Иначе, ова е добра бизнис идеа. Исто ко у Лас Вегас, градиш црква, џамија со најмени глумци и венчаваш луѓе за доживљај, добри слики и за пред комшии. Или може попот или оџата матичари да бидат, па да се скрати на време. Абе не сум нормална, биЗмиЗенка на годината.
А зошто ти не прејдеш во нејзината вера? Во многубројни религии има некакви церемонии, некои се венчаваат во хинду храмови, колку што можад да видам многу е церемонијално: Доколку се регистрирате во рамките на некоја верска институција, внимавајте, тој документ може да има и правно значење утре или после многу години, а секако ќе има и духовно значење во царствата на душите по овоземната смрт. Тогаш, извесно долго време, невидливото енергетското поле ќе може да полага право врз душата на човекот кој доброволно се приклонил на верската групација. Најдобро е човек да биде слободен од секаква традиционална и верска врзаност, но секој одлучува во крајна линија самата/самиот за себе.
Ако не си крстен/а не можеш да се венчаш во црква. Ако си верник не е убаво да лажеш само за да се венчаш. Даваат документ дека си венчан во црква?
Распрашај си се убаво во тие кругови срцка, црквата не е банкомат, ама би требало да знае да отпечати крштениче ако и светне добра понуда, сепак ова е Македонија. Може ќе поминеш поскупичко, за упат обично дилаат Атлантис и кафе (мајка ми ова го дила), ама барем ќе ти завршат работа. Попови се сепак, тие џипишта и некретнини кај Холидеј ИН не се само од продавање свеќи. А и ова твоево е баш христијански, спас по скратен пат, со врски и прескокнување на правила. - А бе брат, не може ли некако побрзо да ја направиме работава? Имаме гости, распоред, кумовиве се од Германија дојдени, кнап сме со време, дај да средиме, збори со дедо Агатангел што може да се направи…
Not me reading it "Црковна венчавка кога еден од партнерите не е кретен" Таа дискусија радо бев тргнала да ја читам
Мене ме интересира дали невестава сака венчавка без крштевање или ова на младоженецов е само некоја фантастична идеја? Мене ми звучи дека само сака да се прави главен дека еве она дојде на моето, иако ни под разно она не сака да има некаков допир со неговата религија. Јас сум атеист, и не сум венчана во црква. Тоа ми беше услов за свадбата, и маж ми се согласи. Крстена сум ко бебе, но сега никаква конекција немам со религија и христијанство, ама имам сериозен проблем со муабетот што го прави попот при венчавка и не можам да кажам амин кога ќе ми рече да се потчинам на мажот. На тема што е можно во христијанство, желба на маж ми беше да се крстат децата, попот ни рече да се венчаме за тоа, реков нема шанси, децата ги крстија. Црквата функционира со пари, и кога ќе си платиш се е можно.
Мене ова ми изгледа како да живееш за другите што ќе кажат. И јас не сум венчана во црква затоа што сопругот не е крстен и неке да се крсти, а православен е. И не го терам иако знае дека ми значи црковно венчавање. И не знам дали знаеш ако се венчаш во црква и не дај боже да се разведеш после мораш и во црква да се разведеш? Ако не се разведеш во црква после не можеш да се венчаш пак во црква иако си разведен на папир во матично
Крштевањето нема врска со пари и предуслови, и без венчани родители, и без христијани родители може да бидеш крстен.
Не мора да се венчани ама мора да се крстени и родителите во црква за и детето/децата да бидат крстени.
Е добро, а рецимо муслиман сум и сакам да станам христијанин? Или различно е за деца и возрасни? Ми нема многу смисла ова, знам и за луѓе илегално крстени како деца, без знаење на еден родител, сигурно без крштеница од родители. Кумот мора да е крстен за да биде кум, тоа да.
Па претпоставувам за малолетно лице т.е деца и полнолетни лица е различно. Ама и поповите не се тоа што биле за пари се ќе направат.
Овие илегалните од пред 60 години се, плус минус,, не за пари туку за верата работеле. Овие денес се друга прича.
Не знам мене ме прашаа дали се крстени двајцата родители и дека бараат крштеница од двајцата. Маж ми не е крстен затоа не можам и ќерка ми да ја крстам. Ама можда и од црква до црква од поп до поп да варира. Овие денес зинал гз за пари. И за венчавка и за крштевка и за погреб и за слава, не се арни