Црква за свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од flowergarden, 30 април 2011.

  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    11.327
    Одете во црквата во Автокоманда, знам за случка иста како вашата, таму ги венчаа без проблем. Видете си таму, ништо не ве чини! ;)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Melaniiii

    Melaniiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    20
    Јас се венчав во манастирот Плаошник во Охрид и си плативме 5500 денари, односно татко ми и свекор ми ја платија сумата напола.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      3,3 KB
      Прегледи:
      539
    На Haley и Mikako им се допаѓа ова.
  3. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што ми кажа Еленче. Ќе појдеме да прашаме, уште еднаш ти благодарам многу.
     
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    11.327
    ^Нема проблем, затоа сме тука! :*
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Двете цркви се почитуваат една со друга и нема никаков проблем околу венчавање.Значи со сигурност тврдам дека не бараат прекрстување или нешто слично.Моја братучедка е католик и кога се венчаше чинот беше во Православна црква(св.Јован) и освен што и ја бараа крштеницата (како на сите впрочем) ништо друго не побараа.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    AIT ти благодарам што ми кажа за ова. Навистина не знам и јас што и како веќе. Едни викаат демек ќе барале нашиве попови да се прекрсти мм бидејќи си бараат само пари тие, а некои викаат дека нема потреба едно исто е. Ќе видиме деновиве ќе појдеме може до црквата кај што седиме во населба да прашаме и ќе видиме што ќе ни кажат. Ти благодарам уште еднаш. :hai: :* :$
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    Ние се венчавме во Св.Ѓорѓија во Чаир, прекрасна црква, они си се со треадиција секогаш таму...попот ни се погоди кратко и убаво кажано, баш мераци. :)
     
  8. nena-mk

    nena-mk Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Zenski mi treba pomos.Bi sakala da se vencame na SV.Pantelejmon dali nekoj imal iskustvo ili bil na vencavka da spodeli informacii so mene.Fala odnapred
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.229
    Пол:
    Женски
    Сум била на венчавка во Св. Пантелејмон во Долно Нерези. Венчавката беше пред 3 и пол години. Црквата има убав двор каде што младите се сликаа. Не ми се допадна тоа што венчавката траеше околу 45 минути. Бидејќи бев старосватица, морав цело време да стојам и мислев дека во секој момент ќе се онесвестам. Во истава црква бев на венчавка и пред 6 и пол години, само што тогаш венчавката траеше пократко. Изгледа се зависи од тоа кој поп венчава.
     
  10. nena-mk

    nena-mk Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Vaka po dolgo mislenje i baranje na crkvi se odlucivme za Markov Manastir, i se bese sredeno koga otidov da napravam muabet so otecot koj trebase da ne venca i koga mi kaza trista raboti koi me zbunija: nema frlanje na bonboncinja, nema platno okolu race, nema menuvanje na kruni i burmi od strana na kumot i starosvatot znaci nisto od seto toa...ne neka jas sum religiozna i mi znacat tie raboti ama vaka ispaga odam vo crkva go slusam popot kako pee edno pola saat i si zaminuavm i togas mu postaviv prasanje epa zosto nosam jas kum i starosvat so mene a toj mi veli za svedoci i ete me mene pak pa ne mora da gi nosam niv koga imam eden ton gosti koi ke mi bidat svedoci...iskreno mi go skrsi filmot i verenikot ne saka taka i sega ke mora da menuvame crkva:( a bas sakav tamu i toa mnoguuu:(
     
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    29.735
    Пол:
    Женски
    Ние се венчавме во Пресвета Богородица :)
     
  12. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Си закажавме венчавка во црквата Св. Димитрија. :) Јас сум крстена во оваа црква и многу ми се прави мерак што ќе се венчаме во неа. :)
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.229
    Пол:
    Женски
    Ние не се венчавме во црква, а и не планираме да се венчаме. Не ни е воопшто битен црковниот брак. Знам дека секоја црква има различна тарифа. Ама ова со покачувањето на цените е претерано.
     
  14. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Би сакала некоја што во скоро време правела венчавка во црквата св. Архангел Михаил во Автокоманда да ми каже дали бонбончињата за црква треба да ги спреми и фрла свекрвата или кумата?
     
  15. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    39.845
    Пол:
    Женски
    Ние пред 3 год. се венчававме во истата црква и ништо не ни кажаа кој треба да ги фрла бобончињата.
    Кај нас ги фрлаше кумата.
     
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    65.169
    Пол:
    Женски
    Крштеница треба само од парот или и сведоците(кум,старосват)?
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.514
    Допаѓања:
    30.335
    Пол:
    Женски
    @dunika Ние се венчавме пред 1,5 година и не ни бараа крштеница од никој, ниту од нас како брачен пар, ниту од кумот и старосватот.
    П.С. Во секој верски објект важат различни правила и обичаи иако сме православни.
    Само за ценовникот нема пречка никаде.
     
  18. Sneki_88

    Sneki_88 Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,

    Нова сум во групата и ми треба совет. Јас и момчето сме од различни градови, т.е. тој е од Струмица, јас од Кавадарци. Закажавме свадба во ресторан во Струмица. Проблемот сега е изборот на црква. Уште откако ме запросија и се регистриравме, сакав црковниот брак да го склучиме во Св. Петка Кавадарци. Е сега мојот сопруг ми вели дека редот не бил таков и дека црквата требало да биде во градот од кај што е младоженецот. Навистина ли е тоа така? Исто ми вели, моите родители демек свекорот и свекрвата нема да дојдат во Кавадарци и нема да присуствуваат на свечениот чин ако биде така... Под голем стрес сум уште од сега и не знам што да правам. Навистина желба ми е и многу ми значи црковниот брак да е во мојот град и да е во црквата кај што јас сакам. Ве молам за совет.

    Ви благодарам однапред.
     
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    9.856
    Допаѓања:
    121.128
    Мислам дека се е ствар на договор. Правила нема.
    Пробај да не си правиш тензии. И во Струмица има преубави цркви и манастири. Полни се со зеленило, па може после да направите и фотосесија таму.

    Сепак тоа е ваше, договорете се двајцата, на дозволувајте да ви влијаат на одлуките.

    Само смирено и без нервози. Сите се храмови од Бога, каде и да решите верувам нема да погрешите.
     
    На *katja*, jasna83 и Sneki_88 им се допаѓа ова.
  20. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    323
    И јас би ти рекла како дафи да не се нервираш и да се договориш со маж ти. Нема правила т.е ред, како што ти кажал сопругот. Еве знам пример каде девојката е од еден град а момчето од друг па црковното венчавање ќе биде во градот на девојката а 3 дена подоцна ќе ја прават свадбата во градот на момчето. Се работи за Охрид и Скопје. Има исто и примери каде се венчаваат на неутрална територија, во некој манастир и сл.

    Ако стварно толку ти е желба и ако постои помеѓу вас разбирање, што би требало, објасни му смирено и кажи дека тебе стварно ти значи да се склучи бракот во таа црква во Кавадарци.

    Не гледам причина зошто свекор ти и свекрвата не би сакале да дојдат таму на венчавка. Сепак ваша е венчавката и треба да е ваша и одлуката каде таа ќе се одржи. Нивно е да присуствуваат и да се радуваат.
     
    На Sneki_88 му/ѝ се допаѓа ова.