1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Црна Гора

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од brunete, 26 јуни 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Будва е скапа и префорсирана. Плус врие од турбофолк. Јас онде ни 2 дена не би издржала, а на одмор би одела уште помалку таму. Врие гужва, метеж 1 саат ти треба да се пробиеш од едната на другата страна на градот. Во шпиц сезона и повеќе.
    Јас се погодив таму пред 2 години имав некоја работа до Будва точно дента кога се женеше Џокович на Свети Стефан. од влезот на градот до автобуската се пробивавме саат време. И ништо мафнав одозгоре, му реков Ноле извини брзам на автобуска јебига не замеравај :D
    Убаво и не скапо место за посетување - Улцињ. Е сега, има многу браќа таму, тоа да, ама има и песочна плажа од 14 км.
    Велики Пјесак е мирно и убаво местенце, кога идеш од Албанска страна непосредно пред Бар се наоѓа. Бар е убав град за живот, за одмор нема некоја понуда, ама затоа околината на Бар е преубава.
    Убаво е и во Чањ да се отиде, плажата е солидна, само што има ежеви. А од Чањ на секој полсаат иде бродче до Краљичина плажа, најубавото место кое сум го посетила во животот. Значи преубава е, и за бањање милина. Картата мислам од Чањ до Краљичина плажа е 1евро најмногу, повратна. Не постои друг начин да се дојде до таа плажа. Ама исплатливо е во секој случај.
    А и зависи за што одиш на пример.... Дали одиш да се одмориш и колкав ти е буџетот. Ако ти е за турбофолк, го имаш Сутоморе, кое е мини Будва само е тродупло поефтино. Турбофолк, ќебапчиња, мрсни хостеси по корзото, колку сакаш, за многу поефтини пари :D
     
    На Tajnaotrovna и kjukli им се допаѓа ова.
  2. Girl255

    Girl255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Па многу ја фалат Будва и си реков ај да одам и јас еднаш хаха.Долго време се двоумам измеѓу Будва и Суто Море и зато сакав да ми кажи некој кој бил во Будва како е :D Фала многу :*
     
  3. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Годинава се мислиме да одиме Чањ. Читам добри коментари за местото, ме интересира само дали има нешто за шетање во околина? Ресторанчиња ,кафичи нешто? Има каде да се искочи ,а да не треба да се оди пример до Сутоморе?
    И каков е кампот? Среден е ? Тоалетите чисти се ? или некои ептен џган:D
     
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Јас пак ја обожавам Будва, многу ми е убав градот и има многу плажи наоколу. Има и турбо фолкм има и ди џеи така да секој вкус може да се задоволи.
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Се сложувам со твоето мислење. Префорсирано е местото.
    Ја фалеа Словенска плажа. И ај отидов. И има што да се види, катастрофа. Цела плажа со камења. Мала е.
    Едино што ми се допадна беше дискотеката Трокадеро. Незнам дали работи сеуште.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Работи.
    Будва има добри плажи, Јаз минатата година беше најдобра плажа во Европа, Бечичи е добра исто... Ама сето тоа е занемарливо кога ќе видиш колку гужва има на плажите, и колку гужва и метеж има во градот. Згради само што не почнале да никнуваат на сред асфалт.
     
    На Tajnaotrovna и kjukli им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Што ќе ти е камп, имаш приватен смештај во Чањ за багатела.
    Иначе Чањ е повеќе фамилијарно настроено место. Претежно луѓе од Србија кои на времето тука викендици купиле, па си престојуваат по цело лето. Немаш журки таму, ресторанчиња има долж плажата, не е скап воопшто.
    А Чањ-Сутоморе ти е блиску, шо се вика и пешки можеш да стасаш. Од Чањ до Сутоморе нон стоп минат минибуси, за две минути си таму, а картата е чинам 50 центи, или евро највише.
    Има стојалиште за автобус кај трафиките према излезот од Чањ тука си чекаш, и ете си во околината за џабе пари, Сутоморе/Петровац/Буљарица е блиску... а најголем плус е како што погоре реков, близината на Краљичина плажа. Само едно брдо измеѓу ги дели, бродчиња имаш на секој полсаат Чањ/Краљичина плажа и можеш да се вратиш во која тура сакаш. На Краљичина плажа има ресторан ама многу е скап, Кока Кола е 3 ипол евра хахаха, така да во главно и празен е ресторанот, луѓето си носат јадење од дома или си купиле пред да тргнат таму.
    Еве нешто што успеав да сликнам на Краљичина плажа.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ова е од бродчето сликано кога си тргнавме веќе
    [​IMG]
    Ова е плажичка зафрлена во близина на краљичина плажа, јас и мм со пливање на душек дојдовме до неа, прекрасна е за бањање, ја фатив исто на одење со бродчето.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Инаку да се пофалам дека тој ден ме фати гадна сунчаница се гледа и датумот на сликите, а јас се пржев цел ден на сонце. Така да препорачливо е да си носите чадор за на плажа, дозволено е во делот кој не е закупен. Во закупениот дел незнам колку точно, ама знам дека ѓаол ипол беа чадорите и лежалките. Јас незнаев, па не понесов чадор и така од 9 сабајле до 5 попладне бев нон стоп на сонце.
    После тоа добив меури по телото како сум се пржела. А да не зборувам дека 5 дена неможев да спијам од болки, плус кога стасав до Бар на пат до дома се онесвестив и завршив во Хитна хаха. Од тоа потоа се опоравував 3 дена неможев да си дојдам при себе.
    Еве уште слики од успат. Сликав од бродчето пејсажи.
    [​IMG]
    [​IMG]
    :D:D
    [​IMG]

