1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црната листа (The Blacklist)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Giovanna, 30 август 2013.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Премиерата е на 23-ти септември, па според официјалниот трејлер осеќам дека и оваа серија ќе си добие почесно место во густо збиениот неделен распоред на серии :sweat: :rofl:

    Серијата започнува кога еден од најбараните криминалци доброволно се предава на полицијата, ама нормално има и добро осмислен план во главата.
    Да не зборувам многу напразно, видете го трејлерот да ви биде јасно. Главниот лик совршено се вклопува во улогата, доколку сте гледале Boston Legal, знете кој e Џемјс Спејдер.
    Тематиката не е најоригинална, со што има и простор за утка, ама тргнувам позитивно поради главниот лик, па ќе видиме :)

    http://www.youtube.com/watch?v=k9_qgX7pTlc
     
    На marlonbrando69 и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    И јас си го сакам Џејмс Спајдер, па ќе и дадам шанса на серијава!
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Никој ли не ја загледа серијава?

    Се надевам дека нема сама да си коментирам на темава затоа што стварно вреди да и се обрати внимание.
    Дефинитивно се издвојува од сите серии што ги следам или што некогаш сум ги гледала. Главниот лик како што и очекував генијално ја исполнува својата улога, додека за женската главна улога мислењето ми е малку поделено.
    Тоа плавото лигле ме вади од такт, но тоа е, во секоја ваква американска крими акција со доза на драматичност, мора да има и по некој уфуран лик. Тоа е и единственото нешто што малку ме нервира во серијава, се ежам на тие типични американски бљувотини кога ЦИА, ФБИ и слични на нив ќе здружат сили и ќе го спасуваат денот :rofl:

    Како и да е, останатото е одлично, има добра доза на неизвесност и мистерија, па засега има висока оцена од мене.
     
  4. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Дали ја гледавте синоќешната епизода, The Good Samaritan Killer ?

    Мене ми беше предобра. Дефинитивно сериски убиец каков што до сега не сум сретнала. Ми се допаѓаше тој патерн по кој одеше, иако ова звучи премногу лошо.
    Ред многу добро си ја изигра улогата, ми се допаѓа како открива податоци, повеќе зема отколку што бара. Дефинитивно мислам нешто, т.е сигурна сум.

    Ред и е татко на Лиззи.
     
  5. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Штета е баш што темава не се развива, и серијава не се гледа баш.

    Последнава епизода е дииилишс. :clap:
    Одличен тек на настаните, целосно бев посветена на епизодата. Заедно со нив ги решавам проблемчињата. Ми се допадна зашто се откија работи многу, а и дефинитивно морам да признаам дека секој член од The Blacklist е со своја приказна, која е многу интересна за гледање.
    Џолин е прекрасна дефинитивно, мислам дека ќе се роди нешто меѓу неа и Том.
    Јас мислам дека Ред ја има најмено неа за да и ги отвори очите на Лизи, нели листаше таа едно досје на Том. Колку што е слатка, толку ми е и мистериозна.

    Никогаш не би помислила дека таа беше таа издајцата. Воопшто ја нема таа фацка. :o
     
  6. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас сум до 6. епизода, интересна е серијава :)
    Туку ги сакам Лизи и тој плавиот заедно, Доналд мислам беше :wasntme:
    Делува на моменти како сељак ама се си мислам дека е само маска тоа, тешко минато имал најверојатно што го направило таков :?:
    Многу ми е убав :inlove:
     
  7. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ја изгледав и 12. епизода.
    Изгледа во оваа сезона нема желбата да ми се оствари ко што гледам, ама се надевам понатаму :inlove:
    Ако не ќе престанам да ја гледам :(
     
  8. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    ^
    Мене најнов пар и најдобар, ми се Том и таа Џолин, новата што е.
    Ау предобри ми се заедно, Том е срцка. Дефинитивно тип на момче што ми се допаѓа. Интелектуален, скромен, интересен, згоден и привлечен. А Џолин ми е многу мистериозна и слатка.
     
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Сега ја забележав темава.Според вашите позитивни критики и јас ке пробам да си фатам време да ја гледам серијава,гледам убава била,интересна.
     
