1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цркви и манастири - поклонички патувања

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 3 мај 2011.

  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.711
    Пол:
    Женски
    Јас пред 2 години бев на туристичко-поклонички патувања. ;) Бевме во Црна Гора.Таму посетивме и едно мало манастирче на т.н. Остров на цвеќињата.Па бевме во Цетиње,Цетињскиот манастир(таму мислам дека е погребан Петар Петровиќ Његош)и влеговме внатре в црква се поклонивме пред едно тело така...на светец и оставивме пари...Спиевме под ведро небо во Острошкиот манастир,поточно кај манастирот Свети Василиј Острошки кај дворот.Многу нааарод имаше таму шо спиеја на отворено небо...прекрасно беше!Се разбудив во 3 и пол сабајлето!А и да не го заборавам Котор!Таму внатре во тие ѕидините има неколку цркви така како католички стил се изградени.Посетивме Св.Трифун,Св.Лука црквата....Бевме и Будва да шетниме малце на Словенска плажа...Преубаво беше!
    Ааа...и кога бев во Солун,посетивме црквата Агиос Димитрос(Свети Димитрија)и поседивме таму.Имаше и венчавка,па присуствувавме на венчавката.Се поклонивме,а и некое сувенирче-но и влеговме во едно како археолошко нешто под црквата,старата црква од ранохристијанскиот период ќе да беше тоа... :^)
    Требаше оваа година да одиме Истанбул на туристички-поклонички патувања да видиме цркви,вселенската патријаршија така нешто и слично,ама заради нередите се откажа патувањето.А сигурна сум и таму убаво ќе поминев :)
    А за во Македонија имам одено и во св.Јован Бигорски,Рајчица,Св.Тома(Градиште мислам дека се викаше селото близу Демир Хисар),Св.Христифор во с.Крстоар(Битола),Лешочкиот манастир,Осоговскиот....едноставно преубаво ;)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Девојки ми треба број за контакт од црквата св. Петка во Пржино.
    Благодарам
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Иако не сум девојка :) , телефонскиот број од света Петка во Црниче (веројатно на таа мислиш) е:
    02/3238 - 066
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Да на таа мислев
    Благгодарам.
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.711
    Пол:
    Женски
    Бев јас на поклоничко патување на манастири и цркви во Пелопонез и нешто од островот Кефалонија
    Прекрасно си поминав,па еве ќе ви прикачам и дел од фотографиите ;)
    [​IMG]
    Св.Герасим Кефалониски овде имаше конаци и тука ноќевавме
    [​IMG]
    Св.Никола или Св.Троица,не можевме баш најдобро да ја разбереме монахињата
    Манастирот колку шо разбрав има три олтари.Овде живее прозорливиот благословен старец дедо Нифон кој пред 30 години му било дијагностицирано рак,но ете денес е жив и има 100 и нешто години(а монахињите кажуваат дека има околу 90)и имавме чест да го видиме и да се фотографираме со него
    [​IMG]
    Св.Теодора Аркадијска,село Ватсас има едно црквиче посветено на неа.Овде има 17 дрвја,толку колку што имаше години светителката кога ја мачеа разбојници
    [​IMG]
    Св.Апостол Андреј Првоповикан,градот Патра
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Ме интересира, што се подразбира под поклоничко патување, како се чувствувате при тоа, на кого се поклонувате, како, какви дарови оставате...
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кажете за некој Манастир каде сте преспале, какви искуства имате и слично ? Сакам да отидам некаде, ми треба духовен мир, се мислам измеѓу Св.Петка Велгошти и Бигорски?
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица

    Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици
    — група христијански светци и маченици од IV век. Своите животи во име на христијанството ги загубиле во времето на римскиот цар Јулијан Отпадникот. Денеска од страна на Македонската Православна црква и православниот свет нивното дело се чествува на 11 декември. Во градот Струмица, односно местото каде биле погубени 11 декември се слави како патрон на градот.
    Комплексот цркви посветени на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица вклучува цркви од различни временски периоди и тоа: претхристијанска, ранохристијанска базилика, крстообразна црква и нејзината подоцнежна обнова. Во крстообразната црква се наоѓа најстарата досега пронајдена фреска во Македонија, на која се претставени светите Тивериополски свештеномаченици. Во претхристијанскиот храм се зачувани прекрасни подни мозаици, додека ранохристијанската базилика не може целосно да се открие заради тоа што добар нејзин дел е покриен од крстообразната црква. Оваа петокуполна средновековна црква од таканаречен сложен „цариградски тип“ е единствена во Македонија и една од ретките на Балканот.

