Цревен вирус

Дискусија во 'Бебе' започната од Eleonorastrumica, 22 февруари 2012.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Пробај ги Лине спор, перфектни се (ги испробав и лично :D )
     
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    ако сака чоколадо дај му за кување нека јаде слободно и земи медицински јаглен одма ке му ги исчисти цревата имаше едне вирус зимото2008 од многу напрегање од повракањето прпратено со пролив во повраканото имаше веке и крв па така со брза помоѓ стигнавме на детска клиника на гастро и лежевме една недела
     
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Annath дај му на детето чоколадо кога ти бара ,може тоа му е лекот,батали сега хранливи и нехранливи работи ,давај се што сака .Чоколадото барем не е штетно,а и желевце има ,а може и ќе му отвори апетит ,па со еден удар ќе утепаш две муви ;) Инаку јагленот нема никаков вкус,само водата ја обојува во црно.
    Кога син ми имаше сипаници и цела уста му беше исфрлана он секој ден за ручек бараше помфрит,моцарела и салата од зелка со лимон :x 7-8 дена само тоа јадеше ,се мрштеше од солено и кисело и јадеше :lol:
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе додам дека се дава и супа кога детето има пролив...и тоа онаа со петелот :D така викаат на инфективно, така и ја запамтив.
    Варен компир изгмечен со вилушка и додаден во супа, супа со двопек, ориз со малку сол, бисквити не сакаше, само по некоја соленка, кисело млеко а не јогурт :!:, печено јаболко -тоа советуваат на клиника за дијареа-ова нас најмногу ни помогна, само тоа јадеше ќерка ми цела недела.
    Имам слушнато дека прашокот за пудинг исто така помага, и кафе, ама јас не сум давала, шубе ми беше на дете со неполни 2год. да давам кафе.
    Не се секирај, ќе помине....малку јаде,колку- толку, доволно е, тргни од себе- кога си болен па и не ти се јаде. ;)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Оваа супа е многу добра , кога и да сум се разболела и сум губела апетит маjka ми ми jа давала и стварно накрева, ги има електролитите кои ги има во инфузиjата, добро е да ja koнзурмирате кога сте болни било да се работи за настинка, грип, стомачен вирус и сл.
    Правете им ja на вашите малечки, лажичка по лажчка полека ке ги накрени.
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.830
    Допаѓања:
    101.231
    Пол:
    Женски
    Јас на моиве сум им давала линекс.И тоа од матичната препорачано ама не многу ,обично 2 дена.А за тоа време на исхраната да се обрне внимание.Сутлијаш варен со вода помага многу.Исто и водата од него,банана,морков варен,печено јаболко а може и рендано,печен компир (ама само компир со лушпа во релна)или варен,од млечни производи само јогурт,темна чоколада не многу,а некогаш и обичен бел шекер едно лажиче,чај од нане обавезно.Тоа отприлика.И не му се мисли ако 2 дена јаде исто јадење,тоа што му сака душичката а може да го јаде,тоа му давај. :)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.848
    Допаѓања:
    202.934
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за советите. Мислам дека детево се опоравува веќе. Го прекинав Ентерофурилот бидејќи немаше ефект, детево цел кревет и патеки во спалната ми ги направи лом :tmi: сега сме на Пролајф (7 дена ќе тераме) и Смекта (три дена). Вчера, конечно немаше проливче, какаше нормално, само еднаш, а денес гледам и апетитот му се враќа. Почнувам лека полека да го враќам на нормална храна, со прилагодување на она што му го давав деновиве. Е сега, мака имам додека да го натерам да го испие Пролајфот, а да не зборам за Смекта, но ќе се помачам малку повеќе, не е проблем.
    Пробав со јагленот, кога ја виде црна водата, избега... и после не сакаше ништо да пие, дури ни обична вода, ги турка чашите. Кажете како да го натерам да пие нешто што не е вода или јогурт и не се меша со нив?
    Лине Спор имале помала концентрација на бактерии од Пролајф, па затоа се вратив на него. Ама мислам дека од Смектата имаше најмногу подобрување. Како и да е, ќе видиме понатаму како ќе биде.
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Лелелеле, за ќотек сум, знам :(
    3 дена се мислев да ти пишам и да ти кажам што ми рекоа во аптека (барав инфо за мајка ми, и неа не и` помагаше) и добив одговор дека Ентерофурилот може да направи ПОЛОША состојба од постоечката ако не е во прашање цревна бактерија (зошто нели е антибиотик кој се „лепи“ за бактеријата и ја уништува), а ако нема на што да се „залепи“, непотребно ги иритира уште повеќе цревата.....супер што си го фрлила, земи го Лине спор (имам пробано многу пробиотици, овој е ВРВ, со живи про и пребиотици е, се чува во фрижидер) и само диетална и контролирана исхрана (без овошје, без месо и млечни производи).

    Сори :f:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.848
    Допаѓања:
    202.934
    Пол:
    Женски
    Ич да не се секираш. Самата сфатив дека ич не требаше ни да почнам со него, среќа само два-три пати му имав дадено. Една докторка што работеше во Св. Лазар, а сега е на печалба на Блиски Исток, ми кажа никаков сируп, само Пролајф и Смекта. Имам и Лине Спор, давав два пати, сега давам еднаш, покрај Пролајф... па и да не не чини толку пробиотици?
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Јас колку што знам немаш никаква штета од нив, не постои предозираност....
     
  11. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу кркорење на цревата и додек не се испразнам не врви болката и кркорењеро ми дадоја Ентерофурилот и линекс форте.Линекс пијам а овие другиве дали д ги пијам и ако да дали можам прашакот од апчето да го растврам во вода и така да го пијам позз