1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цревен вирус

Дискусија во 'Бебе' започната од Eleonorastrumica, 22 февруари 2012.

  1. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Луѓе сакам да ви пишам искуство од цревен вирус што го фати мојот син и дали сте имале слично искуство ајде да ми помогнете,мојто синче во недела цел ден си играше си пееше,си го возеже дубачето и потоа си заспа ништо не му беше.Накај 12 после само еден час од кога го заспав почна да вади некој чудни звуци,односно почна да има некој нагон да повраќа,само што го кренав и поврна,мислев дека толку е зошто му се има случувано ако се прејаде.Повторно си заспа по само 15 минути повторно почна да повраќа и веќе ме фати паника,зачести ај да не речам на секој 15 минути почна да повраќа му дадов малце водичка и тоа го поврна.Го облековме со маж ми и ајде на болница ,само што влеговме од вратата болницата преполнена од исти случаеви како нашиот,му ги изрешетија рачињата додека да му најдат вена и ништо на крај во главичката,мислев дека малце од малце ќе се подобри,но ништо само што си престигнавме дома(не водеа како во болница ,зошто немаше место каде да лежи)крена температура околу 40 и ајде пак на болница ни рекоа да дадеме шируп и чепче,цел ден се мачевме да ја слегнеме температурата и пак ништо ,пак на болница и со инекција урбазон му се симна температурата,па пак престигнавме дома и кога рече имам пролив не можеме никако да го сопреме кака само водичка и почна да му се појавуваат црвенила,и така едно 4 дена сме на инфузии и инекции,случајно го слушнав еден педијатар како вели леле на мене ова ми личи како епидемија од вода(зошто сите што бевме рековме дека децата не ни се шетани ниакде ниту пак сме имале гости дома),така сега сме дома и одиме на инфузии и инекции помалце јадеме ,повеќе плачеме,и дајте ми некој совет што и како ако има некој неко искуство газето му е црвено што не пробав да го намачкам не му разминува црвенилото што му е од проливот.Инаку докторот рече додека трае епидемијата да не излегуваме од дома*(да не ги шетаме по гости ,инаку слободна може надвор да си ги шетаме) и на оние што имаат мали деца да ги чуват дома додека не се намали епидемијата
     
  2. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Знам само дека помага да му даваш чајче од нане ама само по малку една голтка или лажичка па нека помини некое време и пак така на неколку часа по малце...
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    За дупето, мачкај го со Павловиќева оригинална маст или пак со масло од песоклива трева-кантарион го има по аптеки и некаде 60-80ден е. За 1-2 дена дупето ќе му биде нормално.
     
  4. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    неможе да биде од вода бидејќи нормално водата пред да му ја дадеш на детето ја превриваш и со то се уништуваат сите бактерии а за кантарионот гледај да најдеш некој дома што го прави
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Штом има цревен вирус, треба да преминете на диета. Банана, двопек, соленки (без СУСАМ), варено компирче, оривче, стек варен, чај, печено јаболко.... да се избегнува блага храна (шеќер)!!!! Давај почесто течности на уста, моли го, по малкууу, малкуу.. лажичкаа по лажичка, водичка, сок од јаболка, чајче... СЕ со цел да не дехидрираа.

    При секое извршување на физиолошките потреби замивај му го газето со млака водичка може и со сапунче (бекутанче). И како што прочитав погоре да се намачка со масло од кантарион.
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Ова што го напиша Тинкербел се вика бела диета и е доста препорачлива при ваков вирус.Мојата ќеркичка како помала неколку пати го имаше добивано, но поради прекумерното повраќање завршувавме на инфузија.
    Инаку најдобро е од аптеката да земеш електролити (прашок) кој се раствара во вода и од тоа да му даваш на детето да пие за да не дехидрира.
    За ден два ќе помине.Ништо страшно.

    Едит: неколку пати го прочитав насловот на темава како цРвен вирус, па си викам што чудо ќе беше ова :?: , додека да се освестам :geek:
     
  7. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    и керка ми како мала го имаше истиот вирус и бевме строго на диета бисквита ориз кисело млеко кое многу ни помогна и само купена вода , и за неколку дена ќе биди како нов а за газето јас си купив од зегин павловиќева со перу балсам и многу е ефикасна да пробаш секако па да пишиш што ќе направивте поздрав и побрзо оздравување.
     
  8. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Фала ви на сите го мачкам со оригинал павловичева и сега му е малце подобро газенцето,инаку и денес ни ставија инфузијаа веќе 5 ден и од утре рекоа дека ќе биде со сирупче,инаку не сака баш многу да јаде имаме проблем сега со тоа како да има страв дека ќе поврне повторно и најмалка лажичка не сака да ја стави во уста,пред тоа немавме никаков проблем за јадење што му дадеш си јадеше,дури и ако беше најаден пак ќе пробаше што му даваш
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Ставај му на газето и крем со цинк оксид, ќе го намали црвенилото и ќе го спречи печењето. Има на Бекутан таков крем, во туба е. Мене ми е незаменлив за црвено газе од било кои причини.
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Ние користиме Нивеа со цинк во туба и сум задоволна.
     