    Денес, во манастирската црква се одвива редовен литургиски живот. Реновираните манастирски конаци се отворени за поклоници, работници итн, кои овде би сакале да преноќеваат.

    [​IMG][​IMG]
     
    На baby-star, korisnichka, meckicka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Сакапав барање тема кај шо можам ова да го поставам прашање.
    Неодамна бев во Лешочки манастир и нешто забележав, два светци беа едниот како лав, другиот како коза. И мајка ми то го забележа.
    Знај некој зошто е тоа така? Има некоја симболика .... ?
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Како и каде да му се поклонуваме на Бог?

    „Жената Му рече (на Исус): „Господине, гледам дека си пророк. Нашите татковци Му се поклонуваа на Бога на оваа планина, а вие велите дека Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.”
    Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим... Но доаѓа време и веќе настапи кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и оние кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”
    (Свето евангелие по Јован 4:19-24, Библијата)

    Што значи да му се поклонуваме на Бог во дух и вистина?

    Во Дух - тоа значи дека не е важно физичкото место каде му се поклонувате на Бог, туку е важно да му се поклонувате во духот. Поклонувањето значи потчинување на вашата воља под вољата на Бог. Човек може и со главата до земја да се поклони и пред гробот Христов, па пак да си живее себичен и грешен живот.

    Во вистина - тоа значи во вистинско познавање на Бог. Апостол Павле на едно место во Библијата за своите сонародници евреите вели: „Зашто, сведочам за нив, дека имаат ревност за Бога, но без правилно знаење.“ (Римјаните 10:2, Библијата) Ако немаме вистинско познавање на Бог, сета наша силна вера и ревност кон Бог е залудна, затоа што непознавајќи ја Неговата воља, може да постапуваме и спротивно на Неговата воља. А за да имаме вистинско познавање за Бог, потребно ни е да го читаме Божјиот збор - Библијата.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Еднаш викаше немало нигде запишано во библијата за преемството.Кога ти покажав еден куп реченици,почна да се оправдуваш"Е добро де има запишано ама кој вика дека тоа е гаранција".

    После викаше никаде во библијата не се спомнувало за свештеници.Кога повторно ти покажав реченици каде се спомнува не само за свештеници,туку и за епископи и ѓакони и презвитери,повторно се оправдуваше со нешто.

    Сега сакаш да ја омаловажиш црквата и да кажеш ама баш воопшто не е потребна.И готов си да кажеш дека и црквата не се спомнува во библијата.Ама ај кажи па да ти извадам и за неа повеќе реченици директно од библијата.

    Да оставиме тоа,за да не стане забуна која ја предизвикуваш.Само накратко ќе кажам мои реченици.Имаш лични молитви и поклонувања кон Бог,каде можеш секаде да ги вршиш.За кое во речениците кај Самарјанката за тоа се зборува и имаш литургиски молитви и поклонувања каде се вршат во цркви каде имаш примери исто од библијата дека апостолите граделе цркви.
    Она кое кај Самарјанката се спомнува се мисли на личните,но тоа не значи дека литургиските во црква треба да ги отстраниме.Но никој исто не вика дека и личните молитви и поклони треба да ги исфрлиме.
    Ај сега едно толкување од една книга од владиката за истото кое ти сам си го протолкува.Па јас повеќе би обрнал внимание на она толкување на владиката него ли на тебе.
    Жената Самарјанка
    „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Оној што ти вели: ‘Дај Ми да пијам’ – ти самата би побарала од Него и Он би ти дал вода жива... Секој што пие од оваа вода [обичната, природната], пак ќе ожедни; а кој пие од водата што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен“. (Јован 4, 10; 13–14)

    Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце. Оваа благодат во нас може да стане и извор на благодат која нè води во живот вечен доколку го очистиме и го отвориме нашето срце. Нашето срце е местото од коешто извира благодатта, изворот. Отворот на местото најнапред треба доволно да се очисти од нечистотијата на страстите, од наслагите на гревот и од присуството на демонот, за да протече благодатта. Потекувањето на благодатта, односно доби- вањето и пронаоѓањето на ‘вода жива’, пројавено како умносрдечна молитва, е дар Божји – „водата што ќе му ја дадам Јас“. Потоа не ни треба духовен раководител, благодатта сама ќе нè води – „вода што ќе тече во живот вечен“. Потекувањето или пројавувањето на бла- годатта е сведоштво дека не сме повеќе наемници, туку деца на Отецот наш Небесен; сведоштво дека лично сме го усвоиле дарот Божји и дека постоиме како личности; сведоштво дека сме усвоени од Отецот и дека наста- пуваме во силата на личност.