  10. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Аааа :geek: ми мириса на Лизи и Доналд понатаму 8)
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Ja гледавте новата епизода?
    Јас не сум ја видела темава досега инаку имаше да коментирам како луда :P
    Ја изгледав летово, ептен ми се допадна од секој аспект.Лизи е многу добар лик, не знам како ја немам гледано актеркава досега во други серии, а и ептен убава е.Ренингтон е одличен лик, актерот малку ми има иритирачка појава, ама сепак.Приказната е осмислена на ниво и актерската екипа во целост е одлична.
    Јас сега сум сигурна дека Ренингтон и е татко на Лизи, поради лузните на грбот, само не ми е јасно дали типкава во новата сезона што се појави, неговата жена и е мајка, зошто кога таа збореше како тој ја оставил не спомнуваше што се случило со детето после тоа.
    Со Доналд би ми биле убав пар, актеров малку ми беше мутав отпрвин ама сега е океј.
     
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Јас ја гледав :)
    Многу ми се допадна почетокот на сезонава, само се надевам дека нема премногу да тупат со Берлин и дека ќе почнат да убацуваат некои нови мистерии и уплеткувања. Иначе типчето ми е одвратно, таман го погодиле за улогата. Се надевам дека нешто сочно спремаат, затоа што уствари се' што се случуваше во првата сезона се сведува на ова.

    Таа жената не ја убација од нигде-никаде за џабе, ќе излезе нешто сомнително и со неа. Не верувам дека се појави само за Берлин да му се одмази на Ред. Има историја со неа во далечното минато пред 20 и кусур години, а тој период од животот на Ред е доста матен.
    Како и да е има таман доза неизвесност, ми личи дека ќе биде одлична втора сезона.
     
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Оооо, одамна не е коментирано. Серијава кога излезе ми беше супер. Се случуваа различни работи, интересна беше, разни настани... Морам да признаам дека после некое време премина во некоја, како да ја наречам, рутина? Секоја епизода се лови по некој криминалец, има интересни настани, ама нема заземање на други правци во приказната. Последниве неколку епизоди се така, интересни затоа што се пак во фазон на првите епизоди. Џејмс Спејдер не го обожавав порано, глумеше претежно негативци и имаше нешто кај него што ме одбиваше. Во серијава е маестрален. Многу елоквентен, театрален,да ти е мерак да го гледаш. Некој тон на гласот и начин на зборување, абе театар. Ме нервира Меган, некако не ми ја бива баш, ама ајде, се навикнав. И толку смотан ликот и' го направиле, во секоја епизода ќотек јаде. Едвај чекам да ги видам последниве епизоди, разрешницата. :clap:
     
  14. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    17.756
    Ја симнав прва сезона уште пред 2-3 месеци, дури сега пред 1 недела ја изгледав цела што се вика во 3-4 дена.
    И јас навивам за Доналд и Лизи.. (fingers)
    Сега сакав да почнам втора сезона, ама торент или сум тупа не знам да најдам или стварно нема. 8-|:^)
     
  15. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ја искрено уште ја гледам од надеж дека ќе бидне нешто помеѓу Доналд и Елизабет, инаку не ми е баш интересна :wasntme:
    Дај кажете некој ако има информација околу тоа барем да знам да гледам уште или да ја баталам :$:D
     
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Серијата заврши (т.е. сезоната, за серијава не сум сигурна), јас ја изгледав цела сезона и во однос на твоето прашање -
    не, нема ништо помеѓу Лизи и Доналд, ама не се откажувај зашто втората половина на втора сезона е сеопшта бркотница. Интересни работи се случуваат и станува многу непредвидливо и динамично, за промена. Just go ahead! (y)
     
  17. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    17.756
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    https://thepiratebay.vg/torrent/11956306/The_Blacklist_S02_WEB-DL_x264-FUM[ettv]
    Јас сум до првата епизода од втората сезона. Серијава најголем впечаток ми остави поради Редингтон, тој ја носи приказната на грб. Одличен лик, мистериозен, театрален во сосема доволна мера. Лизи на почетокот ептен ме нервираше, ама почна малку од малку да се оправа. :)
     
    На Antolinaa и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  19. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Ќе праќав и јас, чекав да се оправи thepiratebay. Како и да е, не испадна лоша втората половина од сезонава, а и да заврши серијата, нема да ми биде криво, крајот на втора сезона не е лош како крај и за серијата.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Нема да заврши, обновена е за трета сезона, ќе почне на 24ти септември, има солидни рејтинзи. :)
     
    На d.Darla и Lady Phoenix им се допаѓа ова.