    [​IMG]
    :whew::whew:
     
    На Tajnaotrovna, Naked Gun, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    23
    дечки уплатив со друштво за 26јули за будва во вила вукмановиќ.Ме интересира како се движат цените во дискотеки,се плаќа ли влез,колко кеш би ми требало за вака добар одмор ?
     
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Во Топ Хил ако нема некој познат ди џеј влезница е 5 евра, пијачките исто 5 евра. Ако има некој познат ди џеј или група влезница е од 10 до 20 евра. Во Трокадеро пука турбо фолк секоја вечер носат некои српски пејачи (познати и непознати) и влезот е од 5 до 10 евра, зависи. По кафичите не се плаќа за влез. Пијачките по 4 по 5 евра се секаде, зборам за вотка, џин такви. На сите плажи се плаќа лежалка од 5 евра па нагоре, зависи на која плажа си. Скромно на пример околу 300 евра, ако планирате за излегувате секоја вечер, а ако не излегувате помалку.
     
  10. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Девојки ми треба совет од вас што сте запознаени со Црна Гора :) Оваа година сакаме со дечко ми да одиме во Чањ, со тоа што ова би ни била прва посета на Црна Гора. Не сакаме да одиме преку агенции, но некако и колата не ни е сигурна да идеме со кола. Имаме замисла да одиме до Будва со автобус и после тоа од Будва до Чањ и таму да бараме сместување.
    Сакам совет од вас, дали е изводлива нашата замисла? Дали ке успееме таму да најдеме сместување и дали има автобуси од Будва до Чањ и колку би чинел превозот, ако знае некоја? Или попаметно ни е да идеме преку агенција?
    Инаку сакаме да идеме на 1-ви јули.
     
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Еве ти еден сајт, ориентационо да видиш што се нуди.
    Иначе Чањ е прекрасен ако сакаш одмор.За забава ги имаш Будва, Сутоморе, Бар....

    http://www.montenegro-traveler.com/sr/Apartmani/Canj
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ми треба предлог убаво и фино местенце, прилично ефтинко за со друштво?
    Будва бевме веќе...
     
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Buljarica.Ima plaza.Nema zabava.Nema guzvi.
    Vistinsko mesto za so drustvence.
    Isto i Susanj.
     
    На Tajnaotrovna, kjukli и sofijanoka им се допаѓа ова.
  14. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    783
    Пол:
    Женски
    Прчањ, прекрасно место мирно, убави плажи. Блиску до Котор, има убав ресторан Гушти се вика праат наубаво јадење. Лани бев и оваа година пак таму. Нема да зажалиш верувај ми!
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    15.589
    Ај нешто подетално кажи како најдовте смештај ,ако имаш и линк или бр,пиши или во порака,некоја слика ако имаш и дали е погодно за со мало дете:)
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Па ако одиш до Будва со автобус логично е прво низ Чањ да поминеш, затоа што таква е рутата, влегуваш во Црна гора, Улцињ-Добра Вода-Бар-Сутоморе-Чањ-Петровац-има неколку околни будвански места па Будва. Незнам зошто би одела до Будва со автобус па би се враќала во Чањ да бараш сместај, кога Чањ ти е успат.
    Немораш да одиш преки агенција, Галеб охрид автобуси има, има исто така и на Руле Турс кои одат почесто, стасуваш во Чањ и на лице место си наоѓаш смештај, еден куп луѓе издаваат апартмани, сама ќе видиш огласни табли и знакови каде имаш апартмани за изадавање.

    Леле @referentka немој за Бога милога Шушањ, една од најкатастрофалните плажи полна со србијански циганлук, ѓубриште и канализација која се излева под ресторанот Барка, плус и камења.
    Јас живеев во непосредна близина на Шушањската плажа и ја одбегнував, т.е. мноооогу ретко одев или чекав навечер кога скоро нема никој да отидам да се избањам еднаш. Подобро од Бар со превоз за 1-2 евра до Чањ ќе отидам да се избањам ко човек однеголи да се кршам во гнасотилукот на Шушањ.
     
