Јас одам месецов Будва, некој да ми посочи фини ресторанчиња со убава италијанка, арапска и трационална црногорска храна? Исто некој клуб со фини ди џеи и рок журки можам да најдам некаде? Ме интересира дали има лунапарк, кочијаши, пејнтбол, нешто од тој тип на рекреации, сакам да изненадам другарка за роденден. Првпат одам, па доколку има некој што би ми посочил неколку имиња и локации би било супер. Се надевам дека нема да приумрам од турбофолкот, бај д веј.
Ќе одиме на одмор во Црна Гора најверојатно во Сутоморе, па би сакале да го посетиме манастирот Острог. Слушнав се организирале тури од Сутоморе, Будва до манастирот. Ме интересира некој што бил да ми каже колку чини карта до таму, колку часа се патува? и сл.
Јас да си прашам за Сутоморе, има некој што бил приватно сместен блиску до плажа до кај 10 евра од ден во август?Од агенцииве многу слабо понуди и тоа се со храна над 200 евра, не ми се исплати кога цело време ќе бидам надвор.
Лани бевме во Сутоморе на почеток на август и верувај тогаш е шпицот и се е преполно. Јас најдов приватен смештај уште пред да тргнеме па таму не чекаа на автобуска мало апартманче за 2ца 22 евра од вечер беше и бевме далеку од плажата не којзнае колку но преминувавме преку главна улица за да стигнеме до плажата. Во близина на плажата има повеќе хотели и апартмани но таму се беше над 30евра од вечер и се беше полно... Јас ти препорачувам да одите и таму на лице место да си најдете смештај Има многу на автобуска што нудат соби апартмани,ќе одите ќе видете на лице место ако ви се допаѓа арно ако не назад на автобуска по други што нудат
https://www.airbnb.com/ Тука можеш да пребараш сместување, да видиш и што нудат и цени. Љубезни се и брзо одговараат.
Фала ви на одговорите, гледам вака по нет ми фатија око апартмани Абрамовиќ и Перчовиќ блиску до плажа, опремени е сеа е цена по договор ваљда ќе се исценкаме, 2 другарки сме само.
Да Ви кажам за Суто море и да сте близу плажа исто Ви е, нема место, крпите стојат 7/24 , така да... Плус влошки, тоалетна и секакви гнасотии летаат на површина во градот.Мештаните ни кажаа дека канализационата мрежа завршува на крајот од градот и дека е заразно. Знам мои блиски кои закачија болест НО Во Суто море најефтинп е сместувањето. сместете се таму па шетајте има мини буси често Јас на интенет најдов сместување и плаив аконтација и така бевме на сигурно..иначе може да отидеш и да е преполно па да се нервираш. храната е енормно ефтина. значи се е по 1 евро. Парче пица едно евро...7 топки сладолед 1 евро...има месарница и скара на кило ЧУДЕСА ОД МЕСА се е багатела... Има во близина плажи атратктивни - Маљевиќ, Милочер, Буљарица.,Шушањ...ама мора со превоз Да дополнам-се што Ви треба детали, ке во ЛП, ке ви пишам.
Да не заборавам-забава 7/24. во секој кафич на плажата секоја вечер звезде гранда... цела ноќ журки на плажата слама најефтни лежали по 6 евра
Најубаво ќе поминеш со Вардар експрес, ние лани стигнавме за 7часа до Бар, повратна беше 2400. http://www.vardarexpress.com/index.php?id=160
ние ќе идеме преку оваа агенција http://www.meridijan.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=10&Itemid=13
Леле кај ј најде Шушањскава плажа атрактивна Најлоша плажа е на приморјево мислам. Во Бар не е убаво да се бањаш, пошто минат бродови нон стоп и испуштаат секакви горива и фекалии. Мене ми е Шушањ плажата на 10 мин пешки, и избегавам да одам таму. Знам за добри соби по Бар 7 евра од човек. Сутоморе ти е на 5 мин со минибус треба деновиве минибусот да почне на секој полсаат, така да се исплаќа за 1евро си у Сутоморе. И добра вода/Велики пјесак е исто блиску, така да, ако ве интересира уште нешто ќе ви кажам. Сутоморе е убаво сега да се отиде додека не е дојден Србијанскиот циганлук на море таму. Заеби во шпицот, гадно е, нечисто и смрди.
За Јаз читав негде деновиве дека ја прогласиле за најдобра плажа во Европа. Така да, јаз, Бечичи, и Краљичина плажа. До неа се стигнува само со бродче. Незнам има ли тури од Будва и колку кошта. Во Бар живеам.
Од прилика да не знае некој како стојат цените во Црна гора? Поточно колку би било смештај за 2ца во студио, не мора да е којзнае колку луксузно.
Сакаме негде 16-17 јули да одиме во Чањ.Да барам од тука смештај по интернетов или таму има мештани што нудат тој период?Прашувам дека датумов на пристигање и во шпиц е и не е.
@lejlla Околу Будва ако сакаш плажа за журка дефинитивно Плоче- eve ja, лани така си поминав. Убава е плажата на Бечичи, голема е и водата чиста. Исто убави се плажата Трстено, Камен плажа, Могрен (позади стариот дел од градот). Уствари сите се убави, нема промашување таму и плажи за журки и за одмарање баш за се има.