Спојлер Симката што Озлем ќе и ја остави на Ебру не е снимката со убиството на Мурат,туку истовремено Ада во истиот сервис ја оставила камерата да и ја префрлат снимката од нивниот роденден кога биле мали,тоа Мурат го снимил и по грешка таа снимка ќе и ја дадат на Озлем во мобиларата.А снимката со убиството ќе и ја дадат на Ада и тие собрани во куќата на Фират ќе сакаат да ја пуштат но нема да работи двд-то.После некоја случка ќе има во конакот и ќе ги викнат Ебру со децата и тогаш Озлем од торбата ќе го земе цдето и ќе го пушти да гледа и тогаш Кендал ќе влезе и тоа ќе го види ќе ја малтретира дури ќе сака и да ја убие.Пак Кендал ќе се извлече
Ќе се дознае дека Баран е син на Ебру? Знае некој да ми објасни што ќе се случи понатаму? Леле баш ме интересира
Спојлер Се и сешто ќе се случува,само ќе се заплеткува иначе Ебру ќе дознае дека Баран и е син таму негде 88епизода (по турски ама кај нив една епизода трае по два часа) и тогаш ќе заврши првата сезона. Озлем ќе сака да ја отруе Сибел и во сокот ќе стави некој отров но тоа ќе го испие Ебру и ќе и се слоши,Ада и Мајааа ќе почнаат да викаат а Баран ќе дојде и ќе ја однесат во болница и после Eбру ќе дознае дека за се е крива Oзлем амаа нема ништо да каже.Сите ќе ја обвинуваат Нарин за тоа,само Ебру ќе ја одбрани и Нарин ќе замине од куќата ќе отиде во некоја мала куќичка ваљда таму живеела кога била мала,Кадрие и Ебру ќе ја натераат да се врати.Кендал ќе му нареди на Касим да ја убие Озлем ама таа ќе му каже на Кендал дека има уште една копија од цдето и дека го дала некому и му кажала доколку и се случи нешто да го однесе во полиција.Тука таа и Касим ќе се здружат.Послее аа наредникот ќе и каже на Нарин дека ја сака,Ебру ќе најде работа како келнерка,ќе се дознае дека Сибел и Баран "спиеле“ заедно т.е ебру ќе му каже на баран да и признае на Ајше,послее Баран ќе му впери пиштол на Кендал и малце ќе го рани и така натаму
Kaj gi gledase epizodive?na inyernet ili hajat?momentalno istiov film igra na hajat ponapred se od sitel pa kaj saka neka si go gleda
Sega treba da pocne na hajat cekam i jas,sabota i nedela od 20i30priblizno to vreme.a sekoj raboten den od 12na hajat isto
Ја досега до каде стасав сеуште го нема,но се алудира на тоа дека ќе се појави дека паричникот ќе му го најдат близу копното и претпоставуваат дека испливал и дека можеби е жив и пак ќе ја отворат истрагата.Гледав еден дел од нз која епизода и тој се појавува во собата на Нарин и тогаш Баран ќе влезее ама Мурат ќе се сокрие е сега може неко го сонува тоа не знам точно.
Јас почнав од 88 или 89 епизода да гледам на мовтех и видов во една епизода како Нарин разговара со Мурат а он е во болница ама не знам дали и беше сеќавање од порано или од скоро
Нови детали за настаните кои следуваат: Спојлер Озлем ќе го прати цд-ето на Огус,тој ќе ја пушти и таман да почне да гледа ќе му заѕвони телефонот.Ебру го пријавила Кендал велејќи дека се сомнева во тоа дека тој го убил Мурат.Касим ќе се налути кога ќе слушне дека Озлем го пратила цд-ето,во меѓувреме Огус го вика Кендал на разговор,после тоа доаѓа Касим и успева да го земе цд-ето.Ада и Середар ќе бидат во врска и Ебру ќе сака да го запознае,неколку дена Ебру со децата и Фират ќе работат нешто на полето.Сердар е повикан на вечера а дента Маја после напорната работа ќе отиде да купи колачи а истовремено и Сердар,таму ќе се сретнат таа нешто ќе збори,небитно.Кога ќе пристигне Сердар на вечерата и кога ќе види дека Маја и е сестра на Ада двајцата биваат многу изненадени.Мурат е жив,некој човек го чувал и му вика причекај уште малце,а на ѕидот имаше се слики од Баран,Ада,Маја..и после човекот со Мурат ќе влезат во некој автомобил за негде да идат.Иначе ќе има една сцена,Нарин (која ќе стане многу подобра,убаво ќе се однесува со Ајше,се со цел да го придобие Баран,Огус и признал дека ја сака а таа едно време ќе го држи во неизвеснот но потоа ќе се согласи да биде негова)пред да се согласи на барањето на Огус,ќе сонува сон,Мурат како влегува во нејзината соба и и зборува како е во ред што го заборавила и дека нема потреба да ја носи бурмата повеќе ионака нивниот однос бил повеќе како брат-сестра и кога ќе се разбуди а и утредента нема да може да ја најде бурмата нигде.Истата ноќ Ебру ваљда го сонува Мурат или имала некое претчуство,не знам,ќе излезе во дворот и таму ќе има црвени рози на столот и откако ќе се врати нив нема да ги има.А за розите виновникот е Сердар тој ги ставил и после се вратил и ги земал. Озлем па ќе го стави цд-ето во собата на Баран,но ќе додје Асим и ќе сака да гледа филм (на кој наводно тој секогаш се расплакувал) и ќе види како Кендал го убива Мурат.
Од турскиве серии, аман веќе . Не ја гледам, ама од моите што ја гледаат, знам што е тематиката. Инаку, Ада ми е најубава глумица од сите во серијата
Мурат е жив ќе дојде во конакот и сите ќе бидат во шок но мислам дека само две епизоди ќе биде и после ќе му се слоши ќе го однесат во болница и Ебру ќе им јави дека умрел
Да он е жив и живее кај некој Кенан кој после ќе се зближи со Ебру ама тоа мислам дека откако веќе Мурат ќе биде умрен (од срцев удар).А ќе се дознае мислам дека Кендал го направил тоа и откако Кадрие ќе дознае ќе сака да пука во Кендал ама мислам дека ќе ја спречи полицијата. Понатака и Кендал ќе сака да ја убие Сибел пошто Озлем ќе каже нешто