@SummerGirl @Компир Манџа фала ви, ама тоа е ако фотосесијата е направена претходно, така? Инаку нема да има време, не знам колку трае една фотосесија..
Може, ако имате многу пари. Инаку не може. За обични смртници, важи забраната од САС на МПЦ-ОА, дека венчавки по манастири не смеат да се прават, ама ете детето на бизнисмени од Прилеп го венчаа таму.
Ова го имам слушнато и за венчавање за време на пости.. си плаќаш и може добро а која е тарифата аман? Или едноставно врски фаќаат луѓево и така….
Значи овие имаат дадено сериозно големи пари за Црквата. Ама и вас, што ви менува каде ќе се венчате? Битен е Божјиот благослов, а не местото.
Зависи кој како сака. Некои оваа задача ѝ ја доделуваат само на кумата (или и на некоја од помладите девојки во семејството) оти сметаат дека свекрвата ќе донесе несреќа.