    На Tajnaotrovna, MilaP и referentka им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    :rofl::rofl::rofl::rofl:
    Ме изнасмеа со Бога милога.
    Во право си...јас на еден ден бев во Шушањ, немаше гужва па може убаво ми дошло :nod:
    То Милочер, то Маљевик....абе гнаса и нечистотија :puke:
     
    На MilaP и Offspring им се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Лани бев во Будва и си поминав топ, многу ми се допадна и пак би одела, единствено патот е многу лош па затоа и се патува подолго, но занемарливо е.
    Будва е многу убав град, со се и сешто.Буквално има за сечиј вкус и за оние кои сакаат српско и за оние кои преферираат хаус музика, диџеи има секогаш во топ дискотеки, а во јули е и Си денс фестивалот.Има и многу убави и монденски кафиќи со фини луѓе.Има и сељотека само треба да знаеш што да избереш и каде да одиш, сепак се се сведува на ствар укуса.
    Полн погодок за млади луѓе кои сакаат добар провод, а и самата Будва е многу убав град.
    Јас не бев сместена во градот туку на Јаз, хотелот излегуваше на самата плажа и до градот се возевме околу 10мин со авто.Јаз е многу убава плажа, чиста средена и морето е многу убаво и чисто.

    Цените да солени се, но искрено вреди за тој одмор и тоа што ти го нудат за цената.Има и многу поефтини места во Црна гора, но од друга страна неможат да се споредат со Будва.Така да колку пари, толку музика.

    Единствено што можам да кажам негативно е Словенската плажа, НИКАКО одење таму.Незнам како може некому да се свиѓа толку мала, а преполна плажа со некултура и првљаштина.Пикавци и ѓубре на сите страни.Подобро плати си автобус, ако веке не си со авто, ке те одведе на која било друга многу многу поубава плажа, а ги има колку сакаш.
     
    На Tajnaotrovna, sofijanoka и referentka им се допаѓа ова.
  19. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Аааа немојте да ми го вреѓате Шушањ. Јас си го обожавам. Откако знам за себе сум таму. Ама да има голема гужва, и отпад. Затоа јас си одам на крај на плажата за накај Сутоморе или на Црвена плажа која ми е омилена.

    Едвај чекам јули да одам и годинава. Ќе си се изнаодморам вистински. Оваа година ќе шетаме повеќе. Обично одиме пензионерски и најмногу ни одговара, ама годинава ќе шетнеме до Сутоморе и Будва на некоја забава.

    Краљичина плажа не се пропушта, не заради плажата колку заради возењето со брод. :lol:

    Сакам и до Улцињ да одиме, ми остана во сеќавање од кога бев малечка како преубаво место.

    Инаку @Offspring каде живееш сега?
     
    На Tajnaotrovna и referentka им се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Лани имаше некое тестирање на Црвена плажа најдоа дека водата не чини таму за бањање, исто гнасотилук, а и пола Бар таму оди да се бања едно на друго гужва е. А на крајот на плажата не е толку лошо, тоа ќе му дојде под ресторанот Форест и кај Којот исто не е толку лошо за бањање.
    Отиди до Улцињ, јас за жал никогаш не отидов на таа плажа а толку многу голема желба имав да отидам еднаш.
    Ако веќе често го посетуваш Бар и престојуваш во него, ќе ти кажам едно скриено и многу убаво место за бањање, пред да се преселам бев еднаш и ми остана во толку убаво сеќавање. Имено не се работи за плажа, туку за камењара, ќе ти објаснам како да дојдеш до таму, незаборавно е, а и водата е предобра за бањање.
    Ако знаеш каде е населбата Поље во Бар, стасуваш до таму, и ќе прашаш некој локален жител, како да стигнеш до тунелот во Поље, кој се простира под Волијице. Стасуваш до тунелот, не е тешко да го најдеш сигурно ќе те упатат, влегуваш во тунелот и пичиш низ него едно 20 минути пешки. Неможе таму автомобил да помине. Низ тунелот тече мала рекичка, летно време слабо и има вода, истата се влева во морето. Е сега, само идеш низ тунелот, самиот тунел ќе те доведе до местово, т.е. излегуваш од тунелот и веднаш си таму. Местото е буквално како ШКОЛКА! Прекрасно е, од сите страни има карпи а во средината е како шуплина. Преубаво е за бањање, т.е. за некој кој знае да плива, затоа што веднаш е длабоко. Многу ми е жал што не сликав, ако одиш годинава во Бар побарај го местото, нема да зажалиш.

    Инаку не живеам повеќе во Црна Гора, сега сум во Босна и Херцеговина, живеев во Бар 2 години и нешто.
     
    На Mrs.Bass, Tajnaotrovna и kjukli им се допаѓа ова.