  11. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Фала многу на сите многу ми помогнаа вашите совети,него го излечив сега јас и мајка ми сме болни ајде со маски по дома шеткаме битно он е подобар сега иако уште квичиплаче од траумите во болницата
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Ај да не отворам нова тема, овде ќе си прашам. Вака, што им давате на децата кога имаат пролив од било кои причини? Син ми во понеделникот почна почесто да кака, ама нормално, едната тројка му излезе. Ама од вчера има пролив кој непријатно мириса, и има многу гасови. Од вчера вечер сме на Ентерофурил и му давам електролити (кога ќе се смилува), и го ставив на бела диета, односно, ориз, компир, морков, бисквити, соленки, банани, гриз... не сака чај да пие, па гризот му го варам со чај од нане, го мешам со банана, бисквити не сака да грицка, ниту пак соленки, односно, одбива да јаде некои работи. Сака јогурт и кисело млеко, ориз ќе касне, некое компирче, и толку. Палента му направив, ја изеде, ама па само палента да му варам? Вода си пие околу литар дневно, покрај јогуртот.
    Други симптоми нема, весел си е, нема температура, па претпоставувам дека не е вирус. Не сакам да го носам на лекар, да не закачи нешто плус. Ова ни е првпат да примаме лекови (со исклучок на парацетамолот еднаш или два пати кога беше настинат и кога вадеше заби), и штом ме види со сирупот в раце, бега и се крие. Дајте други предлози што да му давам да јаде или пие?
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Вода од сварен ориз ако сака да ја пие, исто во едно филџанче вода можеш да раствориш малку нишесте и со лажичка да му даваш...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Пробиотици само и немај гајле. Отиди во најблиската аптека и земи си веднаш.
    Знаеш дека Ентерофурил е навистина добар ама е и антибиотик (јас еднаш јадев карање од матична, затоа што правев исто како тебе. Пролив 1-2 дена и одма Ентерофурил :$ ).
    И давај јогурт да пие
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас давам електролити и јаглен,кој особено помага за проливче.Инаку ништо страшно ако јаде само палента еден-два дена .И децата си знаат од што им е подобро,па затоа давај му само тоа што сака,а она што го изгубил многу брзо ќе го надокнади.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Ана баш пред некој ден читав дека за пролив и повраќање даваат кока кола. Малце кока кола(20 мл) може ке ти заврши работа. Електролитите ги растворав во 250 мл млеко од кое на 2-3 пати му правев кашички(бисквити, житарици...). Зошто ѕверчево мое не пие ни млеко ни сок само вода а електролитите во вода се гадни и немаше шанса да ги испие а вака не ги приметуваше.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Славица, јас не сакав Ентерофурил да давам, ама многу му смрди бре, ужас... по консултација со педијатар му давам, не на своја рака. А Пролајф му мешам со чај од нане, млак, и со бисквити и банана, тоа го јаде. Да видам и со јагленот, ама многу тешко ми отвора уста за нешто што не сака. За чоколадо битно има апетит |( сега јаболка ќе печам, па ќе видам. Ориз вчера му давав, денес само водата, со молење ја пие. За кока кола не знам... мислам дека ни тоа нема да го пие, аи не би сакала да му давам, не повраќа. Млеко и онака не пие, сега не му давам. Овие електролитиве на Хумана немаат лош вкус, затоа ме чуди што не ги сака.

    Ај белки брзо ќе помине.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Кока кола се дава за повраќање - проверена работа, просто неверојатно е како функционира. Еднаш во очај го пробав, кога ништо друго не помагаше.

    Треба да е малку изветреана, да не е толку газирана, и се дава лажица по лажица.

    Инаку Анат јас на моиве на сум им давала ништо освен пробиотици и во случај гадно да мириса. Моиве дури ни електролит не пијат.

    Инаку и моите се главно на палента во такви моменти, а ако не ми се чини многу лоша состојбата сум им давала и варени тестенини со путер.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Да не ти кажувам Анатх што поминав минатата недела со моено ѕверче и нејзиниот стомачен инфект....на крај завршивме на Инфективно, на инфузии, зошто дехидрира во рок од неколку саати. Какаше и повраќаше 10 пати повеќе од тоа 1 лажиче течност што ќе го примеше...не да мирисашееееее, оффф, ама тоа беше најмалиот проблем со целава ситуација.

    Докторот на Инфективно ни го препиша Ентерофурилот, Лине спор капсули и диетална исхрана, меѓу која најважно место имаше - Морковот. Добро варен, во супа или само така да се јаде, тој бил и храна и лек за вакви ситуации. Другите намирници веќе ги спомна ти, тоа е тоа...на мојата само што ќе и` дадев лажичка од Хумана електролитите - повраќаше до бесвест, и сфатив дека организмост едноставно не и` ги прима, и тоа е тоа, прекинав. Иначе, сите доктори истото ми го потврдија - оралната рехидратација на организмот е каде каде подобра и поефективна од интравенозната, ама ние немавме време затоа што детето почна да ми се губи од дехидрираност...

    И да, Ентерофурилот содржи Нифуроксазид, кој велат дека е антибиотик, ама исто е наведено дека тој антибиотик не влегува во крвотокот на организмот, и дека лечи на тој начин што се „врзува“ со патогената бактерија во цревата.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Леле Моира, се надевам дека малечката е веќе подобра.
    Фала му на Бога, не сме до толку, ама не дај Боже ни да дојдеме до тој степен. Еве, сега му давав компирче и морковче варено, со малку јогурт, одвај ги изеде, плука. Ако го замолам убаво, јаде. Морков давам задолжително овие два дена, колку изеде, толку. Син ми не повраќа, само има пролив. Сега се мислам дали Пролајф да ги сменам со друг пробиотик, можеби има нешто поефикасно? Инаку, син ми не одбива јадење, ниту пак кака после се што ќе касне или ќе се напие. За чоколадо душа дава, ме моли да му дадам, рошка и бара по фиоките :tmi: ама не. Барем деновиве не му давам. Евентуално се мислам црна чоколада, нели е добра за пролив? :wasntme:

    Едно време ме удри мисла дека има целијакија и ова е симптом :tmi: боже, што се не ќе му помине на човек низ глава :worried: