Ја гледам и можам да кажам дека ми е една од омилените серии. Попусто си верувам во теоријата дека Ред и е татко на Лиз е точна. И да, се заљубив во Џемјс Спејдер.
Ја изгледав првата сезона, баш интересна серија, прво изгледав една сцена, и си реков не не го гледам филмов, ама после со мама си го загледавме, и ме бендиса. Ликот на Редингтон ми се бендисува, ама малку ме потсеќа по однесувањето на оној Ален -мислам дека се викаше, од Бостонски адвокати, (нели го глуми истиот актер), инаку Лиз ми е така понеутрална нема нешто екстра интересно кај неа, само сега уште не сфатив Редингтон и е татко или не...
Ја не спијам понекогаш кога чекам да излезе епизода. Специјално сум праел пауза за да ја симнам епизодата, и сеа едвај чекам да почне трета сезона. Можете многу да научите од серијата, т.е. како да покрај реалниот свет има и еден скриен свет позади, кој што го контролира реалниот свет барем јас таков впечаток имам според мене број еден серија, а овие денови додека имаат пауза гледав друга кратка серја 10 епизодки се вика Врски, бугарска серија онака за лајт расположење имам и торенти од неа
Луѓе, почната е новава сезона. Како ви се допаѓа засега? Мене ми е возбидлива и можеби е најдобра сезона до сега.
Мене па поспора ми е...ама ови ги гледам како што излегуваат, а претходните сите наеднаш и затоа можи...
И мене ми ептен добра сезонава. Мораа да сменат нешто, инаку ќе западнеа во досадна рутина (тешко дека има интересна рутина, ама добро.) Редингтон забавен како и секогаш, не трепнувам додека го има во кадар, секое движење да му го фатам.
Воодушевена сум од оваа серија и најнормално од Џејмс Спајдер, односно неговиот лик Ред. Од една страна случаевите што ги решаваат во секоја епизода кои почнуваат како нешто веќе видено, а завршуваат барем за мене секогаш неочекувано, и од друга страна позадинската приказна, односно мистериозната врска меѓу Ред и Лиз ме прават нестрплива за секоја нова епизода. Не можам да дочекам јануари да излезе следната. До сега секоја сцена каде Ред покажува чувства, било какви, љубов, страв, лојалност, јас се отепувам плачејќи, а посебно дијалозите со Лиз за нејзиниот приватен живот (кој го гледа ќе разбере, толку емотивни реплики ) Им ја препорачувам на сите љубители на серии од типот крајм, трилер, мистери .
Излезе нова епизодааа, јупиии (I'm so excited, and I just can't hide it ). Уште превод да имаше излезено и ќе бев на коњот . Значи ја обожавам серијата .
Само јас ли ја гледам серијата . Ако, и сама знам да си коментирам . Ја изгледав најновата епизода и како по обичај пола епизода плачев . Зошто? Не знам ни јас .Толкави емоции ми предизвикува овој филм, не можам да објаснам. Супер епизода, како и сите досега. После Ред , омилен ми е Арам, емотивец како мене .Со душа чекам следната епизода . Спојлер И што не го докрајчија Соломон, мамицу негову, само пак проблеми да прави .
Не си сама и јас ја гледам. Едвај чекав да излезе новата епизода па вечер ќе си ја изгледам. Читав коментари дека била многу добра новава епизода.
Абе јас сега втората сезона ја гледам, најдобро во серијата е што има една приказна што се провлекува низ целата серија, а не е само случај за случај секоја епизода, па милион такви серии има редно беше нешто помистично да направат, нешто се разбира како The Blacklist
Бев на работ да се откажам од серијава кога во 3 епизоди по ред ја киднапираа Кин. Па добро бе, не може тоа да им е главен плот на секоја епизода. Уште еднаш и се откажувам. Инаку генерално ок серија, интересна, возбудлива и мистериозна
11тата епизода беше неверојатна, немам зборови. 12тата ми беше малку послаба, ама на крај памет не ми паѓа да се откажам од оваа серија. Еве од мене најубавата песна во оваа серија. Ја обожавам : Sometimes I think it's a sin When I feel like I'm winning when I'm losing again...