Здраво, прв пат ја отварам странава, па сакав да ве прашам во врска со Будва, каква е водата во септември, топла/ладна, чиста/нечиста има ли тогаш гужви, никогаш не сум била и немам информации а баш сакам да одам а само тогаш можам да земам одмор од работа позз
Јас исто кога ги гледав фотките од хотелот си мислев дека е скроз крш, посебно важна ми е бањата секогаш...Ама се изненадив затоа што добив многу подобра соба, секој ден собарки ни чистеа, нови постелнини, сушара ни дадоа затоа што немавме тераса, се спријателив со рецепционерките (дури на колачиња и кафе ме викаа. ) и собарките и супер ми беше... Не е нешто луксузно, за тие пари ама во ред ми беше со оглед на тоа дека си одев за туширање и спиење. Креветите, онака, океј. Клима има, крпи чисти... Вода топла има секогаш, бањата е чиста и средена. Храната не е нешто вкусна, има вкусни полнети пиперки и една пита со зеленчук... Во летната бавча има свирки понекогаш, ама не им е баш убаво средена...
Збориш за хотелот така? Ние најверојатно ќе одбереме приватното сместување за таму не знам каков е смештајот и условите...
Дечки јас бев оваа година во Будва, преку Т.А Арка и сакам само да ве предупредам за оддалеченоста на вилите од плажата... На страната пишува од 200-400 метри, а ние бевме 2 км оддалечени од словенска плажа.. А хотел Лоза е некаде околу 700-800 метри оддалечен од плажата.. ТОПЛО ВИ ПРЕПОРАЧУВАМ да си платите само превоз до Будва, и потоа таму да си најдете смештај затоа што има луѓе на секој чекор што ве прашуваат да не ви треба сместување и апартманите се сосема ОК и цените се движат некаде околу 30-40 евра за трокреветна. А и да, ретко која вила има кујна, така да ПРОВЕРЕТЕ и ПРАШАЈТЕ ако планирате приватно сместување дали има кујна.
Јас ке одам преку Арка сега од 12ти. Ни кажаа дека вилите се веднаш до хотел лоза и се оддалечени 300-400 м од плажа и дека се со сопствено купатило и кујна (плативме за прва категорија). Може да ми кажиш како се движат цените за лежалки и пијачки по плажите и дали на сите плажи има турбофолк забава или се наоѓаат места и со друг тип на забава. ИСто ако знаеш колку коштаат екскурзиите до Дубровник и Котор. Фала ти,
Истото и на нас ни го кажаа во агенцијата и не добивме ни пола од тоа.За лежалки на плажа, за две лежалки и чадор ти е најмногу 10 евра, со исклучок на Св.Стефан,лежалки во последен ред таму ти се 15 евра.Еспресо ти е 1,20 евра, макијато ти е 1,50евра, соковите ти се по 2-3 евра. Турбофолк ечи од сите кафичи, само еден мислам дека се викаше Мајами само таму има нормална музика. До Дубровник знам дека беше 25 евра а за Котор не сум видела тури
Какво е времето во Црна Гора во септември? После 10 септември поточно. Знам дека не може никој да ми каже со сигурност ама отприлика барем ако некој има одено тој период повеќе пати, па знае. Било што утешно? Знам дека Грција на пример е доста топло, ама Црна Гора немам некоја претстава, а сакаме да одиме, односно само септември можеме да одиме.
Навистина и мене ме интересира зошто и јас само септември можам да одам. А септември кај нас знае да биде зафркнат
Луѓе, со другар одиме за Црна Гора на 11-ти септември.. имаме 3 места слободни во кола.. ако иде некој тоа време можеме да се договориме да поделиме гориво... по 20 евра од човек би било во еден правец.. а по 30 евра повратна карта што со автобус никад нема да го најдете и плус 12 саата е а вака за 8 саата сме таму Ако има некој што би сакал да дојде со нас да поделиме све на сите топ да ни испадне контактирајте ме
Во приватното сместување ако сте одлучите оноа одпрва категорија ке зажалите за навек. Едни крш ќуќи што имаат, назад кога се враќавме пола и повеќе од автобусот беа изнервирани. Е тие во Лоза само до некаде беа задоволни.
Пред неколку дена се вратив од Црна Гора имавме приватно сместување прва категорија и сум презадоволна од сместувањето и персоналот. Имавме клима,фрижидер,балкон на секој 2-3 ден ни чистеа. Различни куќи се , ние кај што бевме стварно беше топ иако очекував катастрофа.
Сакам да прашам како се движат цените во Будва? Планирам да одам оваа година па ме интересира дали е многу скапо?