    155 „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!“ (Јован 4, 15). Затоа „иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и во вистина, зaшто Отецот сака такви да бидат оние коишто Му се поклонуваат. Бог е Дух, и оние што Му се поклонуваат треба да се поклонуваат во дух и во вистина“ (Јован 4, 23–24).
    Вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во благодатта на Светиот Дух и во исповедање на вистинска вера. Поклонувањето во дух и во вистина е едно и исто поклонување, едно и исто дејство, една и иста благодат. И се случува на едно и исто место – во срцето, пред сè.

    Благодатта на Светиот Дух Господ од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата за да Му се поклонуваме на Бог во дух и во вистина, туку неопходно е и да ја активираме и актуелизираме благодатта на светото Крштение. Кој сака да дознае што значи ова, односно, кој сака да го открие изворот на вода жива која тече во живот вечен, нека влезе во апсолутно или цело- срдечно послушание на Христовите заповеди, односно на Црквата, односно на светото предание, односно на сво- јот духовен отец. Тоа за нас, и ништо друго, значат збо- ровите: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете... Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршувам Неговото дело“ (Јован 4, 32; 34).

    Светите Отци понекогаш со терминот ‘дух’ го именуваат умот. Во библиско-антрополошка смисла, поклонувањето во дух и во вистина значи поклонување со исцелен ум. Исцелен ум има човек кој енергијата на 156 својот ум ја соединил со суштината на својот ум, која се наоѓа во неговото срце. Бидејќи ова соединување е дејство на благодатта Божја и молитвено-аскетски се случува внатре во неа, исцелен ум во одредена смисла е исто што и просветлен ум. Доколку ова соединување е постојано благодатно, а не времено аскетско, тогаш исцелен ум е исто што и обожен ум. Обожениот ум е ум од Духот воведен во сета вистина (види Јован 16, 13). Само за оној којшто има исцелен, обожен ум, можеме да говориме дека е целомудрен и девствен, во една човечка димензија на овие поими. Реков дека и исповедањето на вистинска вера е плод на благодатта. Исповедањето на вистинска вера има и свој теоретски – догматски и свој практичен – подвижнички дел. Неопходно е да веруваме и да испо- ведаме вистинска, православна вера и неопходно е да живееме согласно правилото на верата – начинот на својот живот и подвиг да го восогласиме со нивото на нашата духовна возраст. И обратно, зашто е една и иста благодат, животот и подвигот согласно правилото на верата водат кон познание на Бог и исповедање на вистинска вера, кон опит и доживување на Бог пре- точени во православно формулирање и исповедање на догмите, кон не толку вера колку знаење. „Сега веќе не веруваме од твоето [или нечие] кажување, оти сами чувме и знаеме [лично од Него] дека е Он Спасителот на светот, Христос“ (Јован 4, 42) – ѝ велат луѓето од селото на жената Самарјанка. А старец Софрониј вели: „Познанието на Бог извира од животот во Бог, кој се раѓа во внатрешноста на срцето“.

