Ќе помине мисли како ќе го поминеш животот со човекот кој го сакаш. И јас не верувам па бев кума, повторував по свештеникот и ми беше смешно искрено не го сфаќав сериозно. Прочитав во друга тема дека свекрвата сакала сите адети да се тераат и ти си попуштила. Ако не сакаш нема шо да попушташ. Тоа е твој ден, твоја свадба, сите девојчиња од мали сонуваме за тој ден и нема смисла да биде по мерак на некој друг, свекрвата била невеста и поминало. Во ред е ајде за нешто ќе замижеш, ама за све немој.
Јас ќе морам. Ми велат како ќе правите крштевка, не можело ако не сме венчани во црква. Јас не ни сакам крштевка, ама тука сите прават и фамилијата на вереникот се такви, верници не прифаќаат поинаку.
Не. Го прашале демек свештеникот. Не можело. И ако не си крстен не може да се венчаш во црква. Бараат на венчавка документ дека си крстен, а на крштевка бараат да приложиш документ дека си се венчал во црква.
Све само за пари прават. Голема работа, крај краева може да се крштеваш на Водици, групна крштевка прават тогаш никој не ти бара документи.
Пфффф, нема да крштеваат За пари се ќе се направи Како венчаваат во пости, иако не е дозволено? Ќе си платиш 2-3 пати повеќе и ќе те венчаат. Друго, ако не сакаш во црвква, немој. Вереникот, мајка му, цел живот ќе те водат по тие патеки и ќе ти го креваат само притисокот. Ако си решена да си го сочуваш мирот - сега е време да си кажеш што сакаш и не смееш да попуштиш. Ако попушташ секој пат кога нему му текне нешто, ќе си те влече по негово како што сака. Врската и бракот треба да се темелат на договор во кој и двете страни ќе бидат среќни (а тоа сте вереникот и ти, а не тој и мајка му.)
Готова е таа работа. Свадбата е за неколку дена.Гледам и сама во каков пекол се впуштам. Моите ми велат дека истото го поминале и не би сакале и јас така да се мачам, ама сега ако откажеме се, ќе се направат само збрки и поголеми нервози. Се помирив веќе, како сакаат така, само да не се нервирам кога гледам нема да имам позитивен исход. Гледам дека џабе ќе се инаетам..
Девојче. .се откажуваат свадби во 5 до 12 баш заради такви работи. Еднаш ако се вмешаат после тоа готово е. Најбитното е дека имаш поддршка од родителите.
@Fallen.Angel Гледам си преоптеретена со свадбава ама не и со деновите,годините што следат после неа.Свадбата е неколку саати и ќе се издржи,ама што правиме после?Наместо да се замараш со свадбата седни и размисли како ќе продолжиш ЦЕЛ живот покрај тој човек.
А што се повторува по попот? Кај нас никој ништо ниту рече ниту повтори. Попот си ја тераше работата. Во однос на венчавање и крштевање, знам дека ако родителите не се венчани во црква, детето може да се крштева, но според црквата се води како вонбрачно. Затоа што родителите не склучиле црковен брак. Мм вака се води. Но за венчавката не правеа проблеми, бидејќи и ние двајца и сведоците сме крстени во црква.
Познавам пар што е венчан во црква иако невестата не е крстена. И ќерка ми е крстена иако ние не сме венчани во црква. За пари се се може. И јас сум атеист. Маж ми го прашав дали сака да се венчаме во црква, рече како сакаш, и не се венчавме. За детето рече дека сака да се крсти, и ја крстивме. Не прашав ни мајка ни свекрва за нивни желби. Ние како си се договоривме, така си направивме.
Здраво. Дали некој се венчал на Св. Наум во Охрид последнава година? Ме интересира цената за во црква. Планираме мала венчавка на Св. Наум со гости на Острово па некоја да сподели искуство?
Ќе се венчаваме и ќе ја крштеваме малата во манастирот во с. Лешок, Тетово. Преубаво место е, да си појдете некогаш преку викенд, имате и ресторан