И ја не сфаќам што мора во црква венчавка ако не ви е толку битно. Многу има што знам се венчале оти било желба на другиот или на фамилиите. Али ќе дадете 6000ки на некој поп, а после ќе пцуете гости што не си ја платиле порцијата
Јас искрено мислам дека си го згрешила попот. На пример сум мажена за кинез. Зошто не би можела да го крстам детето? Види мпц страната дали ти отвора и прочитај па кажи.
Ова воопшто не е точно и правилно, нелој поп лудак се погодил, одете во некој манастир, нека го крсти детето некој јеромонах...
Која навреда и понижување за сопствената религија. Битна била опаковката ама не и содржината. Тоа штом е битна само церемонијата може да значи само едно: го правам тоа не затоа што сакам туку за мајка и татко да не се лутат како и стринки, вујни и тетки да не зборуваат наоколу.
не е вака за бебе. Нема врска бебето ништо дали родителите се крстени. То двајцата сопружници треба да се крстени за да се венчаат
Лошо сум пишала. Родителите венчани, а кумот крстен. Тоа е потребно за бебе да се крсти. Ама поентата ми беше дека иако ми рекоа дека е потребно, јас реков не се венчам, па пак крштевка направија. Значи што и да речат, ништо не треба во црквата. На оригиналниот муабет од темава, се е можно.
И јас не сум венчана во црква, а децата се крстени. И моите не беа венчани, а јас и сестра ми сме крстени. И јас кажав дека не се венчавам во црква. На маж ми сеедно му беше.
@Number 1 не се надевај дека ќе се нафати некој да ве венча ако не е крстена невестата. Нема исклучоци. И крштевањето и венчавањето се две многу важни работи од верски аспект, не се прават ради реда туку имаат огромна длабочина и значење. Ти велиш дека повеќе церемонијално ти значи, но нема начин да се изврши. Подобро викнете матичар на некое убаво и за вас посебно место и тоа е тоа.
Фотосесија во црква бе За да залепиш слики на ФБ и инста еве во црква бевме се венчавме а они само се прошетале и позирале За тој како што го викаш уникатен момент да изобилува со детали треба и двајцата духовно да сте посветени на православието, во случајов жена ти не е... На неа ништо нема да и значи тој за тебе важен момент...а богами ни тебе нема да ти значи колку што гледам бидејќи ти не си верник, ти си верник само на хартија.. Не може да биде момент за паметење нешто што не му се допаѓа на едниот партнер, нешто со кое нема никаква врска ... Сигурна сум дека и тебе ќе ти биде момент за паметење, со сите детали и духовно поврзување ако жена ти ти рече - миличок, јас решив! Сакам во будистички храм да се венчавме ... Мхм, јес дарлинг
Чим бараш заобиколување на правилата значи дека жената не сака да се крсти. А чим не ти е битно од религиски аспект тогаш нема ни поента црковна венчавка. Не е поентата да поткупуваш, да заобиколуваш, да вртиш туку вистински да сакаш. Или сакаш да ја наметнеш религијата или да направиш церемонија за комшилук, трето нема. Не било наметнато ама цела тема отворена како да се направи црковна венчавка ако не сака да се крсти жената е рамно на подметнување. А толку е едноставно, да правите муабет на време за вакви дешавки, наместо 5 до 12 да се бараат обиколки за многу прости работи. И не знам зошто влегувате во брак со некој што е од друга религија, националност, а не сакате да им го испоштувате нивното верување со тоа што ги терате да прифатат ваше.
Јас не би ти дала совет за поставените прашања, туку како логичен заклучок од се би ти сумирала поубаво е да почекате двајцата или најдобро воопшто да не склчувате брак кога сте со тотално различни гледишта на оваа тема. Во целава ситуација ти наметнуваш, таа не сака и каков компромис имате тука? Вие од старт не наоѓате заедничко решение, еден наметнува друг се опира, па во брак како мислите дека ќе функционира/те? Е сега ако младата е малце трудна па се избрзувате пак би ти препорачала да не ја принудуваш да прави нешто што не сака, скокнете црква, направете си граѓански и прослава и со среќа и повеќе разбирање и компромиси.
Ние кога се венчавме со мм, не бараа крштеници од нас. Другар мој лани се венча со жена му, која е од друга националност и вероисповед. Си се венчаа во црква православна, никој проблем не им направи дека она не е иста вера и националност, и не е крстена. Венчаница си добија после.
Ти си walking red flag. То е сѐ шо читам. Остај ја жената да си најди некој шо ќе ја прифати каква шо е. Пошто ете, секое мислење е добредојдено, that's mine. Edit: не си ни верник, туку глумец. Ако сакаш ќе ти пуштам една страна на ФБ кај шо прат castings за на филм.