Дали во црква рамената треба да бидат покриени? Дали може со велот да ги покријам, или мора да земам нешто за над фустанот бидејќи ќе ми биде на тенки прерамки?
Мене не ми беа покриени рамената,сосем малку како чипка имав ама и преку него се познаваа рамената.... не би требало да е тоа проблем
Истово се мислам и јас. Ќе имам вел и јас. Сум гледала по слики од црква дека некои и немале. Незз како е паметно и правилно.
Здраво, крај на месецов имаме свадба. За свадбата имаме кум, старејко, девер. Свадбата ја закажавме уште лани. Годинава старејкото се вери и би правеле свадба во Октомври, е сега е во мисла дали може да не венча нас и во иста година тој да се венча, дали има некои верски верувања дека не може на пример како за деверот декатаа година не би требало да се жени, дали е слично и за старејкото?
Не се тоа верски верувања туку народни Сега од тебе зависи дали веруваш во тие народни измислици или не.Еден куп парови знам што си правеа свадби во исти години сега за сега живи здрави сеуште во брак.
Здраво, ме интересира колку време пред свадба се закажува во црква и дали знаете старосватица дали може да е муслиманка? Фала
Старосватицата треба да е православна. Затоа што треба да биде крстена во црква. Мислам дека може и католик да е. А за црква зависи во која сакаш. И во колку часот сакаш.
па за статосватицата не е дозволено, мора да се христијани сите кои го сочинуваат светиот чин на венчање во црква
Здраво сакаме со сопругот да се венчаме во црква,ради короната само се запишавме и не сме венчани, ме интересира која е цената сега за венчавање? и освен бурми што треба друго да се земе
Цена за во црква е различна од црква до црква. Кај нас 7000 беше вкупно, во друга црква 9000 платија кај другарка. А се што друго треба, кога ќе закажувате ќе ви дадат ливче.
Zdravo, nie planirame slicno scenario, pa me interesiraat iskustva. Kolku cini vencavka vo manastirot sv Naum i kako se stapuva vo kontakt so niv. Na internet ne uspeav da najdam bas nisto...
Во колку часот би било идеално да се закаже венчавката и крштевката во црква, ако приемот на гости во ресторанот е од 19 до 19:30 часот (ресторанот е веднаш до црквата)?