    Во практичниот, подвижничкиот дел спаѓа и ви- стинската вера, во смисла на доверба во Бог. Бог најпрвин ја потврди Својата доверба во нас со тоа што ни ја дарува Својата љубов; ни дарува постоење, живот и словесност; ни го дарува целиот Свој Домострој на нашето спасение и Самиот Себе; ни ја дарува православната вера; ни ја дарува Православната Црква; ни го дарува покајанието и, можам да кажам, бесконечното простување на грево- вите. Бог прв нас нè возљуби... (види 1. Јов. 4, 10). На нас е редот. И знаеме дека на нас е редот, но дали знаеме како и од каде да почнеме? Дали ќе се одлучиме веќе еднаш сериозно и истрајно да ја употребиме нашата волја за наше покајание? Верувам дека како голема утеха и голема надеж може да ни послужи дијалогот на Богочовекот Христос со жената Самарјанка – жена блудница, жена со искривена вера, жена чија состојба е во сè слична со состојбата на нашата душа: „Право кажа дека немаш маж; зашто петмина мажи си имала и овој што го имаш сега, не ти е маж; право рече“ (Јован 4, 17– 18).
    Голема утеха и голема надеж е фактот дека Господ Исус Христос на секого му дава можност за покајание и за лична средба и заедница со Него. Да почнеме од себе. Ако се согласувате со мене, тогаш, ајде, најнапред да заплачеме или да се присилиме да заплачеме, зашто тоа е дарот на жива вода која води кон живот вечен, дар соодветен за нивото на нашиот духовен развој во кое го ослободуваме нашето срце од заробеноста од страстите. Господи, ми даде сува земја, дај ми и водни из- вори (Суд. 1, 15).
     
    На HUNK, korisnichka и Rama им се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Си требала да сликаш...
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Па го почитувам правилото да не сликам во цркви и манастири ... се гледаше дека е сликано по шаблон, на сина основа, беше на горниот дел пред да почни кругот, едниот десно, другиот лево. Кога ќе влезиш десно мислам дека беше лавот, лево козата. Пишуваше име на светците, само не би да кажам зошто не ме држи добро меморијата па да не згрешам, полошо така нели.
    Барав и на гугл дали ќе најдам слична слика или некакво објаснување ама слики има само од надвор откако е реконструиран манастирот и внатре откако беше урнат, ништо од внатре сега.
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ај пробај со ова пребарување:
    https://www.google.com/search?ix=he...ws_rd=ssl#q=Лешочки манастир литургија&ix=heb
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    upload_2016-5-4_13-23-5.png
    Конкретна слика засега неможам да најдам, тука некаде се наоѓа, значи горе, кога ќе крениш главата идеа како врз тебе. Сега ќе продолжам да барам, ќе ставам и друга слика ако најдам.
    upload_2016-5-4_13-29-15.png
    Други слики засега неможам да најдам. Скоро се е пред реконструктицјата...
    @Orthophill
     
  16. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.711
    Пол:
    Женски
    Вчера бев во селото Буково,Битола за празникот Свети Сотир,односно Преображение.Бев вечерта на 18ти август со спиење во манастирските конаци и следниот ден на 19ти станав рано дури во 6 часот и погледот на изгрејсонцето од манастирот беше бесценет.Бидејќи бевме кумови за празникот,придонесовме и за манастирот нешто.Службата започна во 8 часот,а пеењето на грозјето и погачите беше во 9 часот.Ручекот беше приготвен од жителите на селото Буково.
    Ако сакате некојпат да го посетите манастирот,можете да дојдете преку крсторскиот манастир нагоре патот што е или пак преку селото Буково.За сместување е без пари.Ако доаѓате кога се слави овој празник јадење даваат од таму,а ако доаѓате во обичен ден,можите сами да си носите јадење и да си го приготвите таму.
    Има и мало црквиче Света Петка со света вода.
    Има легенда која вели дека вечерта на 18ти на полноќ,наспроти празникот дрвјата се поклонуваат кон манастирот,односно гранките се навалуваат.Минатата година три дрвја беа наведнати.
    Еве и фотографии:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Petra777, meckicka, korisnichka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Najubaviot mi manastir od dete odam tamu redovno odev na liturgii koga bev devojce
     
    На korisnichka и friendy им се допаѓа ова.
  18. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Deneska bevme na veljusa na manastirot presveta bogorodica eleusa prekrasno bese
     
    На TRANSPORTER086, Orthophill, Bulgarian и 2 други им се допаѓа ова.
  19. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Inaku tamu obicno odat na toj manastir tie kako mene sto nemaat deca da se molat na bogorodica
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Бог по молитвите на Пречистата и Пресвета Владичица наша Богородица, на светата Ана Божја Нана, на светиот Јоаким и на светите Захариј и Елисавета, да ве израдува со близначиња!
    И на сите да што ја молат Мајка Богородица, да ја принесе вашата молитва кон Својот Син и Бог и да ви дарува Он според верата ваша!
     
    На baby-star, mira.mira, душленце и 2 други им се допаѓа ова.