Сум посетила неколку Цркви и Манастири но нема да ги набројам затоа што не се ни сеќавам на сите. На неколкудневен престој во некој од манастирите не сум била сеуште, но желба ми е и се надевам еден ден ќе ја остварам.
Драги браќа и сестри, ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ Имаме Благослов од игуменот на Бигорската обител Архимандрит Партениј, на денот на празнувањето на Светите Кирил и Методиј Сесловенските просветители (24 Мај – Среда) да присуствуваме на првата празнична литургија во скитот на Бигорскиот манастир Св Кирил и Методиј- Битуше . Скитот е дел од Бигорската обител и е збогатен со детски камп за летната црковна школа. Да бидеме дел од нивната среќа и заедно да се помолиме за подобра иднина за сите нас. После литургијата ќе има пикник со трпеза на љубовта. Има организирано превоз и посета на Скитот Св.Кирил и Методиј. Цената изнесува 350 денари, Време на тргање во 06 час во пролазот под Железничка каде стојат автобусите на ЈСП . Важно: Сите кои што ќе дојдат пожелно е да донесат производи за споделување на трпезата на љубовта. Сите кои се заинтересирани и сакаат да се пријават може да се јават кај : Душанка 071 273 116 Рада 070 264 992 Милан 078 282 162 Анѓеле 075 427 961
Здраво,сакам да прашам во врска со посета на манастирот Св. Василиј Острошки. Дали некој бил и конкретно да пиши за Облека,Дар,што да се понесе ..Имам позитивна трема и несакам да заборавам нешто ..па ако има некој нека пише искуство Благодарам ..
На св. Василиј Острошки му се носат волнени чорапи на дар. Облеката вообичаена, како во секој манастир. Пожелно е пешки да се искачи брдото,до самиот манастир. Не сум била, но познавам многу луѓе, кои говорат за неговата милост.
Драги фемина членови , ве молам за помош доколку може некој да ми помогне . Се работи за мало црквиче ( за жал не се сеќавам на кој светец беше посветено ) , со голем двор , прекрасно уреден . Портата беше метална , со стара малечка камбана над неа . Црквичето беше од камен ( не реновирано , туку како што биле градени храмовите и црквите некогаш ) . Исто и оградата беше составена од камен и метал . Дворот и портата беа некои 250 метри оддалеченост една од друга . Над портата немаше крст само камбаната и името на црквата ( на кое што не се сеќавам , спомнав и погоре ) . Јас оваа црква ја сонував прв пат пред околу 3 ипол години . До сега сум ја сонувала 3 пати и секогаш истиот сон и никако не можам да се сетам на името . Да споменам и дека околу црквичето немаше други објекти , веројатно беше вон населено место . Многу ќе ми значи ако некој препознава ваков опис бидејќи имам неразјаснета порака од сонот што ме мачи долго време веќе , па би сакала да го посетам тоа место и да разговарам со личноста што оддалеку ја видов во сонот ( секако ако има вакво црквиче и ако постои таа личност ) . Би ви била бескрајно благодарна .
Дали некој знае каде има црква св. Никола со лековита вода? Знам дека има една во Охрид, но не сум сигурна за водата.
Голема желба ми е Ерусалим да одам барем еднаш во животов.Преку познаник добив малку земја од таму и преубава икона на Св.Богородица. Ќе биде некој ден се надевам.
Дали знаете дали во манастирот Св.Ѓеорѓија во Кнежино,има монаси или монахињи?Неколку пати го сонувам.Имам мака , па сакам да разговарам до некој од таму.
RafafaИстакнат член НОВ Ако знае некој нека ми каже што се носи во Острошкиот манастир? Планирам да одам во Петок, прочитав на некој форум дека треба волнени чорапи и коцки шеќер.. ако знае некој поточно каде се осатаваат нека каже.
Некои велат дар се оставаат волнени чорапи за светецот, некои велат обични бели чорапи, па така јас однесов обични бели машки чорапи. Инаку чорапите се оставаат во едни големи кошници кои стојат во собата каде што се наоѓаат светите мошти на Св.Василиј Острошки, барем така беше пред неколку години. Коцките шеќер само ги внесуваш со тебе во собата кај моштите и си ги враќаш дома, ќе си ги јадеш ти, и можеш за здравје да им раздадеш на твоите блиски, јас така направив, а и од други луѓе имав слушано. Инаку не смееш да ги допираш моштите, нас тогаш не ни дозволија, ама ионака во таа света соба со присуството на светецот се е свето, се што ќе внесеме поприма благодат. Убаво да си поминеш
Ќе може некој да ми препорача манастир во скопје сеа дека сум машко изгледа треба да е машки, ја не знам каде да појдам, да поразговарам со некој монах.