1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црква за свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од flowergarden, 30 април 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Не, неможе. Додека трае чинот бурмите стојат во олтарот внатре а олтар не може да се преселува во двор :). Ако побараш таква услуга можеби ќе измислат некоја комбинација за неверојатни пари.
     
  2. miss.b

    miss.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    17
    Фала ти на одговорот slavica999, ми дојде како идеја, за да се избегнат возење низ цел град дента.. зет, невеста, матично, црква, па сликање, и додека дојде забавата, сите уморни.. но тоа е, ке се истрпи :)
     
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Е јас има здраво да ги извозам гостите на тура низ Скопје... :D Јас сум во Карпош, исто и вереникот, кумот ни е на водно, значи он сиромашкиот треба да оди на водно по кумот, па по мене, па во матично, па во Архангел Михаил во Автокоманда, па Езеро Треска... На сите да им наполнам гориво во колите наместо поклони да им купувам, најубаво, хахахахаха! :rofl:
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^зошто младоженецот да оди по кумот? :?:
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.199
    Јас сум присуствувала на една свадба каде што и поповите венчаваа во двор. Свадбата беше надвор од градот, на отворено, и се' се одвиваше таму, и матичар, и попови, и веселба. Младоженците беа „битни фаци“, па веројатно имало удел и тоа.

    Мене лично не ми се допадна ова, едно е матичар да ти дојде, ама поп од православна религија да те венчава на ливада, што знам, чудно беше.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^се сложувам со Ариел
    Си се знае што е и како е во религијата.
    Единствено нешто што ми е како идеа, кога утре би правела свадба тоа би било, наместо круни да ги прашам поповите да имам вакви венчиња:
    [​IMG]
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Немам поим, ваљда некој адет глуп тераат... :P
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    божеее, што се не ќе слушнеш....каде ги измислуваат адетиве, уште некој да рече невестата на кумот нозете да му ги мие.
    Цццц милион луѓе милион адети
     
  9. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ние не тераме адети никакви, освен овој што не е страшен, голема работа ако отиде по кумот, едно орце повеќе, и што ќе ме зема од дома, без кршење врати и плаќање невести, и незнам што. Башка старите кумови ни откажаа откако еднаш прифатија :headbang: така да си имаме нови кумови кои што се најдобрите луѓе што оделе по оваа планета, и слободно нека оди по него, и од Скопје во Гевгелија ако треба! :)
     
  10. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Кога прв пат бев во таа црква, си реков, некогаш, да, тука сакам да биде мојата свадба. Светла, висока, доволно голема и прекрасна црква. :) Или пак можеби Пантелејмон, хмм :) .
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^И мене многу ми се допаѓа, но дечко ми и неговото семејство веќе со генерации наназад се венчавале и крштевале деца во црквата Св.Ѓорѓија во Чаир. Така да немам намера традицијата да им ја прекинам, нашата венчавка здравје ќе биде во Св.Ѓорѓија

    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Јас здравје, ќе се венчам во св. Архангел во Автокоманда. Во таа црква моите се венчани, чичко ми и стрина ми, вујко ми, таму сме сите крштевани... Најмила ми е, секогаш кога ќе појдам таму ми е убаво на душата.
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.305
    Допаѓања:
    16.751
    Она што оди младоженецот по кумот го има и кај нас, а и во Велес на свадба беа по кумот. Тој дома си има приговено трпеза се убаво, и младоженецот иде нешто како ќе ме венчаш ли така му доаѓа, па се наздравува. А со младоженецот иде девер, старосват, брат и таму поблиски роднини. :D
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Тука нема такви работи со трпеза дома, само со музика оди да го земе. И едно оро да поиграат кај кумот пред куќа, да ги развеселат комшиите малку! :)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Мене цела фамилија од кај татко ми ми е од Велес, но ете не сум видела таков адет.
    Како и да е, адетите кои ги имало семјството доколку се сака треба да се испочитуваат, би било убаво.
     
  16. jasmina29

    jasmina29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    14
    Ние во јуни правиме свадба и викнавме матичар да дојде во ресторанот, ама едно 30 мин. пред прием на гостите, значи на чинот ќе присуствуваат само најблиските роднини и пријатели, т.е. истите оние луѓе кои би дошле и во матично ако се венчававме, а не цела толпа од 400 гости, така што нема да има галама. Знам дека се 6600 ден. плус, ама искрено би дала и повеќе само да го избегнам матичното во Скопје, затоа што ми е прегрдо, последен пат приметив дека столицата за старосватицата е скршена. Немам против матично, ама само ако се изгради ново поубаво. Венчавањето е свечен чин, ама во нашено матично е катастрофа, нема ништо свечено. Некогаш било преубаво, пред едно 50 години, ама денес... А и тие 100 евра на илјадници евра што ќе отидат на свадбата се занемарлив процент.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^колку е точно незнам, но велат дека во новите градби на кеј, незнам точно во кој објект, ќе било и новото матично. :)
     
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Во матично ни кажаа наводно дека до нареден мај, значи една цела година, новото матично уште нема да биде пуштено... |( А бидејќи некако многу ми се гледаат 6 600, (толку ќе ме чини венчаницата, дури и малку помалку!?), какво е такво е...
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    значи сепак е точно дека ќе има ново матично :clap:
    не дека ќе се мажам,ама тек сега ќе го зезам дечко ми,оти ми викаше го чекал новото матично :lol:
     
  20. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е оваа соодветно што ќе ве прашам овде. Но, ајде пак ќе си прашам јас. Со мм сме само во матично регистрирани во октомври ќе правиме свадба. Е сега, проблемот е тоа што јас премногу сакам во црква (а исто и тој сака) да се венчаме, но тој е крстен во католичка црква, а јас во православна. Знам дека тое е една иста религија знам дека е исто итн. Но, сакам да ве прашам да не знае некој нешто околу оваа работа. Тој цел живот одел во православна црква никогаш не бил во католичка, сите празници православни си ги слави мм. Е сега, работата е тоа што не знам дали ова поповиве ќе ни дозволат да се венчаме без да се прекрсти мм, или само колку пари да џапнат ќе ни речат да се прекрсти, но свеки не сака да се прекрсти мм. И не знам што ќе правиме. Некои викаат прашајте поп ќе ви каже. Според мене уште пред да прашам јас знам што може да ни рече да се прекрсти само пари да лапнат. Дали знае некој нешто околу оваа работа. Ако знае ќе ве замолам да ми кажете. Поздрав !