадниве црви лом им го сторија паркетот и сега почнаа да го гризат и тепихот.
И јас не добив одговор ама што читав на други места нафта се ставало, ама како да го ставам уште нафта да полијам во собава уште тоа ми фали Инаку мислењево сум го пишала 2015 за две годинилом ми го направија повеќе даскички се зафатија име нервираат кога крцкаат
Да,стара е темава и видов дека нема одговори,но си реков да прашам за секој случај да не случајно поттикнам дискусија после 2 години Инаку,покрај тоа што го оштетуваат паркетот,туку и звук крцкав испуштаат уште повеќе да се нервираш. А како тоа со нафта? Проверено е нешто испробано или што?
Види на нет. Треба да го има. Мора да имаат решение за ова. Плус, ќе немаш дома ни еден инсект неколку месеци. Ако ништо друго, можеш да се консултираш со нив како да го решиш проблемот. Ако прскаат они, ако не се лажам, треба 2, 3 дена да не сте дома. Подобро секако, него да имаш дома непоканети гости.
Не гледам тема за мојов проблем па ќе пишам овде. Кај мајка ми сум моментално и приметив дека на фотељите(тапацир) има некои ситни бубачиња жолтки, дури и едвај приметливи. Имав ставено чаршав да не се потам зошто цела сум испокасана(мислев од комарци) само на бутовите(кај што седам) и на рацете(кај што се допирам до потпирачите). Пробав да го истресам чаршавот, не паѓаат. Не знам што можат да бидат, слика не успеав да најдам по интернетов. Ај да не се усисува, али мајка ми буквално риба и со четка и со усисувач. Имате ли претстава што можат да бидат??? Уфф језа ме фати.
Проверено ми е ова со нафтата. Со шприц ставаш внатре во дупките каде што слушаш дека има црви , не поцрнува ништо само што ке ти мириса куката на нафта одредено време. Убаво е да ги обележите местата за да не случајно се размачка нафтата насекаде но и не мора. И пак одма не умираат но за недела две ке ги снема.