4 сезони се чекаше за да се објави веќе очигледното Спојлер Реддингтон е таткото на Лиз, не откривал бидејќи се плашел и таа да не го има криминалниот ген во неа.. Добро финале имаше, сметам дека 5 сезона ќе е премногу, не знам веќе што би додале,освен нешто за тоа како умрела Катарина
@danichap јас го изгледав и спин-офот и некако онака мех ми беше. Штета што не го обновија за 2ра сезона, оставија многу не разјаснети работи. Да не бидам оф топик да си кажам и за блеклист некој збор. Ептен ми е јака серијава и кога ја продолжија серијава за 5та сезона се радував ко за паричка на бадник. Најмногу ја гледам заради Џејмс, ептен ми е срцка човекот. Едвај чекам новата сезона. Кој ќе чека до септември, октомври.
Никој не ја почна новата сезона? Искрено не верувам дека Ред и е татко на Лиз. Премногу е очигледно за да одат со тоа сценарио. Мислам дека ќе има некој пресврт до крајот на сезоната. Дури и во едно индервју Џејмс кажуваше да не бидеме многу комотни со тоа како се одвиваат настаните во серијата. Спојлер: Интервју Тука е и куферот со коски кој го остави Каплан. Има доста неодговорени прашања во врска со него. Зошто се толку битни тие коски што Ред се обидува да ги сокрие од Лиз и да не дознае за нив? Многу ме нервира Том. Да ми држи пиштол вперн во глава и јас да му простам, НИКОГАШ. И 500 деца да имам со него не би му простила. Инаку ми се допаѓа правецот во кој оди серијата и хемијата која ја има меѓу Лиз и Ред. Лабав и забавен почеток на сезоната за разлика од претходните сезони. Иако му се распаѓа империјата сепак се гледа дека Ред се забавува. Како ви се допаѓа до сега новата сезона?
Јас ја следам новата сезона, на серијава се навлеков уште од старт и потајно се надевам дека Лиз нема да остане со Том и ќе си се најдат со Реслер.. Мене лично ми се допаѓа сезонава, се слагам дека е лабава, се надевам дека барем за коскиве ќе дознаеме нешто. Јас се сомневав дека коските можеби се на мајката на Лиз, не можев да се сетам дали во некоја од претходниве сезони имаше нешто за тоа каде е закопана..
Колку што се сеќавам Катерина (мајката на Лиз) се самоубила со давење во море, а телото не е најдено. Можно е да е сеуште жива. Што се однесува до коските можно е и да припаѓаат на некој близок од минатото на Лиз, за кој Ред не сака да дознае. Знаеме колку е таинствен околу нејзиното минато. Се согласувам дека Лиз не треба да остане со Том. После се што се случи не можат да бидат нормален пар. Најлошо е што Том си продолжува по старо. Се надевам во скоро време ќе го тргнат од серијата. Не знам колку си читала коментари на страната на фејзбук, ама мислам дека е најомразен лик во серијата.
Ред ја има однесено Лиз кај Сем откако мајка и се самоубила. Во последната епизода од 4тата сезона имаше днк тест во кој се тврди дека Ред и е татко. Но сепка мислам дека резултатот не е точен бидејќи крвта која беше тестирана е стара 20 и нешто години. Инаку и јас мислам дека не и е татко.
^ Не си сама. Јас гледам и пресреќна сум како заврши 8мата епизода. Спојлер: 8ма епизода Се надевав дека Том ќе умре уште од почетокот на 5та сезона со последната сцена од првата епизода. Конечно го тргнаа од серијата. Имаше и претходно слики на нет пред да излезе 8мата епизода дека ќе има уште еден погреб во 9та епизода, покрај погребот на Ник. Тогаш ептен почнав да се надевам дека ќе умре. Едвај чекам нови епизоди. 5тава сезона е се подобра, барем до сега. Ептен ми се допадна песнава во епизодава. Се поклопуваше со сцените.
Вие овде сите притив Том, а јас не престанав да плачам денес. Јас пак, многу го сакав ликот. Том и Лиз ми се пример за вистинска љубов. Сцената во колата беше преемотивна. Па и песната. Уште не можам да се соземам.
Гледавте финалето? Спојлер: финале Знаев дека е импостер Рејмонд. Премногу беше очигледно да и беше навистина татко. Мислам, Рејмонд и е татко ама овој не е видтинскиот Рејмонд. Останува само прашањето, зошто влегол во животот на Елизабет. И за крај морам да го ставам ова. Спојлер: Ако немате гледано финале не отварајте
Ептен ја развлекоа серијава, немаше потреба од толку сезони за да се открие ова. Ја гледав од љубопитност, интересна е за гледање, ама можеле да скратат. Спојлер Ја очекував друг расплет, а бев сигурна дека Ред не и е татко. Се сомневав уште одамна, ама по убиството на Том бев сигурна.
Дур ја догледам серијава, та заврши. Интересна ми е, ама не доволно интересна за да ја бинџнам, па не знам колку серии дур ја гледам вметнав во меѓувреме. Ај, за месец, два ќе пишам и импресии од финалето. Накратко, омилен лик ми е Том. Прво ми стана омилен зошто ми е атрактивен, ама после испадна дека како лик има се што ми се допаѓа. Сем да речам дека сакам да остани жив, немам ништо друго. Не ми кажвајте ако умира, да си се тешам, уште две сезони имам.
Спојлер: Том Умира. И не го сакав ич. Го немам гледано финалето ( вечер планирав), ама имаше еден период мислам крајот на 4та сезона каде што ми беше досадна, не можеше вниманието да ми го задржи. Во глобала ме густа
Том вистински е мртов или не? Јас се загубив во серијата, не знам ни до каде гледав. Ама ме интересира дали умре.
Бројче не знам до каде си, ама јас ја почнав 6 сезона и сега за сега умрен е. Може ќе го оживеат покасно.