Ја гледавте последната епизода ??? Спојлер Дали вистина го убија главниот лик, не ми се верува дека го направија тој потег да ја убојат Лиз, мислам главен лик е Ред, ама со Лиз во неговиот живот серијата имаше приказна, вака...Јас се сомневам дека е мртва, може само не изманипулираа и нас и Ред за да ја скријат од него, што знам, баш ми беа слатки со Том
Неееееееееееееееееееее неееееееееееее и неееееееееее! Спојлер Аман! Значи не е можно да ја убија Лиз! Не е можноооооооооо. Зоштоооо Сега ја гледав последната епизода и се отепав од плачење. Искрено ми нема смисла да ја убијат и да очекуват да продолжи некој да ја гледа онака баш е во центарот на серијата! Без Лиз ми е некако ко ЦСИ онаква обична крими серија. Мислам дека не е мртва. Уште не ја имаме ни дознаено приказната за мајка му и зошто оние сакаа да ја киднапираат и му се обраќаа со Маша Ростова. Ми нема смисла да е крај кога има уште мноооооогу материјал за нови епизоди со приказната на Лиз. Без неа ако се дознава нема да е то то. Аман само да не ја иступат в крај да се изнервирам да ја откажам. Лелееее одвај чекам нова епизода!
Спојлер Од тоа што читав по Фејсбук, Мр.Каплан има некаква улога во "смртта" на Лиз. Најверојатно не е мртва, туку актерката била бремена и во приватниот живот, па затоа прави пауза во оваа сезона. Се надевам дека е така, јас серијата ја гледам најмногу поради врската меѓу Ред и Лиз и без неа не би било исто, ќе се изгуби магијата на серијата.
Изгледав 2 сезони од blecklist. Ја почнав пред некоја недела и го барав секој слободен момент за да изгледам по некоја епизода. Една од најдобрите серии кои ги следам во моментов ако не и најдобра. Сега ги симнувам првите 3 епизоди од 3та сезона. Може нема да изгледам вечерва 3 епизоди ама 2 ќе изгледам. Многу ме интересира дали Реј и е татко на Лизи, се води кон тоа, нели? Ама како и да е. Да ја изгледам сезонава па ќе прокоментирам пак.
Леле, леле, последната финална епизода . Иако читав на фб како отприлика ќе заврши, мислам дека ниедна теорија не го предвиде самиот крај. Не го пишам ни во спојлер, не сакам на никој да му го расипам Моментот . Дефинитивно најубавата серија што сум ја гледала . Само да продолжат така . П.С. Сигурно само јас плачам на секоја епизода како ненормална . И музиката е 110% погодена, немам зборови :
Јас сум до 20та епизода и ми стана досадна, воопшто немам волја да ја догледам. Мислам дека Лиз ја исценира својата смрт за да избега од ред и да си биде со бебето. Клише е некако, знам дека така ќе испадне и затоа не ми се догледува. Ако сум грешка и стварно ептен се изненадам поправете ме.
Има блеклист игра која е достапна на плеј стор, па можете да си ја инсталирате за да играте додека не почне 4та сезона. Инаку едвај чекам да почне следната сезона на 22 септември.
Јас мислам дека и е татко. Нема друго објаснување. Толку да го погодува и да се грижи за нејзе, а да не му е ништо ми е ту мач баш. Дека е спојлерот?
Искрено, убедливо најдобри ми беа епизодите кога Лиз беше „мртва“, што ми е жив доказ дека не само што не допринесува со нешто позитивно за серијава, него напротив, само ја прави потиња. Удавија со „мистериозниот“ однос меѓу Ред и Лиз - дали и е или не и е татко - at this point, no one cares anymore. Не знам и не ми е гајле, и се надевам дека ќе смислат и некој друг начин да ни го одржат вниманието у сезонава. Четврта сезона да ја тераат со истата излитена will they-won't they фора е малце премногу.
Ако терат уште една сезона со овој мистериозен однос на Ред и Лиз, и прашањето што се случило со Катерина Ростова, отиде серијава. Мора да дадат веќе која е приказната и да смислат нешто ново. На мене најслаба приказна ми беше онаа за Берлин и Том. Очекував нешто помоќно. Кабалата е дефинитвно помоќно.
Ја гледате новата сезона? Има уште две епизоди колку што видов на imdb, од која следната е на 5 јануари. http://www.imdb.com/title/tt2741602/episodes?season=4&ref_=tt_eps_sn_4 Се надевам дека нема да ја прекинат серијата. Се слагам дека е ту мач со тоа дали и е татко или не, ама сепак интересна е приказната. Па коментари за новата сезона?
Зарем никој не ја гледа? Ги изгледав последните две епизоди и мислам дека: Спојлер Според она што прикажаа во епизодите во врска со Мр. Каплан, дознаваме дека првично е вработена од страна на Катарина Ростова како дадилка на Маша, никогаш додека работи за Катарина не го запознава Редингтон и не знае како изгледа...Сметам дека всушност Ред е Катарина, т.е.дека е мајката на Лиз
Послендите 4-5 епизоди искрено не ни памтам што се случуваше, зашто вниманието не успеа да ми се задржи многу,многу. Повеќе се ѕверев во телефонот и од време на време ќе фрлев око на епизодата.